Види вака не ја бранам, ама сигурно гледа од други причини, да не го задушиш да види како цица бебето како дише, дали е се во ред (памтиш тие се најпаметни и повеќе знаат ). Не сакам да се нервираш за глупости гледај и од друг агол, сигурно намерно не те гледа за да те нервира.
Ја браниш, ја браниш Па сигурно таа повеќе знае од мене, пред 40год.чувала деца, што знам вака јас за моето дете, плус второ ми е Не знам еве ни првото како ми преживеало
Нема врска може си има мерак и на ова да го гледа, знам дека замара психички многу, аман како немаат осет не знам, значи јас кога ќе приметам дека му сметам на некого одма се повлекувам.
А оти не го доиш во друга соба? При секој подој бегај во друга соба. Штом таа осет нема, ти биди попаметна и заклучи си се во друга соба,дој го детето раат. Кај што читам какви свекрви имало си велам Фала ти Боже што мојава не е таква.
Мојава може ќе гледа на почеток, ама нема да и замеравам пошо знам после на работа ќе е и нема да гледа. Ама првите две недели има одмор баш ко ќе се родит бебево празници божиќ, нова година, ама ќе поминит одма.
Хахахах. Мојава на работа си оди, дури си дојде дома јас ќе ја спремам малава за спиење. Јас планирам да си ја дојам во спална кога ќе биде" гужва "во дневна. А преку ден секако сами ќе бидеме со синко и бебето, така да раат ќе бидат подоите.
Јас сум си во спалната, ама и сеф брава да ставам, ќе најде начин неповикана да влезе. Му реков на мм, уште 2-3 дена максимум ќе издржам, ако не си оди таа, си одам јас
А што има да гледа? Господе боже. Ептен сте стрпливи алал нека ви е. Јас со првото уште од одма дирекно си кажувам што ми пречи, јасно и гласно. И пред други не сум доела освен пред мм. Па голем човек да го гледаш во уста додека јаде не е културно, а не пак бебе што цица. За мене тоа е некултура и реагирам одма.
Леле, јас цицка да покажувам пред свекрва, шанса нема, сум кажала, нит гола се соблакам, нит сакам да ме гледа, цен ден ако треба нема да влезе, додека дојам. Уффф!
Само клучот сестро златна. Таа твојата не знае изгледа за интима и интимен простор. Леле. Коментар немам. Страшно. Јака ти душа.
И ти оќутуваш кога влага? На тоа се вика - извини кој ти дозволи да влезеш? Извини дојам сега ми треба мир и се покажува во кој правец е вратата. Ако се налути нека и стои. Сами треба да се изборите за своето достоинство.
Па за тоа си во право, ама досега мојата искрено нема покажано некултура, во секој случај ако покаже, ќе пробам да и покажам дека ми е непријатно и тоа со говор на тело, ама има некои немаат осет, не знам од допрва ќе видиме. Ма да и јас ќе си бегам во спална соба коќе го дојам ама може да влезе и таму. Ќе видиме да не нагаѓам, не ја знам уште како ќе се понаша
Самото дете е по смирено кога нема да му види некој над глава како да му ги брои залаците @GolemaMala не дозволувај никој да ти пречи зашто цела нервоза и бебето ти ја осеќа т.е. вознемиреноста затоа бркај све од соба ако треба и мажот ти сами вие двајца да сте си
До кај што ќе и дозволиш до таму ќе оди, ако има осет. Ако ти треба помош ќе побараш, ама не секој подој над глава да ти виси. Па тоа психички е терор. Доењето бара мир и тишина, да се споиш со бебето,"а не камери да те снимаат".
Можеби сега не е таква али кога ќе се породиш се ќе им биде "абе да не ти треба помош" и ќе киснат кај тебе изговори триста има детето кога ќе го доиш нормално ќе се потргне ќе заплаче ќе ти улетуваат како партизани во соба додека не збеснеш да ти се пореметат хормоните
Мајка ми не ми видела цицки, свекрва ми ќе ми ги гледа, нема шанси, јас уште сега стојам на тоа дека пред друг нема да дојам освен пред маж ми, знам дека дете не бира време, место и луѓе ама ќе гледам да се затскривам колку можам. Не сум против доење во јавност, не ми смета воопшто друга жена да дои пред мене, ама јас за себе лично знам дека нема да се осеќам пријатно и слободно така.
Ох бре мајки, немам зборови да ви објаснам. И кажано со фино(не еднаш) и кажано со повисок тон, џабе е се. На дрво да зборев, ќе разбереше. И мм и вика кога дотрчува одма в соба, и се дере дури, ама јок, ништо не помага. Пробувам да ја гледам како вежба за нерви, пошто више не знам како. Едноставно, таква е, нападна, напорна, без осет.
Епа така кога ќе ти улета тргни го детето од тебе нека почне да вришти и кажи и да те остави на само со него крај краева ако не се разбира ако имаш каде да одиш оди тоа ти е најпаметен избор сега ти треба паметот за детето те разбирам како ти е али ќе завршиш со температура на крај нема да можеш ни дете да чуваш ни да доиш за ништо нема да бидеш способна реагирај си со време сега ти е најтежок период
Ако не си замине за 2-3 дена, му кажав на мм, ги земам децата и одам кај мајка ми, на неопределено. Не е којзнае какво решение, ама не ми се трпи ништо. Таму барем сум на раат. Мајка ми нит се меша, нит над глава ми виси. Ако ја викнам за нешто, ќе дојде, ако не, може камења да паѓаат, малиот да се корне, да вришти, таа нема да ми влезе во соба.
Тоа е човек со осет,а сакаш да кажеш дека свекрва ти ти се тупнала дома кај тебе па ти влага во соба?