1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светата тајна Брак

Дискусија во 'Религија' започната од Bitter-Sweet, 4 октомври 2017.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Единствена разлика уствари меѓу врска и брак ти е имотот, што е мое станува и твое и обратно ова од аспект на практично прагматичниот живот:?:Тоа дека нешто се мења духовно, психички или како год е само плацебо ефект...
     
    На Lolo5, CameliaMiller и Lella им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.298
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    На ова ли се темели вашата вера? Ова е силување патем, чисто да знаете дека пропагирате силување.
    Луѓе, бегајте подалеку од фанатици. Страшно.
     
    На Lolo5, CameliaMiller, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    Соединетите со Црквата разбираат, другите не. Затоа бракот е Света Тајна. :) Не разбираат сите, а и не мора.
     
    На mrvlx, kikikikirika, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.298
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сфаќаш колку е одвратно да бараш од некој да разбере силување. Ова што го кажа Ортофил можам да го разберам само како измислица која им служи на мажите да „се задоволат“. Би се очекувало барем од тебе да сфатиш дека користење религија и изјави од типот „ако не ми дадеш во пеколот ќе гориш“ се една ужасна злоупотреба на религијата.
    Не е важно колку свет го сметате бракот или на попот зборот, треба да се запрашате, ако вашиот партнер ве принудува да имате односи против ваша војла, дали навистина постои некоја светост, љубов и заемно почитување во тој брак?
     
    На Lolo5, CameliaMiller, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Нешто е погрешно објаснето.
    @Orthophill акo може подетално да ни кажеш, и јас со ова се сретнувам прв пат.
    Како може маж да ме силува? На пр. болна сум, нема да имам желба од кревет да станам, а не па мм да навали на нешто.
    Или не ми е денот, од км ме познава, не смее да прозбори, а не па да посака нешто.
    На што се однесува да не одбие жената?
     
    На Lolo5, cresa-jagoda и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Се читаш ли што пишуваш?! Значи за тебе, кој си прокламиран како најрелевантен и најзапознаен со православната религија на форумов, и за тие што те лајкуваат како таков авторитет - неконсензуален секс во брак е океј и не постои такво нешто како силување во брак?
    Арно не ја бев отварала категоријава, а и за сите верници со разумно сфаќање на религијата е најдобро да не ја отвараат. Алармантно е ова што се претставува како вера овде, посебно за православната :x
     
    На Lolo5, CameliaMiller, MagsDestiny и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека за време на пост ако еден од сопружниците не пости, другиот задолжително мора да го испочитува правото на пост и да "удоволи" на тој начин што нема да ја воведе сопругата/сопругот кон искушенија за полов однос бидејќи така се прекршува постот и нема право на причест, односно мора да се воздржи како знае и умее додека трае постот. @Bitter-Sweet , мене вака ми беше кажано, мислам на ова се цели???
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    @Lella Не разбираш и нема да разбереш сѐ додека не станеш дел од Црквата. Не е силување. Ни блиску.

    @Petra777 за време на пост може да им се дозволи на брачните партнери да имаат полови односи. Може така како што ти кажале, но јас знам и дека може да бидат разрешени од тоа за да можат да ја извршуваат својата брачна должност. Тоа е на нив да одлучат. Иако и мене поприфатливо ми изгледа да има воздржание за време на пост.
     
    На Rama и Petra777 им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Пак ли јас ќе ве учам :rofl:
    Бракот е света тајна. Сексот во брак не е ништо забрането, табу или лошо.
    Не смееме да дозволиме период како постот да ни ја уништи хармонијата во бракот. Постот не треба да се користи како оправдување на немањето секс, посебно ако недостигот на секс предизвикува нетрпеливост помеѓу брачните другари.
    Нема задолжителен секс (верувам Ортофил лошо се изрази), нема условување на партнерот со: "Почитувај ја мојата одлука да постам и не ми барај секс додека трае постот). Едноставно е, брачните другари не треба да превземаат чекори со кои ќе ги нарушат односите и ќе предизвикаат нетрпеливост. Ако сметаат дека сексот им е потребен, нема потреба да се откажат од него.
     
    На theowndemon, Jas!, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Односите за време на пост се дозволени за луѓе што се во брак... Без разлика дали еден пости или двајцата, ако има обострана желба може да имаат односи.

