1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светата тајна Брак

Дискусија во 'Религија' започната од Bitter-Sweet, 4 октомври 2017.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Мхм, а јас пак ќе кажам дека не оди против моралните и библиски норми, дека не е силување и дека мозок на атеист не може тоа да го сфати. Значи страшно како некои членови едвај чекате да почнете со критики кон православието. Па уште вие се правите толку морални, толку срцкасти, а ние сме монструми. Lol. :D
     
    На Rama, Petra777, carangigia и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Никаде не го имам нападнато православието, туку ја напаѓам идејата дека ако две личности се во брак не е можно да има сексуална злоупотреба меѓу нив. Ти, Битер, Ортофил и останатите самите ја поистоветивте таа идеја со православието. Јас не објаснувам ништо, туку ги посочувам морално погрешните нешта кои ги воочувам.
    Кој и да тврди дека барање секс во име на Бог е морално и God-approved е очигледно многу неморален човек.


    Трето цитирање по ред ми реплицираш со истиот аргумент, дека не можам да разберам бидејќи не сум посветен, да не речам хардкор верник.

    Тврдиш дека тоа дали станува збор за силување или не зависи од тоа дали луѓето се во заедница пред Бог или не.
    Јас ти велам дека заедницата пред Бог ја нема светоста ако еден од таа заедница е спремен да го силува својот брачен другар. Затоа ако бракот играл некаква улога во тоа дали ситуацијава е силување или не, веќе не игра, бидејќи веќе не е света тајна, туку очигледно изговор за секс.
    Не знам зошто не се согласуваш со ова.

    И те молам не ми кажувај пак дека не знам и не разбирам, бидејќи тоа не прави ништо за да ме убеди дека она во што ти веруваш поддржува силување. Патем, не ја извртувај пак дефиницијата за силување, една е и нема исклучоци од типот ,,ако се во брак значи се согласиле да бидат спремни на секс во секое време". Силувањето е силување, па и папата да те силува.
     
    На CameliaMiller, MagsDestiny, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Види @Lella , ќе ти објаснам просто.
    Се случува во исто време партнерите да имаат потреба за однос, но некогаш и не е така.
    Едниот пројавил желба, а ти немаш. ќе го одбиеш еднаш, не ти е денот, ок! Пмс, лош ден на работа, болест...
    Втор, трет, петти, десети пат ок. Е веќ 50ти е нормално?
    Тука има проблем некој.
    Ако не се работи на истиот за да се реши, отиде во вода се.
    Верувам дека за сите бракот е нешто свето, секој би се борел.
    И мене не ми било некогаш до "тоа", но сум допуштила да ме предомисли.
     
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Не сте свесни колку лоши и погрешни поенти вадите. Па не се ни претставувате како ,,погрешно сфатени“ и да се обидете да се објасните, како што бива обично во многу случаи.
    Од крајности во крајности – сексот во врска страшен блуд, а бракот одма го прави обврска и должност што во секое време треба да се оствари по желба макар само на едниот; па за психички проблеми само кај попови требало, психолозите и психијатрите џабе учат за тие професии, само ги забегуваат луѓето... Си ја срамите сами религијата, па после ви се криви нерелигиозните и по некој од малцинските деноминации што ве критикуваат. А верувам и знам дека и многу од православните верници се фаќаат за глава кога ве читаат, ама повеќето од нив и кренале раце од дискусии овде, еве Ливинг Глам на пример што го белеше образот на православието со паметни аргументи - одамна ја нема на форумов воопшто.
    А за постот, успешен ќе ви биде кога нема ни виртуелно овде да се карате насекаде, рипате и судите секого во разноразни ситуации.
    ФМП :)
     
    Последна измена: 1 декември 2017
    На CameliaMiller, Yowannty, Lilit и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Не пишав никаде вакво нешто.

    Не извртев ништо јас. Јас кажав дека не е силување да се сака да му се удоволи на партнерот, значи тоа Е по волја на жената, а силувањето е чин на однос против нејзината волја. Јас мислам дека ти си таа која ја извртува дефиницијата само за да покажеш колку православието е полно со неморал. И после зошто велам дека не разбираш. Затоа. Како што викаш, ете и папата нека е, тоа би било силување ако односот е против волјата на жената, а ако жената се согласува да имаат однос тогаш не е силување.
     
  6. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Зборуваме за ситуацијата на Ортофил, кој јасно напиша дека не смее секс да се одбие во никој случај. Одбивање повеќепати континуирано е друг проблем, што нема врска со религија.

