1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светата тајна Брак

Дискусија во 'Религија' започната од Bitter-Sweet, 4 октомври 2017.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Мотив за отворање на оваа тема ми даде една неодамнешна дискусија во тема на форумов.

    За Свети Тајни во Православието се сметаат сите нешта, од најмалото до најголемото, а за потребите на човекот т.е. за негово осветување и спасение, Светата Црква според своите свети Канони има одредено седум Свети Тајни, и тоа: Света тајна Крштение, Света тајна Миропомазание, Света тајна Евхаристија (Света Причест), Света тајна Покајание, Света тајна Свештенство, Света тајна Брак, Света тајна Елеосвештенство
    Сиот живот во Бога е светотаински. Животот на Господ Исус Христос непрестано се оприсутнува во Свeтата Црква, а Светата Црква е присутна во Светите Тајни. Тајни се свети дејства во кои преку видливо дејство на душата на човекот кој верува, невидливо и се дарува Божјата благодат. Светите Тајни се постојана мистична врска која го соединува човековиот живот со Бога. Тие се плодови на животот и смртта на Господ Исус Христос и низ нив тече скапоцената крв на Спасителот. Во нив верниците задобиваат предвкус на Царството Божјо кое дошло и доаѓа, иако сеуште не во својата полнота.

    Конкретно, во оваа тема би сакала да дискутираме за светата тајна Брак. Што значи бракот за нас верниците?

    И рече Господ Бог: „Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него!” (Мојсеј, Битие; 2;18 )

    Затоа Господ му прати на човекот тврд сон; па кога заспа, му зеде едно ребро, и местото го пополни со плот. И Господ Бог создаде жена од реброто, што го зеде од човекот, и ја доведе кај човекот. А човекот рече: „Еве сега коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека ѝ биде името жена, зашто е земена од мажот!” Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело. (Мојсеј; Битие; 2;21-24)

    Но, за да се избегне блудството, секој нека си има своја жена, и секоја жена свој маж.
    Мажот да ја има спрема жената својата должна љубов, а исто така и жената – спрема мажот.
    Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената.
    Не одделувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да постите и да Му се молите на Бога; и пак состанете се за да не ве искуша сатаната, поради вашето невоздржување.
    Ова, пак, ви го велам како совет, а не како заповед.
    Оти сакам, сите луѓе да се како јас; но секој си има свој дар од Бога – еден ваков, друг инаков.
    А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде, ако останат како јас.
    Но, ако не можат да се воздржат, нека се женат и мажат; бидејќи подобро е да се женат и мажат, отколку да се возбудуваат.
    А на женетите и мажените им заповедам – не јас, туку Господ – жената да не се разделува од мажот, –
    ако, пак, и се раздели, нека не се премажува, или, пак, да се помири со мажот свој, – а и мажот да не ја остава жената своја.
    А на другите им зборувам јас, а не Господ: ако некој од браќата има жена, која не поверувала, и таа е согласна да живее со него, нека не ја остава;
    и ако некоја жена има маж, кој не поверувал, а тој е согласен да живее со неа, таа да не го остава.
    Зашто маж што не поверувал се осветува преку жената која верува, и жена што не поверувала се осветува преку мажот, кој верува; инаку децата ваши би биле нечисти, а сега се свети.
    Ако некој, што не верувал, сака да се разведе, нека се разведе; во такви случаи братот или сестрата не се заробени; зашто за мир нè повикал Бог.
    Оти, од каде знаеш, жено, не ќе ли го спасиш ти мажот? Или од каде знаеш, о мажу, нема ли да ја спасиш ти жената? (2, Кор. 7;2-16)

