Јас ти се чудам на паметот. Твоите родители те родиле и те изгледале за некоја си смрдла да те тормози? Ма не маж кој сака нека е бе и ти што си го нарекуваш маж не е маж штом не можел да се оддели од нејзе уште цицка да му дадела болна работа. Разберете дека родителите не ве створиле за некој да се изживува врз вас!
Имаш право многу трпев и јас не можам да се изначудам како можев се тоа да го истрпам,за жал јас сум мирна особа и секогаш избегнував конфликти и едноставно сакав бракот да го сочувам,си викав мајка му е може ќе се смени ќе биде подобро но ништо од тоа,сепак повеќе немаме никакви проблеми на крајот на краиштата во секој брак има проблеми и фала богу сега се е ок
Едно е проблем да се скараш за алишта или немиени нозе, а друго е твојов проблем и сличните на твојот
Да лесно е да се разведеш,тешко е бракот да го сочуваш,а за моиве проблеми и тоа како не беа ситници и да се работи за поголеми проблеми,повторно треба да ги надминеме,мојот најголем проблем беа неговите и нивна потреба да ме омаловажуваат,затоа сега не ни контактираме со нив и бракот ни се среди.