Ете, само да е "лош" човек треба со нив, матер да им расплачеш, како јатрвата, па да те сакаат и почитуваат, само така треба изгледа, а не ние будали, биди добат фин, не се карај, не пререкувај, ќути си, и на крај ќе те заебаваат уште, додека се свестам цела година помина, ама толку помина нејзиното "шефување" кај мене, не допира до мене, може што сака да прави и сега и засекогаш.
Несакам да сњ нервирам последниов месец пред порагај, инаку после тоа ќе и објаснам неколку работи. Уф колку се напињаммм
@Lovebug01 мене па по твојов муабет ептен ми е ок свекрва ти, мислам дека и така треба да се однесуваат. Затоа што не сака да си замерите, не сака да помислиш дека се наметнува или меша, па држи дистанца. Тоа е добар знак, не е лош. Ти со тек на време ќе и' дадеш на знаење дека може малку да се опушти. Сега, ни тебе ни свекрва ти не ве познавам, ова од 2-3 поста впечаток е, ти пак подобро знаеш какви ви се односите. Во секој случај е добро што не те напиња со непобарани совети
Супер ни се односите, јас и повеќе пати имам истакнато дека ми одговара што е таква, ненаметлива Ова што зборам дека е како незаинтересирана за бебево тоа мене не ми пречи ич лично, ама зошто да си потиснува во себе (а знам дека ја интересира) па не е човек од на улица. И плус си има некои сфаќања нејзини дека пред да се роди бебе ништо не се купува, ама не ми има преречено ништо пошо знае дека мора да се имаат основни работи, освен еднаш кога ми рече дека рано било што сме почнале со купување а јас бев тогаш 6ти месец.
Зошто си потиснува, па само треба да ја отвори темава да ја прочита Може е свесна дека секој нејзин збор, постапка може ќе бидат погрешно сватени... Факт е дека сигурно има мал процент супер свекрви, ама поради општиот впечаток немаат шанса... Можеби знае како било таа кога била снаа па се припазува, може се припазува да не се оддалечи од синот. Јас кога станав снаа си мислев дека ако јас пристапам со спуштен гард, почит и отворено срце дека нема да го следиме примерот што општо важи, ама погрешив, ме повредија и сега не можам да им верувам, едноставно во нив гледам опасност... Два сина имам, најверојатно ќе се однесувам како свекрва ти, ама многу ќе ме боли дистанцата...се надевам машки ќе издржам
Ме мачи една дилема. Како да не ја убиеш свекрвата и зошто не? А тек е прв ден! До 7-от не знам што може да ми падне напамет. Бебуш е нервозен нешто, цел ден сака да цица, не се трга од мене. И ја слушам свекрвата, цела скиселена, му вика на мм, е де бре, цел ден на мајка му виси, мајкино синче, не сака да се тргне од неа. А што впрочем треба да прави бебе кое што само цица?
Ах тој маж ти да го фати човек за уши да го истрга си бара Знаеш што Фаќај го на емоција, на се што знаеш дека ќе упали фаќај го Манипулирај го ако тоа мислиш ќе упали Само нека ја тргне некако таа жена
Не бе, мм повеќе се нервира од мене Мислам дека многу скоро ќе и каже дека може да си оди. Јас од свекрвата си се пожалив
Ти се жалеше од маж ти дека не и пререкува ништо, или некоја друга членка беше, е извини многу ако те измешав Не бидете многу многу културни, тоа е некој закон на свекрви, што покултурна си ти, тоа понекултурна е она
Го имав тој проблем на почетокот, кога се зедовме. Сега веќе не. Сега дури некогаш кога ќе се запречка со мајка му, рефлексно ми иде да му кажам-де бре, полека, ама веќе во следниот момент си викам - ај ќути си и не се мешај, тој си знае како со мајка му
Инаку немам баш влакна на јазикот. Фино лепо си кажувам кога нешто не ми одговара. Само што после 5 пати фино лепо објаснување кога свекрвата се прави дека не разбира, знам исто така фино лепо да отерам у пм.
Па изгледа и е криво, може сака пак. Ама јас не ја оставам ни 2 секунди сама со бебушот, тоа ја иритира. А таа што се понаша кон мм како кон бебе, тоа во ред е Ама за бебе од 10 дена не е во ред да си бара мајка. Ооо, боже, дај ми сила да издржам!
Не попуштај ич истиов проблем го имам со сестрата на мм и една вечер кога имаше грчеви јас неспиена кога сум почнала да се дерам по дома и шишињата од детево да ги фрлам избега од соба...не давај да ти го земаат или да ти го успиваат колку и да ти е тешко успивај си го ти или мажот ти да си се поврзе со вас и здравје ред да му фатите понатака за јадење,спиење тоа е процедура која бара внимание и трпение уште они не ти требаат врз глава особено да ти кажуваат дека е гладно детето ако плаче
За попуштање, не попуштам. Ама немам живци више да повторувам едно те исто цело време. Ми виси над глава кога го дојам,ептен ми е мерак така некој да ме гледа Па без мозок да беше, ќе разбереше. И јас кажувам и мм кажува, ама ко на дрво да збориме. Малиов па, ко за инает, 2 дена виси на мене, се нема тргнато