    Бракот е единство кое ги надминува состојбите на овој свет и се отвара кон векот што доаѓа. Св. Јован Златоуст вели: “Бракот не е образ на нешто земско, туку на небесното“.
    Според Библијата, жената не е само “помошничка“, туку онаа која “кореспондира на мажот“. Ќерката божја стои пред синот Божји, лице в лице-едниот го комплетира другиот. Св.Павле вели: “Во Господа ниту е жената без мажот, ниту мажот без жената“ (1.Кор.11;11).
    Кога пак Св.Павле вели за потчинување на жената кон мажот тоа најмалку е онака како што сакаат некои феминистички и т.н. “демократски” умови да го прикажат зашто тоа не е едноставно потчинување кон физички посилниот пол. Мислата на Св. Павле е јасна, кај него жената е потчинета на мажот на ист начин како што Црквата му е потчинета на Христа (сп.Ефес.5;22-24), т.е. само кога мажот ВИСТИНСКИ го претставува Господа, при што е подготвен да го даде и животот свој за жената. Тука “потчинувањето“ постои само кога има потполно меѓусебно самопредавање и целосна доверба, па треба да се сфати од перспективна на царството Божјо. Кога односите постигнуваат таков небесен одек, тие повеќе не подлежет на буквата на законот.
    Заедницата на животот меѓу мажот и жената е вистинска брачна заедница, само тогаш, кога е благословена од Бога, а со тоа постанува света и соборна заедница, која може да ја прекине само смртта и она, што се споредува со смртта – прељубата и неверството. Самиот Господ Исус Христос, со Своето присуство на свадбата во Кана Галилејска, го благословил бракот, па со тоа и оваа форма на човечкиот живот ја соединил со Своето Тело – Црквата.
    Бракот има два аспекти. Едниот е видлив и се состои во конкретниот живот на мажот и жената во заедница. Овој аспект има свои морални, материјални, правни и други норми. Другиот аспект е невидлив и се состои во Божјиот благослов. Според тоа, секоја заедница меѓу мажот и жената не е и брачна заедница, иако е призната правно од државата. Дарот од Божјиот благослов прави „природно видливото“ да стане вистински природно, односно, облагодатено и чисто во Црквата. Државниот брак, склучен во матичното одделение, кога е без Божји благослов, не е благосовен, не е свет и е заснован само на телесна желба и на човечки мудрувања. Светата Тајна брак ја издигнува врската меѓу мажот и жената над телесното, над блудот, кој од Црквата е осуден како противприроден чин.
    Бог – Света Троица е Бог на заедницата. Он сака да присуствува со Својот благослов во сите сегменти од човечкиот живот, па и во бракот. Со тоа се докажува дека бракот е дел од Црквата, зашто во овој свет, единствено таа е ризница на Божјиот благослов. Значи, заедницата на мажот и жената, без благослов од Бог и Црквата, се нарекува конкубинат (брак кој има државна заштита, а нема црковно венчавање).
    Меѓутоа, граѓанскиот брак не е црковен брак, па затоа светите отци честопати таквата заедница ја нарекле „блудна врска“, односно, беззаконска и безблагодатна заедница на живот меѓу мажот и жената. Затоа, православниот христијанин не смее да дозволи да живее еден таков безблагодатен живот, а да кажува дека е православен и дека ја почитува Црквата. Ако некој од православните христијани живее во безблагодатен и неблагословен (граѓански) брак, треба да ја отфрли секоја заблуда, суета и лажен срам, па да ѝ пристапи на Црквата и да побара неговиот досегашен „брачен“ живот да добие Божји и црковен благослов. Додека сме во ова тело и во овој свет, никогаш не е доцна да измолиме Божји благослов.
    Дали, пак, можеме за некој брак да кажеме дали е успешен или не е, потребно е да ни биде јасна целта на самиот брак. Бракот не се склопува поради ништо што е земно и минливо, туку поради вечните вредности. Целта на бракот е взаемно издигнување и усовршување на сопружниците во Господа и нивна подготовка за вечен живот во Царството небесно. На тој животен пат, сопружниците се сопатници и сострадалници и меѓусебно си помагаат во носењето на животниот крст, во сè она што животот носи и наметнува, жртвувајќи се во љубов на еден кон друг, и тоа љубов до самозаборав. За таков успешен (или како што многумина милуваат да кажат „среќен брак“) ништо земно и минливо не е пресудно, па дури ни имањето или немањето на деца. Таквиот брак исклучиво зависи од односот на сопружниците кон Бога и Неговите свети заповеди.
    Некои, можеби ќе запрашаат: „Дали таквиот брак денес е можен?“. Сигурно дека е можен, но само доколку двајцата сопружници тоа го сакаат и бараат од Бога. Ако не е така, би можеле и да се запрашаме: „Дали е можно денес да се биде човек?“. Нашиот Бог е Бог Кој не се менува, исто како и Неговата благодат. Само од нас зависи во која мерка сакаме да ја искористиме таа благодат.
    Се поставува и прашањето: „Каков треба да биде православниот брак?“. На ова прашање одговорот го дал свети апостол Павле, во своето Послание до ефесјаните. Треба само да го прочитаме и да се потсетиме на неговите зборови. Апостолот дава практични совети за меѓусебниот однос меѓу мажот и жената во христијанскиот брак, потцртувајќи ја паралелата на тие односи со односот меѓу Христос и Црквата. Мажот е глава на жената – Христос е глава на Црквата; Црквата Го слуша Христос – жената го слуша својот маж „како Господ“; Христос е спасител на Црквата, која е Негово тело – мажот е спасител на жената своја, како на свое тело.
    Секој православен хрисјијанин и христијанка, кои имаат намера да стапат во од Бога благословен брак, треба да знаат дека бракот добива своја божествена и бесмртна смисла само од Христовиот благослов, кој доаѓа од Неговото присуство. Своето прво чудо Спасителот го направил на свадбата во Кана Галилејска, за да покаже и докаже колку е важно осветувањето на бракот за целиот човечки род. Од светиот брак произлегува и свето семејство и свет семеен живот; од благословениот брак произлегува благословено семејство и благословен брачен живот, а посебно се благословени и свети неговите плодови – децата, кои Бог на таквите сопружници им ги дарува. Сè друго, што треба да знаеме за таквиот брак, ќе нè научи самиот живот, доколку бракот е благословен и свет.

