1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрви, мајки и останати „советници“ во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од naturallmess, 19 октомври 2020.

  1. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Женски
    Да имаш дете, да бидеш мајка е нешто најубавото во животот (јас се уште го немам осетено тој момент) НО се борам за да стигнам до тој момент, затоа жени - мајки раѓајте се додека мислите дека можете, секое дете со своја среќа ќе си биде. А за останатите си зборат и ќе си зборот тоа нема да се искорени. А замислете го моето имам 35 години се борам со стерилитет 5 години, постојана борба за дете. Мајка ми се правеше операција и таму бев 1 месец да и помогнам едно дете сум, се враќам во домот кај сопругот, седнав да јадам и свекрва ми ми вика ТИ МА СИ СЕ ПРОВЕРИЛА ДАЛИ СИ СПОСОБНА ДА РАЃАШ јадењето во моментот ми застана само и реков да се имам проверено а за тоа прашај го син ти... Истото по втор пат ме праша ама тогаш и реков и да сум од мене нема да дознаеш. Секогаш некој ќе се погоди дали преку разговор или со некој гест да се меша во приватен живот на двајца брачни сопатници. На такви луѓе не треба да асе обрнува внимание, може самите се немаат докажано во животот па сакаат да наметнат мислење и однесување на друг.
     
    На Ana.Jones, Milkiway, Kaetana и 8 други им се допаѓа ова.
  2. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Кажи ѝ слободно на свекрва ти, дека кога треба да се провери дали некој пар може да има деца, прво се проверува машкото. Може ќе си затне устата.
    Ти посакувам што побрзо да си држиш едно бебенце во раце! Знам неколку случаи на блиски пријатели што не можеа да имаат деца по 5,6,7 години и еве ги сега сите со дечиња. Ќе биде! А на такви олоши не обрнувај внимание.
     
    На fashion-addict, Milkiway, K7M10J и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.721
    Допаѓања:
    12.826
    Такво размислување имаат предпоставувам затоа што во нивно време немале толку жени и мажи до стерилитет додека сега е тоа честа појава али не ја оправдувам во секој случај може сакаш на 45 да родиш не може да се меша следен пат ако ти каже така само кажи и ти си родила твојот ред прошол а за мене ич не се секирај
     
    На K7M10J, ivance.. и naturallmess им се допаѓа ова.
  4. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.069
    Допаѓања:
    17.203
    Вештерача една без мозок:devil:
    Многу се изнервирав, можам да замислам тебе како ти било...
     
    На Veki4kaa, Milkiway, AneSk и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.861
    Пол:
    Женски
    @AneSk не обрнувај внимание. Кај мене и од двете страни се фрлаа коментари после спонтаниот. Пред да останам трудна мајка ми запна до маж ти да не е да прашува на секое. Ја скарав викам како би ти било истово прашање некој за ќерка ти да го каже. Ќути и трај. Бев на преглед ми кажаа ниска матка. Не е ни некоја дијагноза ама свекор ми разбрал и со цел памет отишол на кафе кај моите за да рече ете до ќерка ви е проблемот по спонтаниот. Разбрав и за тоа ама не изреагирав нема што да се докажувам ниту на неговите ниту на моите. Јас не сум била земена од маж ми само за приплод. Видоа дека не им иде со муабетите и прашањата и се откажаа. А на мене и сопругот по две години мачење откако си постигнавме хармонија меѓу нас двајца ни успеа ко од шала. Треба да си себична да мислиш за себе и твојот ќеф и на иднината со сопругот. Не на сите други што сакаат и што ќе речат. Слушав и коментари од блиски пријатели. Тоа кој не го искусил на своја кожа не заслужува да се свати сериозно на тие теми.
     