    Се надевам членот погрешно се изрази, а не мислеше тоа што го пиша... дека и да сака само еден сопружник, другиот мора да се согласи.
    Зошто да се согласи ако не сака?

    Така пишано навистина звучи ко силување во брак.
     
    На CameliaMiller, theowndemon, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.396
    Пол:
    Машки
    Какво црно силување? Имањето полови односи за време на пост за вас е силување?
    Силување е вршење на присилна обљуба при закана врз животот или телото на оној/онаа кој/а се обљубува или телото или животот на друго лице, или пак при закана за откривање на одредени тајни.
    Каде јас повикувам на такво нешто? Или што е битно, битно да се напаѓа православната вера!

    Половите односи во бракот не се ни силување (и нормално дека не треба да бидат), не се ни грев. Јас не пишав дека сопругот/сопругата имаат право да ги силуваат својата сопруга/својот сопруг, туку дека според учењето на Црквата треба да имаат односи кога сака едниот или другиот. Противењето на едниот брачен партнер да се имаат односи според учењето на Црквата е наведување на прељуба на другиот брачен партнер. Главната цел на бракот според учењето Црквата и Светото Писмо е да нема блуд и да нема прељуби. Според светиот апостол Павле телото на мажот не е повеќе негово туку и` припаѓа на жената и обратно. Во договор, може одредено време да не се соединуваат, ама потоа треба да се соединат за да не ги искушува ѓаволот. Тоа е учењето на Црквата, тоа е учењето на Светото Писмо.
    Е сега ако модерното општество го доживува бракот како заедница на луѓе без никакви одговорности, освен одговорности за имотот кој е стекнат за време на бракот, тоа е друго и Црквата не може да се согласи со такви бракови. Не може да се согласи дури ни со разводи за кои никој не е виновен.
    Дали Вие би сакале да имате сопрузи кои од икс причини (не здравствени) половина од годината нема да сакаат да имаат односи со вас?

    Прво послание до Коринтјаните, глава 7
    1. А за она што ми пишавте – добро е човек да не се допира до жена.
    2. Но, за да се избегне блудството, секој нека си има своја жена, и секоја жена свој маж.
    3. Мажот да ја има спрема жената својата должна љубов, а исто така и жената – спрема мажот.
    4. Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената.
    5. Не одделувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да постите и да Му се молите на Бога; и пак состанете се за да не ве искуша сатаната, поради вашето невоздржување.
    6. Ова, пак, ви го велам како совет, а не како заповед.
    7. Оти сакам, сите луѓе да се како јас; но секој си има свој дар од Бога – еден ваков, друг инаков.
    8. А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде, ако останат како јас.
    9. Но, ако не можат да се воздржат, нека се женат и мажат; бидејќи подобро е да се женат и мажат, отколку да се возбудуваат.
    10. А на женетите и мажените им заповедам – не јас, туку Господ – жената да не се разделува од мажот, –
    11. ако, пак, и се раздели, нека не се премажува, или, пак, да се помири со мажот свој, – а и мажот да не ја остава жената своја.
    12. А на другите им зборувам јас, а не Господ: ако некој од браќата има жена, која не поверувала, и таа е согласна да живее со него, нека не ја остава;
    13. и ако некоја жена има маж, кој не поверувал, а тој е согласен да живее со неа, таа да не го остава.
    14. Зашто маж што не поверувал се осветува преку жената која верува, и жена што не поверувала се осветува преку мажот, кој верува; инаку децата ваши би биле нечисти, а сега се свети.
    15. Ако некој, што не верувал, сака да се разведе, нека се разведе; во такви случаи братот или сестрата не се заробени; зашто за мир нè повикал Бог.
    16. Оти, од каде знаеш, жено, не ќе ли го спасиш ти мажот? Или од каде знаеш, о мажу, нема ли да ја спасиш ти жената?

    Послание до Ефесјаните глава 5,
    22. Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господа,
    23. зашто мажот е глава на жената, како што е Христос глава на Црквата, и Он е Спасител на телото.
    24. Но, како што Црквата Му се покорува на Христа, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сè.
    25. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа.
    26. за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото;
    27. та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.
    28. И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; оти, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси.
    29. Зашто никој никогаш не го намразил телото свое, туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата,
    30. бидејќи ние сме членови на Неговото тело – од Неговата плот и коските Негови.
    31. Поради тоа човекот ќе го остави татка си и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат една плот.
    32. Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христа и за Црквата.
    33. И така, секој од вас да си ја сака жената своја, како што се сака самиот себе, а жената да се бои од мажот свој.
     