    Кога станува збор за брак, тука потребно е да се спомне и од колкава важност е девственоста на мажот и жената. Блудот е најтешкиот грев после убиството.

    Бегајте од блудството! Секој грев, што го прави човекот, е надвор од телото, а блудникот греши против своето сопствено тело. (1.Коринт. 6;18 )

    Ова е волјата Божја: да бидете осветени, да се воздржувате од блудство,
    и секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и чист,
    а не во похотна страст, како незнабошците, кои не Го познаваат Бога, (Солун.4;3-5)

    Не лажете се: ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубодејците, ниту ракоблудците, ни мажеложниците,
    ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни грабачите нема да го наследат царството Божјо.
    А такви беа и некои од вас; туку се измивте, се осветивте, се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос преку Духот на нашиот Бог. (1.Коринт.6;9-11)

    Драги мои на кои ви е нејасно зошто јас, која сум извршила блуд, зборам за морал и чистота, еве зошто: Јас згрешив, го исповедав тоа и го оставив зад себе. Со искрено покајание Бог простува и го брише гревот. Но гревот треба да се замрази вистински, да не остане од него корен во срцето на човекот. Јас сум чиста, затоа што гревот е зад мене и затоа што за телесните страсти нема место во моето срце. Слава на Бога, среќна сум за оваа моја промена. За напредок во духовниот живот неизоставно е потребно да се појават нашите страсти. Оној што ќе стапи во борба и храбро ќе се бори, може да извојува победа и да биде овенчан со венец на победата, со Светиот Дух.

    Воведов е обемен, а во коментари подолу ќе напишам уште нешто кое овде не го собира...
    Па повелете на дискусија што сето ова значи за вас.
     
    Последна измена: 4 октомври 2017
    На mrvlx, Petra777, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Општ е заклучокот дека денес бракот доживува криза. Тоа го сведочат мноштвото разводи. Тоа го сведочат и бројните брачни парови, кои, без да стигнат до развод, живеат сопружнички живот по договор и со толеранција, но не наоѓаат никаква среќа и никаква радост во нивната врска.

    Сериозна причина за оваа криза е тоа што христијаните кои стапуваат во брачна заедница не го живеат својот брак како света Тајна.

    Многу христијани, под влијание на световната и безбожна клима на нашата епоха, клима која денес е силно распространета, го сфаќаат бракот единствено како физички, биолошки, или општествено-економски чин. Сексуалноста има длабоко влијание врз мислата на современиот човек, така што среќата на човекот се определува исклучително и единствено во сексот. Така, на бракот се гледа како на една законита и од општеството одобрена љубовна врска, без никаква свест за одговорност и мисија. Кога ќе помине љубовното задоволство, тогаш и бракот губи секаква смисла. Сопружниците се разделуваат за да најдат нов сопатник и нова авантура.