    А во кој дел од мораш да ја исполниш брачната обврска ти гледаш некакво согласување?
    Единствено објаснување е дека сметаш дека согласноста за секс е засекогаш дадена со стапувањето во брак.

    Ти кажав поназад, ако има принудување, тогаш нема обострана согласност, значи силување е.

    Значи, или сметаш дека да и' кажеш на жената дека мора да има секс со тебе бидејќи сте во брак не се смета за присилување, или мислиш дека самото тоа што се во брак значи дека жената и мажот се автоматски согласни за секс во секое време.

    Двете работи се ужасно погрешни и неморални, независно со која религија се поврзуваат.
     
    На CameliaMiller, MagsDestiny, EvAngelos и 5 други им се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Некои од работиве напишани во претходниве страници воопшто не се смешни, иако некои членки сакаат да ги направат во смешка, туку ептен загрижувачки. За пример земете си стории од светот каде луѓе прифаќаат гениталните органи да им бидат сечени, или да бидат тепани од мажите затоа што така тоа треба, ради вера, ради обичаи... е тие ствари што ви се чудни и вам. Така звучи.
     
    На CameliaMiller, Lilit, MagsDestiny и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Ќе се цитирам сама, @Orthophill дали на ова се мислеше?
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Му ги извртевте зборовите на @Orthophill , така ви одговара изгледа. И не, нема никаков неморал во православието, има само вакви извртувања. На кој не му е јасно, нека побара на Гугл за Православен брак да види за што точно станува збор. Не ми се дискутира веќе, ќе треба да повторувам едно исто.
     
    Последна измена: 2 декември 2017
    На Rama и Petra777 им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Ортофил напиша:
    Штом си должен да имаш секс со некој, не станува збор за секс по слободна волја, туку обврска. Штом не станува збор за секс по слободна волја, тогаш е силување.
    Ортофил многу јасно кажа што мисли, а и јас јасно кажав дека тоа е одвратно, неморално, а секако и нелегално.
    Очекувано е дека пробувате да се браните и да велите ама не мислев на таков начин и искрено се надевам дека не мислите на таков начин.

    Повторно, не напаѓам специфична група луѓе, туку сите оние кои пропагираат ваков вид rape culture. Ако вие сметате дека тоа е учењето на православието, тогаш да, православието го напаѓам.
     
    На CameliaMiller, kravce, MagsDestiny и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Реков не коментирам ама ми смета што го извртуваш ова. Ок, Ортофил така се изрази. Кога прочитав, и мене не ми беше таа реченица соодветна. Но - го разбрав на што мисли и не го нападнав за тоа што пишал. Затоа што доволно познавања имам за православниот брак.
    Јас пишав дека жената во православниот брак воопшто не е присилена да има интимни односи кога не сака. Има кога самата има волја, кога нема волја нема, нема тука силување. А мислам дека Ортофил во коментарот после овој цитираниот објасни подобро на што мислел. Не мора сега вие атеистите да продавате од вашиот морал тука на сметка на оцрнување нечија вера. Сѐ додека немаш вистинско познавање од нешто, не е паметно да носиш заклучоци за истото.
     
    На Rama и Meckicja им се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Она што тој го напиша во двата поста е дефиниција за силување, нема простор за некои понатамошни мудрувања.

    Тоа не е воопшто она што Ортофил го вели. Во второто мислење тој вели подобро едниот да трпи и кога не сака отколку другиот да изврши неверство. Поточно, ако едниот изневери, другиот е крив што не го задоволил. И ова не е извртување зборови, ова е само превод на sugar-coated варијантата на Ортофил.

    99% од луѓето, православни, муслимани, атеисти се против силување.

    Сериозно, доста со ова. Имам доволно познавања за значењето на бракот во христијанството и првпат од Ортофил слушам дека е дозволено брачните партнери да се силуваат. Ако предлагаш дека во некој подлабок дел од тоа „разбирање“, на некое повисоко ниво на религиозна свесност, ситуација во која сопружниците имаат право на секс во секое време е сосема морално правилна, тогаш тоа зборува лошо за твојата религија. #SorryNotSorry
     