  12. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.298
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Битер, силувањето не условено од брачниот статус. Ако некој обврзува некој друг да има односи со него, независно дали се повикува на закана што вика Ортофил, на возвраќање услуга или еве на ,,брачна должност", станува збор за секс без обострана согласност, а тоа е силување.
    И не е во ред, па ако сака и попот нека ти е е маж.

    Тоа е силување.

    Ах, па колку е свет тој брак и какво е неговото значење ако еден од сопружниците не може еднаш да биде одбиен без да оди и да легне со првото нешто што ќе му се најде на патот?
    Дали нагоните на едниот треба да се почитуваат повеќе од правото на одбивање на другиот?

    И не кажувај дека Црквата така вели. Црквата е многу флексибилна, се покажало многупати. Размисли со своја глава за промена. Дали тоа е морално правилно, кога веќе од христијанската религија тече морал?
     
    На CameliaMiller, MagsDestiny, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    А кој вели дека е без обострана согласност? Не знам дали ти нешто погрешно си сфатила или некој нешто погрешно пишал... Жената не е присилена да има односи, мажот не употребува сила врз неа, ниту навалува на било кој начин.... од каде силување? Силување е кога жената ќе рече дека не сака а мажот ќе го изнуди тоа од неа иако таа не сака. Во коментарите малку погоре доволно е објаснето...
     
    На kikikikirika, Vitaly и Rama им се допаѓа ова.
  14. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Секој си тумачи како му одговара.
    Еве јас го силував вчера, он денес ... И така, си се силуваме во слободно време. :D
    Почнав на темава да пишувам работи што не доликуваат, ама какво драматизирање, страшно!
     
    На Vitaly и EvAngelos им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Јас мислев дека ти пред малку изјави дека немаш односи за време на пост, или си трескаш глупости без врска!
     
  16. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Немав додека бев пред брак, затоа што тоа е блуд. Инаку сега не постам, прашав затоа што не знаев.
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ти сама си кажа дека немаш односи за време на пост. Не кажав јас :yawn:
     
  18. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Да де, за Богородични, не бев венчана сеуште. Се утепуваш од зевање додека ми пишуваш, ти снемува кислород :D
     
  19. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.298
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Сфаќам. Мислиш дека силување е само ако некој те начека во темна уличка и ти пробуваш да се браниш, а нему не му е гајле.
    Силување е секс насила, а она насила не значи само физичка сила. Шефот на работа има сила која ја покажува преку авторитетот, таткото на мало девојче има сила која му е доделена од општеството бидејќи е родител, професор во училиште има сила која ја манифестира преку намалување оценка, религиозен фанатик има сила бидејќи го користи Бог за да добие секс.

    Секако се применува сила. И тоа силата на Бог.

    Кога тврдите дека ако едниот сака, тогаш другиот мора, веќе станува збор за секс без обострана дозвола. Сакањето секс не зависи од тоа дали си во брак или не. Апсурдно е да велите дека луѓето во брак треба да бидат спремни на секс во секое време.

    Пак ќе кажам, најпрво, оди против основните морални норми, а со тоа би требало да оди и против библиските норми.

    Ако навистина сметаш дека твојата религија оди против основни морални норми, во ред, ама не пробувај да докажеш дека принуда на секс (силување) е морално правилна работа во кој било случај.
     
    На CameliaMiller, MagsDestiny, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  20. душленце

    душленце Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    1.454
    Лела подобро е да некоментираш повеќе на темава затоа што ширеш дезинформации и омраза према православието и тоа во време на пости.
    Ако нешто не ти е јасно нека остане така и немора на секој се да му е јасно.
    Не можеш ти да го објаснуваш нашето писмо или нашата Црква ние фала му на Бога си го разбираме.
    Оф топик еве и мене не ми е јасно како оние муслиманките мораат да имат секс со муџахедините затоа што тие немат време за сопствена жена и мораат да се оплодувааѕ за да се раѓат нови генерации муџахедини.Една жена којзнае колки мажи ја оплодуваат.Јас ќе си го објаснам ова не е силување ова го прават за својата "вера".да секако.
     
    На kikikikirika, faye, Bitter-Sweet и 3 други им се допаѓа ова.