    Меѓутоа, кога бракот останува само физички и општествен чин, без да стане „Таинство“, т. е. без да помине во Црквата, во тоа Царство Божјо, и да се преобрази, не постои можност да биде спасен и да спасува.

    Бракот како физички и општествен чин му припаѓа на светот што постои надвор од Црквата. Не треба да забораваме дека светот, животот, човекот, природата, надвор од Црквата се поробени. Тоа се погледи на паднатиот свет, кој поради прародителскиот грев се затрул, смртно се разболел. Така и бракот како физички и општествен чин е болен и по самата своја природа немоќен да го ослободи човекот и да му подари исполнет и целосен живот.

    Кога бракот ќе постане „Таинство“, ги преселува сопружниците и нивниот физички брак од стариот, неслободен и безбожен свет на егоизмот, распадливоста и смртта, во новиот богочовечки свет на Царството Божјо, на љубовта, на Црквата.

    Секое Таинство претставува еден премин и една преобразба на стариот свет и на стариот живот во нов свет и нов живот во Христа, што се принесува како дар на Светиот Дух.

    Преку светото Крштение човекот го напушта стариот свет за најпосле да влезе во Царството на Бога, и земајќи удел во Божествената Евхаристија тој се соединува преку Христа со Света Троица и со сите избавени верни.

    Без Божествената Евхаристија Црквата не би постоела, бидејќи верните не би можеле да се соединат со Бога и да станат ново богочовечко Тело.

    Тоа што се случува со Божествената Евхаристија, се случува и со Тајната на бракот. Сопружниците се соединуваат со Христа, а преку Христа и помеѓу себе, во една вечна и богочовечка заедница. Од една заедница на стариот, разболен свет, се преобразуваат во една здрава заедница во Христа, во новата твар на Царството Божјо.

    Едноставно кажано: преку светата Тајна брак не се соединуваат само младоженецот и невестата, туку заедно со нив се соединува и Христос, или поконкретно: двајцата се соединуваат во Христа, Кој на тој начин ја прави нивната заедница света, совршена, здрава, богочовечка.

    Се разбира дека за да биде бракот чин на преобразба во перспектива на Царството Божјо, не е доволно само формалното следење на свештениот чин на венчавањето од страна на младоженците, без никакво нивно совесно соучество во извршената света Тајна.

    Совесното учество во светата Тајна доведува до создавање на еден нов дом, една мала Црква, едно мало Царство на Троичниот Бог. Характеристично е дека светата Тајна започнува, како и другите свети Тајни, со благословот на Света Троица: „Благословено е Царството на Отецот, и Синот, и Светиот Дух…“ Она што ги соединува сопружниците не е само физичката привлечност на двата пола, општествените прилики итн., туку пред сѐ Христос. Во новиот дом не царува авторитарно мажот или жената, туку Христос, зашто цел на обајцата е да ја извршуваат волјата на Христа, а не својата сопствена волја. Со основањето на христијанско семејство се основа и едно мало Царство Божјо. Сопружниците за време на свештениот чин се овенчуваат како цареви, додека се пее: „Господи, Боже наш, со слава и чест венчај ги“.

    Богочовечкото соединување во бракот по Бога е толку свето, што Апостолот Павле, устата Христова, врската меѓу сопружниците ја уподобува на врската меѓу Христа и Црквата. „Оваа тајна е голема, но јас ви зборувам за Христос и за Црквата“ (Ефес. 5, 32).

    Секако, за да биде бракот една пројава и откровение на Христовиот брак со Црквата, сопружниците би требало постојано да го надминуваат стариот човек што се крие во нив, да го распнуваат својот егоизам и страстите, и длабински да ја стекнуваат светата добродетел на смиреномудрието. Од ова гледиште, бракот претставува едно соучество во смртта и Воскресението Христови.