    На CameliaMiller, Yowannty, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    34.116
    Добро, аман веќе. Остајте ги нека си се силуваат не дека некој ги тера со сила.Самите сакаат, така мора еееее...
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ако не ти била реченицата соодветна зошто не побара или даде објаснување за да некој не го разбере погрешно и створи погрешна слика за нешто зад кое и ти стоиш, веруваш? Туку кога напиша Лела пост се јави ти со една реченица која вели дека само вие разбирате што значи тоа, ко да сте една секта која со шифри збори или пак кај вас други правила важат несфатливи за сите "однадвор".
    Јас лично немам против брак во кој сопружниците решиле да задоволуваат сексуални потреби и кога не секогаш им е баш по ќеиф но ете во тој момент се мисли и на желбата на партнерот и таа се исполнува. И секако не го сметам тоа за силување оти е слободна одлука на едниот да му удоволи на другиот. Но кога се употребуваат зборови како задолжително, должност во секое време и тоа болдирани, страв те фаќа. Претпоставувам не се мисли на насилно принудување туку да се програмира партнерот (да не се лажеме, жената повеќе) на покорност, како во сите други сегменти така и во сексот. Да не помисли никогаш дека има право да одбие оти тоа ќе и се чкртне во теФтерот ко грев. И ко што можеби не секогаш и е мерак да пости па наместо посен грав едно сочно ребро да лапни, така и тука. Одлука и принципи, ок, чесно. Па на сексот, дури и да не и е пожелен во моментот, ќе гледа како кон нешто што го прави во име на нешто поголемо и ќе го прави доброволно. Ама, ова треба човек да го има во себе, таа покорност, таа блажина, таа цврстина во одлуките, а такви се многу ретки. На поголем дел некогаш ќе им прелета во мисли -заврши што побргу говедо, ми се смачи веќе. А Господ и мисли чита, нели?
     
    На CameliaMiller, Yowannty, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    @Lella @Bridget А што ме цитирате мене уствари за нешто што @Orthophill пишал? Со него разберете се. Јас моето мислење доволно јасно го кажав.
     
  16. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.125
    Пол:
    Женски
    Гледам пак темава се активирала.
    Што ме натера да ја отворам не знам, ми се сповраќа.

    Гледав скоро еден филм. Се раскажуваше за животот една девојка. Татко и беше свештеник, во мало, неписмено гратче, каде луѓето на него гледаа како во лицето на Бога да гледаат, и сѐ што ќе излезеше од негова уста беше непокорлив закон за сите нив. Свештеников, не морам ни да споменам, беше фанатик, ја тепаше жена му, ја силуваше кога му се сака, дури кога му се смачи да ја слуша како зборува и стави маска врз устата (слична на онаа на Ханибал), а сето тоа пред другите го оправдуваше со фактот дека Бог така сакал. Секако, длабоко во себе знаеше дека Бог така сигурно не би сакал, па за да „компензира“ некако, да се „искупи“ од сето тоа што го прави, во слободно време се камшикуваше себеси, мислејќи дека преку болката сѐ ќе му биде простено. А да, и откако жена му се самоуби, свештеников реши дека Бог би сакал тој да се ожени со родената ќерка бидејќи таа е чиста и олицетворение на мајка си.
    Е на сценариово филмско ми личи ова што го прочитав на темава.

    Никогаш, ама баш никогаш, со ниедно лице, под ниеден услов, телесните потреби не се должност која некој мора да ја изврши за да задоволи друг. Толку е тоа едноставно, а сепак толку се комплицира. Едно е да не ти се сака, ама ајде понекогаш да се ставиш ментално во таа состојба за да си причиниш задоволство и за себе и за него, но да те присили бидејќи тоа ти е „должност“ - тоа е силување. Тоа е простата разлика меѓу согласност и присилба. А ако треба да трпиш ти само за тој да не те изневери бидејќи не си се согласила, тури му пепел на таквото животно кое не знае да си го држи во панталони. Ова важи подеднакво и за мажот и за жената како лица на кои во моментот им се сака, а на партнерот не.
    Искрено се надевам дека членот кој така се изрази не мислеше на тоа, бидејќи... ужасна е и помислата.

    И не е точно дека токму атеистите се оние кои на темава бараат лоши искази или којзнае што за да ја оцрнуваат религијата. Посмешно нешто одамна немам прочитано. Јас сум верник, но не сум фанатик - тоа е таа фундаментална разлика. И јас, како верник, до збор се согласувам со сѐ што @Lella напишала во сите нејзини коментари. Атеизмот или било која религија во ниеден случај не се пречка за да се увиди нешто потполно изопачено; пречка е фанатизмот кој истото пробува да го оправда.
     
    На Lolo5, CameliaMiller, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.