    На Veki4kaa, fashion-addict, Ema.Sk и 15 други им се допаѓа ова.
  6. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Женски
    Јас си знам само како ми е, порано се обидував да објаснувам што, како, зошто... Сега едноставно пуштив се, веќе не објаснувам кога ќе има некој коментар за дете само сечам "Господ си знае кога треба може сега не е време за дете" и толку не продолжувам.
    Затоа мајки не се замарајте многу многу, штом можете раѓајте деца тоа е најубавото нешто за една жена. Јас да имам дете на улица ќе искочам да го дојам за да видат сите дека и јас имам дете...
    А вие на вашите вештерки само кажете им дека има и жени што се борат да имаат деца. А за сите останати што се мешаат во приватен живот, и те како ќе се мешаат, ќе коментираат вака требало, така требало, било и ќе биде тој синдром на Балканов. За пример другарка ми најдобра кога се породи исто по долги години борба од кога се врати од болница со царски рез од двај остана жива со комликации, свекрва и цела недела не и дозволуваше да го земе во прегратка, само она го држеше, оваа се измозуваше во шише дека имаше проблем со дојките, и ми кажуваше дур се облечам се средам она го наранила и го однела во друга соба, замислете го тој момент да го родиш и да не го видиш една недела.
    Немојте да помислите дека љубоморам напротив јас сум многу среќна кога слушам и гледам дека се родило некое дете, а за мене кога ќе дојде ред тогаш ќе биде.
    Мајки раѓајте деца и не се замарајте со негативни луѓе само сакам да ви кажам дека има некој со други проблеми. Гледајте ги вашите деца, гушкате ги и уживајте во моментите со нив. А за другите ич да не ве боли Стојна што како рекле и направиле
     
    На winnie02, Mince1988, Milkiway и 6 други им се допаѓа ова.
  7. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.353
    Допаѓања:
    8.287
    Пол:
    Женски
    Ми фали темава женчиња, јас немам ништо ново да кажам, ако имате вие дај да се насмееме малку. :D
     
    На bertold, Bicka77, K7M10J и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    7.543
    Пол:
    Женски
    Може за други работи попуштам, ама за ситуации како оваа не. Некој вака да ми искоментира, ко ќе добијам бебе нема да го оставам да му се доближи на бебето.
    Исто и за оваа ситуација. Некој да не ми дозволува свое дете да си земам в прегратка, не знам што ќе направам. :@
     
    Последна измена: 5 ноември 2021
    На Осе, Trpkovska и Mantub им се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    3.576
    Пол:
    Женски
    Од баба 80+...

    Кога ќе се породам, никако да не дозволиме 6 недели некој да го види бебето посебно не жена (било која). Не сум знаела која е "нечиста", односно има добиено или претходната вечер спиела со маж итн.
     
    На bertold и naturallmess им се допаѓа ова.
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.215
    Допаѓања:
    15.433
    Пол:
    Женски
    Епа кажи таму машки акушери, доктори, машки тим само да те пораѓа :D Оти и таму може некоја да има добиено или да си се дружела со маж :D
     
    На bertold, elenaklasik, naturallmess и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    3.576
    Пол:
    Женски
    Секако тоа ми беше во план :D

    Жена никако.
     
    На cresa-jagoda и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.143
    Допаѓања:
    21.956
    Пол:
    Женски
    Нема да ми дозволи, ќе ја затвори вратана од надвор, била мајка или свекрва. Не знам со кој памет си дозволуваат новиве мајки..
     
    На Emy867, bertold и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    И јас имам вакви глупаштини слушнато во смисла не можеш да останеш бремена од антидепресивите, оти си поминав лош период, и тоа поради нивни глупости и како се намести да е проблемот во синот , и и го плеснав кога намајлце очекуваше целата се тресеше, затоа оставете на времето и Бог, секој ке си сноси последици.
     