    Никој не може да го живее новиот воскреснат живот Христов, доколку најнапред не се распне со Него и не го погребе стариот човек. Двајцата сопружници взаемно си помагаат да го распнат стариот човек. Тоа е многу тешко. Претставува своевидно мачеништво. Не е случајно тоа што во чинот на бракот се пее маченичкиот тропар: „Свети маченици, кои добро пострадавте и се овенчавте…“, додека се прави литија, откако претходно свештеникот ќе го постави на средина светото Евангелие. Оваа литија нѐ потсетува дека бракот е едно постојано движење на сопружниците кон Царството Божјо, една постојана борба за стекнување на светоста. Ова движење на сопружниците ќе се одвива пред Христа и мачениците, преку маченичкиот пат на секојдневната борба со постојано одрекување од злото во нив и вршење на волјата Божја, притоа целосно принесувајќи му се на сопатникот во заедничкиот живот.

    Доколку христијаните сопружници не го сфатат својот брак како борба и жртва, како би преживеала нивната врска кога ќе се појават првите тешкотии?

    Со претходно реченото не се кажува сѐ за православната теологија на бракот. Тоа едноставно содржи само одредени воведни мисли.

    Во секој случај, треба да се разбере дека бракот и семејството не можат да се спасат, ако христијаните сопружници не се подучат и не станат свесни за суштината на бракот како Тајна на Црквата.

    Има многу што ние, пастирите на нашата Црква можеме да направиме во овој правец. Нашата улога не е таа на регистратор – благослов и запишување на еден општествен акт – туку улога на пастир и раководител во Христа.

    Сопружниците, и младоженците и оние што веќе ја живеат Светата Тајна Брак, треба да бидат поучени од нивните пастири за тоа колку големо значење има нивниот брак, за тоа дека тој е света Тајна, и за тоа како подостојно да го водат нивниот брачен живот.

    Во ова наше тешко дело – дело навистина пастирско – треба да бидеме помогнати и од браќата и сестрите мирјани, коишто се рацете и нозете на клириците.

    Осветувањето и спасението на бракот и на семејството не е работа само на епископите и презвитерите, туку на целата заедница, на парохијата, и поради тоа сите се повикани да им помогнат на пастирите, секој според својот призив и дадениот му дар. (Старец Георгиј Капсанис)
     
    На Petra777, cresa-jagoda, mira.mira и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Зошто е чистотата важна?
    Чистотата е добродетел, која стои наспроти блудната страст; тоа е оддалечување на телото од падот во грев и од сите дела кои водат кон грев, оддалечување на умот од блудните помисли и фантазии, а срцето од блудни чувства и наклонетости, по што следува и оддалечување на телото од копнежот. Насладување со блудни помисли и чувства е блуд на срцето и го валка човекот, правејќи го неспособен за општење со Бог, додека блудот на телото е измена на целокупното човечко суштество заради мешањето со друго тело, т.е. потполно одделување од Бога, смрт и пропаст. За човекот да излезе од првата состојба, треба да се отрезни; за да излезе, пак, од втората состојба, треба да воскресне, треба повторно да се роди со покајание. Некои тврдат дека човекот не може да биде слободен од робувањето на телото, а со тоа и од блудните помисли и чувства, и дека таквата состојба е неприродна. Законите ги поставува Бог, Кој подобро од нас знае што можеме, а што не можеме, затоа достигнувањето на чистота и на телото и на срцето е можна за човекот. Законите ги поставува Бог, Создателот на природата; затоа чистотата на срцето не е спротивна на човечката природа. Таа е неприродна на паднатата природа; таа била природна на природата по нејзиното создавање и може да ѝ стане природна по нејзиното обновување. Таа може да се однегува и да се стекне. Пченицата, зеленчукот и плодните дрвја не растат на земјата сами од себе. Но, кога земјата на начин на кој што одговара, ќе се подготви и кога ќе се посеат и посадат корисни билки, тие даваат многу обилен принос за човечката исхрана и уживање. Необработената земја дава само коров, само трева, храна за животни, а не за луѓе. Неопходен е подвиг.


    А за оние кои сметаат дека апстиненцијата била лоша, еве само 5 од многуте бенефити од апстиненцијата, а најголемиот бенефит е чистотата пред Бога и Неговата милост и благодат што ја добиваме.

