1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрви, мајки и останати „советници“ во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од naturallmess, 19 октомври 2020.

  1. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Ее и мојата така викаше...стара е не може да чува ,ги чувала на ќерка и ама тогаш била помлада..ии се породив па на глава ми виси ,ќе влезе ја фаќа за раце и стартува ладни и се рацете алоо салтанати си прајш со детето ќе му се Деси нешто ќе се чудиш. Немој да си фатила сама да бањаш ладна вода ќе ставиш бронхит ќе фати. Ноќе капа да и ставаш . Покриј и ги нозете голи и се. Ти кога имаш бебе гледано да знаеш.Баба в година со шишиња надвор ќе те бања...итн итн. Така да биди си спремна дека ќе се премисли. И мене ми пререкла и ми пререче и после пораѓај па два дена не ми зборуваше ,и на крај пак по старо.
     
    На thelittle17, GolemaMala и naturallmess им се допаѓа ова.
  2. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    леле само што читам ми се крева косата , баш овој пат мм ја расчисти работата пред неколку дена , си изнакажаа се и мирна е сега ни ме бара ни се качува ни ништо , претходно на телефон ми се јавува да ме праша како сум била ... за бањањево гледам повеќето имате мака со свекрвиве мене за првото ми се намести неколку пати пред корито и раце почнаа да и се тресат и мм е малку паничар и не му се допадна како го бањаше и рече да не си ја пипнала веќе ќрека ми , па за второто пак се мести да бања и и реков нека едно дете исчував немај гајле знам ова како треба да се бања и си се повлече , сега мислам нема ни да припари малку сме на ратна нога ]:)
    кај некои џабе се муабетите и кај оваа беа џабе на почеток ама сме поминале години и години за да дојдеме до фаза кај што им е јасно кога ќе кажам нешто и таа тема е затворена , иако се големи децава уште си даваат за право да објаснуваат како треба затоа тие работи се расчистуваат со време , јас сум била млада и глупава па сум трпела и ќутела ама веќе не ....
     
    На ivance.. и GolemaMala им се допаѓа ова.
  3. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Да, дојдена е кај нас, инаку живее во друг град.
     
  4. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    мене некако ми изглеа како да нема разбирачка со неа .... некој ќе рече помош ти треба на почеток , ама ова е одмагање и нервози само ништо корисно од нив ... знам зависи од човек до човек ама претпоставувам 90% од тие што имаат тазе родено повеќе им треба ручек или некој да потсреди наоколу , да пушти машина отколку да им виси некој над глава додека дојат ...
     
    На GolemaMala и Осе им се допаѓа ова.
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.765
    Допаѓања:
    12.878
    Земи куферите и пред врата остај и ги кажи штом немаш разбирачка сега ќе разбереш веројатно. Ти да бегаш од своја куќа нема шанси ако треба и маж ти остај го пред врата друштво да и прави ако не знае да се справи со неа:drunk:
     
    На tinka-mace, Fatalnata, GolemaMala и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.811
    Допаѓања:
    38.281
    Пол:
    Женски
    Луѓето на Марс ќе почнат да живеат ние тука се расправаме уште со свекрви кои не знаат каде им е местото, немаат општа култура и мислат дека со нив сме во брак, а не со синовите им. Место напред да одиме со култура и цивилизација ние не сме мрднале од пред 50 год кога снаата била само за приплод и измеќарување.
     
    На DoubleK, Veki4kaa, Kaja991 и 23 други им се допаѓа ова.
  7. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што младите во брак за многу работи сеуште се зависни од старите, финансиски, станбено и тн.... кога доаѓа бебе на сите ни одговара кога сите од мерак купуваат се што треба, а после сметаат старите кога се качуваат на спрат или кога даваат совети. Ретко е таа добитна комбинација да помагаат а да не ги гледаш никако. Затоа не може да се искорене тој проблем со старите. Мора да се има компромис од двете страни, а со неразбрани луѓе богами тешко. Се нервирам дури кога читам вака, кај на цела нервоза со новороденче дома уште и некој да трпам да ми виси над глава и да ми е буквално од никаква помош.
     
    На cipiripi, mssuniquee, K7M10J и 4 други им се допаѓа ова.
  8. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Нит сме зависни, нит бараме нешто. Ако самите сакаат да купат нешто, изволте. Од самиот старт сме самостојни. Првото си го изгледав сама, мм беше по цел ден на работа. Тоа што некој сам се нуди, па ај демек се радуваат, внуче, па ај нека дојдат а без осет се, тоа е друго.