    На mal.ecka и Осе им се допаѓа ова.
  14. MilevskaBaby

    MilevskaBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Еве да си ја кажам и мојата приказна. Кога им соопштивме на родителите на мм дека сум бремена свекор ми многу се израдува човекот пукаше од среќа. Е сега мојата златна свекрва онеме на секунда а за роа време мм и даде докуменотот од докторот со ехо снимките каде што има и од бебето и од бубрезите и тирудината жлезда снимки.Жената лагано леле па ова вака не треба да изгледа нешто не е во ред што е ова. Прво издрами безврска не ни даде да и докажеме што е на сликара иако родила 6 деца и треба да знае. Честиташе до пола уста и по некое време леле многу ќе ти биде лошо, ќе се здебелиш многу и онака си крупна ти, па почна да кажува како она спонтани имала можело и мене да ми се деси такво нешто, се негативно цела вечер и капак на се беше кога кажа АКО Е ЖЕНСКО ЌЕ СЕ ВИКА КАКО МЕНЕ. Девојки верувајте ќр станев убиец хахах
    Не очекувам да биде среќна за мене ама за син и треба.Да не зборам пред да одтанам бремена какви работи ми има кажувано бидејќи знаеше за моите полицистични јајници секој пат во лице ќе ти каже а тешко ќе одтанеш бремена треба да одлабеш и слично иако сум 65 кг ама нема врска.Којзнае како ќе биде кога ќе дојде на свет притоа заедно живееме. Мешање ќе има сигурно.
     
    На naturallmess и _adi_5 им се допаѓа ова.
  15. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    7.543
    Пол:
    Женски
    А зошто и давате воопшто документ од докторот и ехо снимки?
     
    На MinnieM и H.VAGA им се допаѓа ова.
  16. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    3.609
    Пол:
    Женски
    Прво зошто си дозволувате некој да ве понижува кој сака нека биде?
    Второ маж ти шо кажува на сите нејзини коментари кај е?
    И трето се поставуваат граници бебето е ваше не на поширока фамилија затоа шо коа ке дојде на свет семејство сте вие тројцата.
     
    На MinnieM, Splendor., H.VAGA и 5 други им се допаѓа ова.
  17. MilevskaBaby

    MilevskaBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Маж ми и одговара на се ама никој не става на памет жената сопствените деца не ги перципира не па мене што сум некоја дојдена. Јас се изјаснив за името и за роа дека фамиилија сме ние 3 а неми она ама човек немижеш са смениш никако. Накрај секогаш таа ќе биде жртва.
     
  18. MilevskaBaby

    MilevskaBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    За да има доказ зошто не и се веруваше.Еве денес дознавам дека на сите жени ма работа им кажала дека сум бремена иако и кажавме да не соопштува сеуште на на никој.
     
  19. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    2.037
    Пол:
    Женски
    Сама си си виновна. Нема потреба на некој да докажуваш дали си бремена. Сакала верувала, сакала не. За на крај да им се испофали на сите. За возврат само тоа си го добила, и нервозите гратис. Најдобро намерно ти е, да не кажувате со сопругот кога идете на преглед.
     