    1. Learn Self Control
    More than on a physical level, we battle with self-control when it comes to our emotions. Practicing abstinence allows us to develop more patience as we are less inhibited to act out in an irrational manner.
    2. Balanced Relationships
    Instead of focusing on the sexual aspect of a relationship, we have the time to better cultivate our personal relationships. There is more thought and a deeper connection with a significant other.
    3. Decreased Health Risks
    No sex means less likely to contract sexually transmitted diseases (STD’s). It also removes the pressure of an unwanted pregnancy. Studies show that abstaining from sexual activity can also boost your immune system and improve your memory.
    4. Patience for the Right Relationship
    There is less worry and stress on jumping into a relationship before you are ready. You take the time to get know and love yourself, and your boundaries. When the right person or relationship comes your way, you can get to know them without any pressure.
    5. Inner Confidence and Peace
    Abstinence is more than just a halt on sex, but an emotional and spiritual journey. You can gain peace of mind, joy, and a confidence you may not have had before. Many young people and adults are choosing to abstain from sex these days, for many different reasons. Even if you’ve had sex before, abstinence may make sense at certain points in your life, for both your emotional and physical health.
     
    На mrvlx, cresa-jagoda, Orthophill и 4 други им се допаѓа ова.
  4. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    I like being married... Не е секогаш лесно, навистина. На моменти се разочарувам од себеси, на моменти од него. Девица сум во хороскоп и сум критички настроена, некогаш знам да се однесувам како да е на обвинувачка клупа партнерот. Тие се моменти кога неможам да се поднесам ни себеси а камоли други. Но претежно сум баш кротка и голема маза. Имам 90 % од времето многу блага природа. За да се однесувам како кучка треба нешто навистина да ме мачи. Маж ми е постабилниот во нашиот брак, но тоа не ја намалува вредноста на мојата љубов кон него. Тој се гордее со мене и тоа ми паѓа убаво на душата. Поминавме низ тешка препрека по кои следеа и други и не се откажавме еден од друг, напротив, љубовта ни стана посилна.
    Некогаш барам совршенство не умеејќи да сфатам дека совршенство најмалце ми треба. Ми треба реализам и длабока љубов, верност и почит а сето тоа тој ми го пружа. Јас исто му пружам љубов но и многу смеење, навистина многу се смееме, интересното е тој е озбилен тип, а јас со книгите, филмовите и Холивуд со мене, па и астрологии, спиритуални алхемии, херметики (ова порано, сеа не) и си ја правиме интересна иако не излегуваме често.
    Можеби звучам несериозно но те уверувам дека навистина ја почитувам заедницата брак, мојот сопруг ми е компасот во животот.
     
    На korisnichka и Црна Ружа им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ме болат очи, напор ми преставува толку долги постови, па сакам да те прашам вака просто, дали можеш на кратко да ми објасниш зошто се вика бракот ТАЈНА!?
    Што краче то боље:yawn:
     
    На Lolo5, CameliaMiller, Lilit и 21 други им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Бракот е тајна единствено ако некои тајно се венчаваат, па да кријат потоа пред другите дека се во брак :) Така на пример кога Авраам и Сара биле во Египет тие го криеле својот брак од фараонот и лажеле дека Сара му е сестра на Авраам, а не жена. Е во тој случај бракот е тајна. А денес зошто православците го викаат тајна, баш и мене ме занима :)
     
    На Lolo5 и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    @baba Rada

    Светите Тајни се свештеноденија во кои на видлив начин се дава невидливо определен дар на Светиот Дух. Суштествено за Светите Тајни е соединувањето на видливото и невидливото, на надворешната форма и внатрешната содржина. Во нив се одразува природата на самата Црква, која е невидливо во видливото и видливо во невидливото. Во Светите Тајни кои се востановени од Црквата секогаш и секаде неизменливо се дава дарот на Светиот Дух, макар што истиот се прима различно.

    Еве најкратко. :) Значи преку она што се прави видливо (крштение, венчавање итн...) се прима нешто невидливо, божја благодат, Света тајна. Сега разбра? :)
     
    На Petra777, orevokrsacka, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Оти не кажувате порано вакви работи, една поранешна ќе си ја викав конкубина да знаев, штета:party:
     
    На CameliaMiller и GrevMk им се допаѓа ова.
  9. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Сфе испрано у мозок у пм.
     
    На CameliaMiller, Belgin1, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Оти маа, твојот мозок е валкан!?
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Бракот склопен пред Бога е свет брак да се разбереме, се верува дека ја благословува вашата љубов и вашите плодови. Кога се венчате пред Бога се венчавате и пред добрината и пред злото, во се до крајот на животот.
    Под чистота подразбирам дека и двајцата партнери се чисти еден кон друго без тајни и злосторства.
    Чистотата нема врска со невиноста, чисти да ти се погледите се можеш да видиш преку очите.
     