    Му реков на мм, до недела или мајка ти си оди или јас. Го слушам од соба и кажува дека веќе не ни треба помош, а таа-ќе ви треба некој да го чува детето кога ќе тргне жена ти на работа. Си испланирала таа веќе (facepalm) А бе отказ ќе дадам :rofl:
     
    Последна измена од модератор: 30 октомври 2020
    На tina2018, K7M10J, thelittle17 и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.765
    Допаѓања:
    12.878
    Хахахахахахахаха е ваков човек немам сретнато до сега ме изнасмеа :rofl:
     
    На K7M10J, thelittle17, BabyD0ll и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Izzy_0504

    Izzy_0504 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.602
    Пол:
    Женски
    Исто! Исто исто.. и на мајка ми не и давам да ме гледа како дојам. На почеток ме праша дали може да види за да ме посоветува пошто бебето паѓаше на килажа. Никој не сакам да ме гледа како дојам, само маж ми може. Еднаш влезе свекрвата неочекувано, си се покрив веднаш и ја замолив да излезе. Од тогаш не и текнало да влезе. Додуша и не доаѓа никој кај нас дома веќе - на 2 пати беа бабите и дедовците по пола саат првите денови колку да видат бебе и толку.

    Зачувајте си ги нервите и трпението за побитни работи и воспоставете ред како што вас ви одговара. Нивниот ред да бидат мајки на бебе поминал. Сега се баби и тоа мора да го сфатат.
     
    На tina2018, Kaetana, thelittle17 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Ич да не сретнеш :D
     
    На thelittle17 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Дал да плаче, дал да се смее човек. Како стареат, така магареат значи луѓево.
    Што не се изнаслушав оваа бременост:
    - е аман бе, имате машко и женско што ќе ви е трето?!
    -ако е машко, од а станот да го продадете и куќа да купите за спратови да има маркица. (Дека ќерка ми така ќе ја оставам на улица нали)
    -после два царски ако ти пукне матката дур да се породиш? Бебето нормално ќе е?
    И тн, и тн. Престана сево ова, пресечено е во корен. ;) За претходно можам роман да напишам за адети. Инаку, бабите нит купиле нит ќе купат нешто. Поприлично чудни карактери се, посебно мајка ми нека е жива и здрава.
    Кога ќе ми зјапнеа во цицки додека доев кој и да е, обавезно прашував: да не ти се јаде? Имам еднА слободна цицка. Ела, не се срами наши сме! (facepalm) Палеше секој пат.
     
    На DoubleK, 1209, forumce и 15 други им се допаѓа ова.
  13. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    @elena.mak дај раскажи нешто, да се утешам јас малку :D
    Инаку мајка ми сама ја викав да ми ги види градите, да види дали добро фаќа... Затоа што е патронажна сестра :D И за сѐ поврзано со бебе, неа си ја прашувам. Таа сама воопшто не се наметнува, со ништо не ме замара додека не ја прашам. Ама затоа свекрвата надрилекар е, "сѐ си разбира, сѐ си знае" и нон-стоп совети дели. :@
     
    На elena.mak, Lovebug01, Brpbrp и 2 други им се допаѓа ова.
  14. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    ете го истиот муабет , не ми е јасно што им е проблемот на луѓево како грев да си сторил ако сакаш да имаш трето ,четврто дете , ја искрено млада ги родив првите две , пораснаа и сега имам 31 год , ја на мм не му давав претходно баш заради свекрва ми и нејзините муабети , а пустиот сака многу уште деца , кога се роди син ми ( второто ) ја 23 год и ми одржа лекција свеки дека тешки бремености и доста ни биле деца , кај ќе сме ги ставеле кај ќе сме спиеле ( а имаме спрат од 170 м2 со 5 соби ) ..... останав пред година ипол бремена и мисед имав во 12 та недела врувале или не дента од болница се вратив и она ми доаѓа и ми вика : доста се глупираш имаш живи здрави деца не ти требаат повеќе , подобро вака .... и ја набрка со солзи во очи мм , после 5 месеци не прозборевме и тој муабет не и го заборавам никогаш .
    Многу луѓето сакаат да се мешаат , многу сакаат да солат памет, кажете ми дали има место да секој што ќе ме види со стомак да искометира , аааааа непланирано бебче ? Изреволтирана до вриштење сум затоа и не се движам меѓу луѓево простодушни , не сум стара , услови имаме , желба имаме , на крај наше е дали ќе имаме 2 или ќе имаме 7 деца , заради вакви муабети многу лошо се осеќам , а не би требало ;(
     
