1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светата тајна - Имот

Дискусија во 'Религија' започната од Gosh, 4 октомври 2017.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Ја отварам темава, за да си разјасниме зашто црквата го крие својот имот како змијата нозете.

    Зашто не плаќа данок, а нуди услуги за пари, и за што всушност ги користи тие пари и имот?

    И секако, зашто владите низ светот ги толерираат овие глупости? Дали затоа што се финансираат од нив?
     
    На WildMk, kikkki, glosipgirl и 27 други им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Хахаха ѕверка, ѕверка... и после зошто ми била омилена @Gosh :inlove::hug:
     
    На kikkki, *Amethyst*, Sungold и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    А зошто толку ви смета тоа што црквата не плаќа данок?
     
    На Таа Сум, melnicanecot и Rama им се допаѓа ова.
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Оти ја плаќам данок.

    Зашто на државата и смета ја да не плаќам данок? Зашто Државата и Црквата живеат на грбот на сиромаштијата?

    Зашто тебе како високо морална и просветлена персона не ти смета тоа?
     
    На kikkki, Lilit, glosipgirl и 27 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    ^Затоа што црквата наплаќа за свеќи и други услуги.
    А според Исус добрите дела треба да се бесплатни.
    Само нашава црква има свеќи од 5 денари нагоре, додека во Грција колку имаш ставаш и колку сакаш си зимаш.
    Се што даруваш во црквата треба да е по желба,а не со цени.
     
    На worrieddd, *Amethyst*, LollySky и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Нема долго да трае дискусијата ..

    Меѓутоа може отприлика се знае одговор или мислиме дека го знаеме .. како и да е. Еве да речеме го знаеме одговорот ..

    Што понатаму ?
     
    На kikkki и sjdgo им се допаѓа ова.
  7. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.723
    Да се свеќите само. Венчавки, погреби, осветувања леб и шта ти ја знам. Да умре човек му е страв.
    Не возат мерцедеси и џипови од свеќи. Иде да ти прска со вода дома, дај пари. Епа не те викнав јас бе бате за да ти дадам пари.
    Црквава и нинџите што се внатре ги оддалечуваат луѓето од религија или барем ги прави да се запрашаат уат д фак ис гоин он.
    А за даноците? Тие се божји пари, не треба да се даночат, оти гром во коприва удира, ако е нарачан од госпоѓа Стефан (heidy)
     
    На kikkki, black-angel, Elen4e_sonce и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Епа еве верниците да престанат да даваат пари, и да ја условат Црквата или која било друга религиозна организација да почне да плаќа данок...

    Али додека има овци, ќе има и волна...

    Уствари, ја ако не основам секта за некоја година и не барам да ми ја прифатат како религија, Гош да не се викам.
     
    На *Amethyst*, LollySky, Anacid и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    Јас не мислам дека треба да плаќа данок затоа што Црквата е институција која се разликува од другите институции. Некоја членка баш за тоа објаснуваше пред некое време. Црквата функционира единствено со она што верниците го нудат. Колку и што ќе дадат. Се сложувам и јас дека не би требало да постојат ценовници, како што човекот може на пример слободно да се исповеда и да присуствува на литургија, би требало исто така да може да се крштева, но тоа е што е, не судам, не ми смета.
     
    На Bender Rodriguez и Rama им се допаѓа ова.
  10. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Кажано е во Писмото, сите власти на светот се дар божји и како такви не се во надлежност на овоземната логика, секоја, апсолутно секоја власт е поставена од божанството, нема што ние да се замараме, наше е само да сме покорни пред било која власт, што и да прави.

    Сталин, Мао, Пол Пот, Адолф, Бокаса, Чаушеску...сето тоа биле дарови божји.
     
    На kikkki, LollySky, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Точно така треба да биде според Светото Писмо, бидејќи во Библијата јасно пишува:

    „Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител.“ (2 Коринтјаните 9:7, Библијата)

    Но кога ќе земеме предвид дека православните цркви за ништо не ја есапат Библијата, тогаш зошто ова би било исклучок? Лупни таму ценовници и заработувај од духовно неписмен и суеверен народ.
     
    На kikkki, *Amethyst*, LollySky и 4 други им се допаѓа ова.
  12. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Толку сум разочарана од ''свештените'' лица во црквата шо ова не ме изненадува и после револт ќе има кај луѓето, епа ќе има.

    Така е ама шо да преземиме?? Кога веќе работи како секоја друга државна и приватна установа треба и данок да си плаќа. Супер тема, но се согласувам со @Читател не тера долго..
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    А во твојата секта само духовно писмени се?
    Ок е да си друга вера, секта што и да е ама да нарекуваш сите православни кој се тоа со традиција а не со тропање по врати, духовно неписмени и суевеени е многу ниска работа и всушност говори повеќе за твојата некултура а не за православните верници.