    На theowndemon и Rama им се допаѓа ова.
  12. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Сите се сложуваме воглавном дека со стапување во брак се менуваме, преобразуваме, животот добива нов некој смисол и тек. Како повторно некое раѓање. Само овој пат со друг/а покрај себе. Во љубов обично.
    Поради таа преобразба, пожелен е Божји благослов, како и кога се крштеваме и ни се отвара вратата за духовен живот и заштита.
    Токму затоа Света тајна Брак, нова можност потпомогната од Бога. За среќа и љубов, за сила да добиеме добри дарови понатака.
    Се нарекува Тајна бидејќи со помош на ритуал, во Светата Црква, повторно се спојуваме со Бога.
     
    На Petra777, Rama, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  13. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Да додадам дека денес бракот е во криза. Се случуваат многу разводи, со поголеми или помали причини. Проблемот мислам дека е во незрелоста. Од мали научени да биде се по наше, не знаеме да градиме заеднички живот.
    Но тоа не мислам дека ја намалува вредноста на бракот.
     
    На Petra777, Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Се случуваат разводи затоа што неискусни и премлади стапувате во брак.
    Се оградувате на 2 можности и ја избирате оваа опција.
    Наместо да бидете иживеани а потоа спремни за семеен живот.
     
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Прочитав интересно објаснување што значи всушност СВЕТА ТАЈНА БРАК:)

    Тоа е венчавање што се случува во самите нас, света тајна на бракот што се случува во машката душа и во женската душа,внатре во нас самите и од тоа стануваме повторно хермафродити, уствари она што сме биле пред да се поделиме во машко или во женско, се спојува едно со друго длабоко ва нас..значи како Адам пред да му извадат ребро:?:


    интрстинг:)
     
  16. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Очигледно дека е, само другиве се испрани... :(
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Aaaaa добро е, се отвори Битерка :) :) :)

    Се додека читате и некој ви кажува што Бог мисли и што Бог сака, вие сте километри далеку од Бог.

    За да знаете што Бог сака, треба да си погледнете во срцето, а не во книгите и во свештениците. Во срцето ви е Бог, не во догмите со кои ве учат.

    Бог не би сакал луѓето да страдаат во негово име, под изговор на светите војни. Што христијанството, што исламот. Наголемите зла се направени во името на Бог. И тоа го сториле луѓето и нивните догми, не Бог.

    Бог, или како и да ја наречете онаа сила која ја направила оваа невидено интелигентна креација во која ние сме благословени со живот, овој прекрасен наш Универзум, со сите чудесни нешта во него кои постојат и кои ние ги сведочиме.....сигурно намерата не му била да не нарече грешни. Ако сексот е блуд и грев, и сите ние сме грешни, и најубавото бебенце кое се создало во љубов е грешно поради сексот...ахххххх..........јас се сомневам дека Бог кој го креирал овој чудесен свет и Универзум кој постои и во кој ние постоиме, сакал да креира грев.

    Идејата дека сме ние грешни, идејата дека треба да водиме свети војни...........биле отсекогаш идеи на луѓето. Не на Бог.

    Бог е ЉУБОВ.
    Тоа што религијата сака да го постигне со своите догми, е да имаме страв од Бог. Да го доживееме како оној кој суди.
    Епа со тој страв, се направени сите манипулации и зла низ вековиве....
     
    Последна измена: 5 октомври 2017
    На Lolo5, Yowannty, blonde_supergirl и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Мoже ли вo oвaa темa дa си јa спoмнaм свекрвaтa кaкo нaтрaпник вo Светaтa тaјнa? Би јa oгoвaрaлa вo свекрви и снaи aмa тукa мислaм пooзбилнo ќе бидaм сфaтенa.
     
    На CameliaMiller, Lilit, Bender Rodriguez и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    93.605
    Мене ме интересира браковите несклучени во црква кои се викале конкубинати, како ли се викаат со свекрвата плус измеЏу? Трикомбинати ли?8-|:rofl:
     
    На Lolo5 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Кoнкубинaти и Ѓaoлoт.
     
    На Lolo5, CameliaMiller, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.