    На 1209, forumce, busybee и 19 други им се допаѓа ова.
  15. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.353
    Допаѓања:
    8.287
    Пол:
    Женски
    Не знам што има да се осеќаш лошо, раѓај колку ќе раѓаш тоа е твое право, твоја волја.
    И мене свеки исто ми рече, ја си викам се надевам нема да сум царски зошто после само 3 деца можам да родам. И таа па вика, а што ќе ти се повеќе од три, јас и викам никогаш не се знае и се затна жена ништо не рече. И не ме интересира јас ако можам 4 ќе родам тоа и ми е планот.
     
    На K7M10J, Fatalnata, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  16. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    @naturallmess, ич да не се замараш со такви муабети. Твој живот, твоја одлука. Ти ќе си ги гледаш, нема да им ги дадеш нив да ги гледаат. Терај си како што ви е убаво, твој живот, твоја работа.
     
    На 1209, K7M10J, Kaetana и 5 други им се допаѓа ова.
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Нема да ја коментирам свекрвата и нејзините глупости ама еве и ти имаш предрасуди и правиш некому да не му е убаво со тоа дека си млада, не си “стара”, као тие што се “стари” немаат право да родат колку сакаат, годините им поминале.|(
    Првото го родив на 31година после неколку години борба, наредните две дојдоа без мака едно по друго, имав спонтан со близнаци и решивме со мм дека готово е со проширување на семејството па ете сме во очекување на четвртото на 40 години.
    Поминав и ковид трудна, со миом на матката и ништо од ово нема врска со годините, јас не се чувствувам “стара” за родам на 40 години иако според тебе сум.

    Инаку нормално ми е веќе за луѓе од страна коментарите околу годините и бројот на деца како да они ќе ми ги гледаат, свекрва ми е пресреќна, немам негативни коментари од нејзина страна па и самата има 4 сина од желба за женско.
    Последниве месеци сум кај родителите на мм ради ковид, граници затворени, локдауни итн, во ништо не ми се мешаат, не коментираат непристојно, се нудат ако треба помош за некои работи бидејќи мм не беше тука до пред една недела, никогаш за ништо не се наметнувале.
     
    На DoubleK, Ana.Jones, K7M10J и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Нека ти се живи и здрави ,со лесно и ич да не ти чуе за околината. Ни некој е ти ги гледа ни некој ќе раѓа место тебе па да зборува.
     
    На naturallmess му/ѝ се допаѓа ова.
  19. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    тешко дека си прочитала предрасуда , само правам паралела , не спомнав никаде дека постарите не треба да имаат деца или стари се ако имаат дете на 45+ , многу далеку сум од таква личност грешка си .....не си го разбрала муабетот , не ја гледам причината да некој ми суди и да ми коментира за бројот на деца без разлика колку години имам, колку пари имам, какви услови имам ,а моите години се само слика за да претставам како се прават предрасудите од страна , ниту реков дека нема да имам други деца понатака ......
    појасно да ти биде мене ме родила мајка ми на 26 год а браќата мои се родени на 41 и на 43 години :) и од страна на детето сум била во поглед на осудите од околината ( инаку и децата слушаат исто муабети и на нив има некој кој си дава за право да им кажува приказни ) , а еве сега сум од страна на родителот..... колку муабети сум слушнала до сега само јас си знам така да далеку сум од некој кој прави предрасуди , ама сепак ти се извинувам ако така си ме разбрала и си се почуствувала :l:
     
    На Mimi2825, 1209, K7M10J и 13 други им се допаѓа ова.
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    И јас сум "старка", поблиску сум до 40 отколку до 30. Моја матка, мој проблем. Под кирија не сум ја изнајмила за да се секирам што ќе каже околината колку деца имам. Ниту пак е нечија грижа дали детето е "планирано" или не. Еден доктор на клиника така се осуди да ми промрчи нит ме знае нит ме познава, си го доби на велико. Има среќа по весници што не го пишував. Луѓе какви сакаш и тоа е, многу ми е гајле што ќе кажат блиски или далечни. Нека нас дома ни е мир, љубов и благосостојба!
     
    На MeowMeow, forumce, K7M10J и 12 други им се допаѓа ова.