    На Осе и Splendor. им се допаѓа ова.
  20. Stancence

    Stancence Нов член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Ве читам по коментари,си викам да знаете каква свекрва имам и низ што се поминав ни сама не знам како сум трпела свашта од нејзина страна.
    Првин свадбата ми ја испланира мешање до детал како ќе биде,колку гости,на која маса,до венчаница,поканите за свадба рачно ги работев,на свекрвана не и се допаѓале па ајде купив други,да напоменам живеевме заедно во заедница додека бев трудна и секогаш ја поштував не сакав да и се замерувам..после свадбата и кога се породив,си живеевме со мажот и бебето на втор кат се наместено со наши пари,врати,паркет,кујна,мебел..почна свекрвата секој ден да доаѓа ненајавена,секакви чудни совети даваше од типот давај лажичка мед на бебе од 1 месец,да сум ја мачкала со мочка(урина по телото)не сум имала млеко,не било квалитетно ме гледаше како ја дојам,мене ми беше непријатно,секакво мешање од нејзина страна,почна да ми смета и се дистанцирав,не отварав врата дали два-три пати,па се жалеше на мажот,а мажот се ја слушаше па ми збореше како не ги сакам неговите замислете,јас паднав во депресија,ми беше многу тешко немав никаква подршка,само на моите родители се ослонував кога ми требаше разговор,проблем е што живеат далеку,инаку ќе сметав на нивна помош,буквално сама го растев детето,сама по цели денови затворени,нема кај да шеташ,свекрвата почна да се однесува се полошо,ме оговараше кај ќе стигнеше и тоа без причина,а никогаш ја немав навредено и покрај се што ми правеше,па се мешаше во секоја ситница приговараше што не работам,не ми било доволно чисто и тоа со навреди да вреѓа по мене и како растеше моја ќеркичка се жалеше на маж ми зошто не сум ја носела кај нив,таа сакаше секој ден да ја носам долу и се праеше мајка,дури еднаш во фаца ми рече дека и била мајка цццц,стално ми правеше раздор со мажот,толку проблеми имавме што и физички се пресметувавме со мажот за жал,толку ми беше криво што не ме бранеше за ништо,а свекрвана со свекорот кој му е очув стално ме провоцираа,мене ми беше криво и поради нив и за малку ќе се разведев,едно време ми збореше,како не сум чиста,како не знам да готвам,а тоа беше почеток на бракот што е иронично бидејќи таа самата беше многу нечиста и знаеше две-три работи да зготви,јас во меѓувреме станав мајстор во кујна и куќава секој ден ми е чиста и не можеше мани да ми најде..свекрвата и не знае деца да чува,еден саат да ја остаам ќерка ми кај неа ќе има некој инцидент еднаш за малку ќе ја паднеше во базен на бетон,другпат раката и беше повредена хаос и затоа не ми се ни даваше да ја носам кај нив катастрофа..точката до која кулминираше е ситуацијата кога свекорот чекаше слава,притоа требаше долу да си чекаат,кога доаѓа свекрвана и со наредувачки тон ми кажува како ќе чекале кај нас и ја да и спремам слава во последен момент ццц се налутив на мажот,ми пукна филмот и му реков да си ги прибере и нека си чекаат кај нив слава ако не ќе си ги спакувам куферите,а еднаш и го имав напуштено со детето поради неговите но се вратив)мажот отиде долу и рече да си спремаат слава кај нив,знаев дека ќе биде бесна и таа е жена што не прифаќа НЕ за одговор,јас спремив колачиња,штрудли,кифли за нив и моите родители дојдоа за нив и донесоа дарови и др и таман влеговме,свекорот почна да ме навредува пред сите,да сум си одела нема што да барам кај нив,тоа била нивна куќа тие ќе праеле што сакале и тоа толку срамно однесување имаше пред гостите,мене ми пукна фитилот и свашта му реков сите факти и сите навреди и се што ми правеше,се му реков во фаца со еден збор лом го направив,да напоменам не избрка мене и мажот и му рече дека нема ништо да му препише,цело време не лажеа да вложуваме за жал,а му викав на мажот додека не ти препише нешто не треба да вложуваме,но тој слепо им веруваше и му се оби од глава и конечно прогледа какви се навистина и моите беа шокирани и оттогаш не сум во контакт со нив и ниту зборам и не планирам никогаш више ни да им се обратам,а нема да ни вратат ни денар што сме вложилесега не оговараат уште повеќе кај и да стигнат и се прават жртви,тие се луѓе без срам,култура,без осет срамно однесување,а оној очувот на мажот од предходен брак им препишал станови на негови две деца,а на мажот кој и занаетот му го научи и го гледаше како татко не планира ништо да му остави,а и не мора ни тој ни мајка му,но не сакаат ни средствата што сме ги вложиле,а не станува збор за мала сума,да ни вратат како и да е по вашите коментари вашите свекрви и не се до толку лоши колку што мојана ми го загорчи животот,сепак сега со маж ми,ќерка ми и уште едно на пат сме посреќни него било кога..мој совет е ако нешто што ви смета не трпете,како јас што ја правев таа грешка,одма да си го исечете тоа во корен и да си го чувате своето здравје и своето семејство☺️
     
    Последна измена: 12 јуни 2023