    Мислам дека поради тоа што цеквата е одвоена од државата и не добива никакви бенифиции од истатат е ослободена од данок.
     
    На MynameisHelen, НаталиЛили, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Без разлика што ќе предложиме, ништо народов нема да превземе. Ќе си ќути и ќе си плаќа. И оро ќе игра. Знам една пријателка цело време плука по свештените лица. Почина мајка и, си викна поп, му даде според ценовникот, дури и повеќе бидејќи тој и рекол „Толку е тарифата и од тебе што ќе дадеш“. Попов бесрамно и бакшиш си побарал :D ама и си добил. Срам не срам, вечерта он си омрсил брковите, а женава бесна лута ми вика леле овој ме ограби... а ја и викам: Не те ограби тој, ти самата му ги даде парите. Лупај си главата од ѕид да ти дое памет, не туку го криви попот. Тој си го знае бизнисот, а ти давај му парите.
     
    На Elen4e_sonce, *Amethyst*, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Темава за инат се отвори одма контра за света-тајна брак,така нешто :rofl:

    Абе срцки ми сте кога ќе ве прочитам за ценовниците во православните цркви(што додуша и јас лично не ги "одобрувам"-ама која сум јас да кажам што треба или не треба?) е сега да се навратам на главната поента која толку боде очи,посебно на @EvAngelos и компанија.
    За Ватикан ќе кажете случајно збор два,или за протестанските секти:D или послабо8)
     
    На *Amethyst*, Читател и carangigia им се допаѓа ова.
  16. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Кај католиците погребот е бесплатен а и крштевањето на деца. И ред други услуги. Тоа го финансира самата црква. Истото е и кај протестантите.

    Само кај нашата црква функционира системот „дери-коза“.
     
    На *Amethyst*, LollySky, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Е зошто сега и од тебе ваков начин на дискусија бе мила?
    По што тоа сме му ,,компанија“ на @EvAngelos ние останатите што сме против ценовнициве? Нема ниту еден друг (барем моментално активен) протестант тука, ниту пак католик. Против ова сме и помалку религиозните, агностици/атеисти, но и многу од самите православни верници.
    Како тоа која си ти да кажеш што треба? Баш заради оваа верска покорност и се дешава ова. Секој има право како граѓанин и како некој што верата ја поврзува дека треба да асоцира на скромност и хуманост, да се побуни против ова дека НЕ, не е во ред.
     
    На kikkki, *Amethyst*, LollySky и 12 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Католиците наплаќаат влезници во одредени катедрали.
    И муслиманите наплаќаат во мега популарните џамии (пр. Аја Софија).
    Во Виена во позната катедрала каде што Исус е на самиот врв изрезбан од чисто злато наплаќаат 20евра влезница за да се искачиш на највисоката кула од катедралата со многу скали.
    Фала ама не,не треба да се плаќа Божјо место - свето место.
     
    На theowndemon и Rama им се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial Пак ќе нагласам дека не се сложувам со ценовниците и не ги одобрувам во никој случај :)
    Не сум ни некоја светица ниту грешница преголема,ама не се "мешам" со тоа што ќе се пожалам,друг нека го "бери гревот"-јас како верник ќе испочитувам некои си останати традиции колку и да звучат "наметнати".
    Често одам во Црква и оставам колку што можам,во глобала скромно по некое денарче.
    Мислам дека претерано е со цените за погреби,парастоси,крштевки и венчавки,но од друга страна си викам дека ако имаме пари за друго ќе имаме и еднаш да платиме за свадба,крштевка и слично.
    Колку што ми сметаат официјалните тарифници,во многу поголема мера(ова ќе звучи како благо оправдување на мојата Црква,ама морам :D ) мене повеќе ми смета Ватикан како институција која пери не милионски туку милијардски суми,ма колку и да велиме ние дека кај католиците и погреб и свадба е бесплатна,тука во споредба со МПЦ се игра многу помрсна и подлабока игра.
     
    На *Amethyst* и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  20. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Најбесмислен ми е данокот за гробно место што се плаќа кај нашата црква. Имам член од фамилијата кој е починат и ние мораме да плаќаме данок за гроб. Барем со тие пари што ги собира црквата да отвори народни кујни за сиромашните и бездомните лица и да дели храна, нема да ми биде искрено криво и да давам пари.
     
    На Elen4e_sonce, *Amethyst*, PaLaVa и 8 други им се допаѓа ова.