Се прашувам дали и во храмовите низ светот не плакаат даноци а наплакаат за свеки , погреби , крштевки , свадби и итн ?
Црквата е сепак секогаш подобро засолниште од оние кои имаат можност да се засолнат во неа. Што сме појаки во верата и таа станува појака, посовршена. Инаку би не заслепила преголемата светлост за која сме духовно неспремни.
Шала на страна..оваа тема не е за во религија, правец корпа..сите мислења , прашања и одговори ги има одговорено во соодветни теми, во се што сакате да знаете во врска со религијата. Прво, имотот не е света тајна, @Gosh душо, твојот хумор е беспрекорен исто како и твојот цинизам, сакам да те читам..но, ИМОТОТ НА ЦРКВАТА Е ЈАВНА ТАЈНА не е убаво да се спрдате со вакви работи..данок ќе се плаќа кога црквата ќе издава фискални сметки..толку, чао
Срцка, морам да те пофалам за вториот коментар. Многу ми се допаѓа што го напиша тоа не ги одобрувам без наводници. Се додека немаме храброст да го пишеме тоа не ги „одобрувам“ без наводници, ќе не молзат и ќе ни ја стрижат вуната, како народ зборувам. Кога реформаторот Мартин Лутер во 16ти век ги заковал 95те протесни тези против Католичката црква, тој не ги ставил во наводници, туку храбро, јасно и гласно напишал за сите пародии што ги прави Католичката црква а се косат со Светото Писмо. Меѓу другото се побунтувал и против ценовници и против „наплатувањето за прошка на гревовите“. Да ставел наводници и да си молчел, Европа можеби се уште ќе беше во мрачното доба и јаремот на духовното ропство на Католичката црква. Главната пресвртница била кога го ставиле авторитетот на Светото Писмо над секој поп, секој свештеник и над папата.
Во потребата да ја нападнете црквата не знаете какви небулози да напишете. Гробиштата на пример во Скопје се сите под ад Бутел, нив им се плаќа гробно место по 2000 евра и 1350 денари годишно за одржување на местото, црквата буквално нема никаква врска со гробиштата а уште помалку наплаќа данок за гробно место. Не гледам никој да се буни за огромните цени на Бутел, обврзувачката политика да земаш од нив опрема за смртни случаеви инаку нема да ти ги даде државата тие 30.000 ако сакаш да си поминеш дупло поефтино со друга погребална служба, за не можноста да ги уплатиш тие пари за одржување на смека зошто сеуште издаваат каса прими, за безобразието ако не си ги платил тие за одржување ти праќаат заканувачко писмо дека ќе го откопаат покојникот а си платил 2000 евра за гробното место........ама они плаќаат данок на државата.
Тоа зависи од местото на живеење и од вашето водство или како да кажам незнам за да ме разбереш. Во моето место нема такво нешто.
Сите филозофирате а никој не одговора конкретно на прашањата. По правило, ова е тој „sид“ меѓу црквата и владата. Замислено е да не плаќаат за да се подалеку едни од други. И вака постои врска меѓу нив ама е значително помала отколку во случај да плаќаат. Еден од условите е црквата никогаш да не се меша во политичките кампањи. Во случај црквата да плаќа данок, ќе дојде до фаворизирање на политичката партија која се залага за помали даноци над нив. Идеално црквата треба да користи дел од парите со цел да им помогне на оние кои што ѝ служат и на заедницата а останатото за купување свеќи, книги, мантили, обнова на инвентар итн. За жал реалноста е друга, си го злоупотребуваат правото - Скиентологијата и Ватикан се само пример. Кога веќе зборуваме за пари и цркви, сеуште не е актуелно тоа кај нас ама има случаи кога црквата отворено инсистира на донации. Во Германија некои од верниците го плаќаат данокот на црквата на годишно ниво. Ги почитувам сите, и тие што веруваат и тие што не веруваат ама отворено ако си правиме муабет вербата кон Бога треба да е безусловна затоа верниците се баш тие првите кои треба да се побунат а не атеистите од страна. За сите да спиеме подобро ноќе да речеме дека дел од парите одат во магичен вортекс кој ги носи до рајот, за изградба на ангелски казина. Ka-ching!
Не е точно дека Црквата не плаќа данок - плаќа. Плаќа данок на имот. Секој свештеник е регистриран како занаетчија - поединец и врз тој основ плаќа персонален данок, пензиско и здравствено осигурување. Единствено не се оданочени свеќите, иконите и книгите кои се продаваат во црквите.
Затоа што имотот не е Света тајна, а всушност темава е дупла. https://forum.femina.mk/threads/МПЦ-бизнис-корпорација-или-верска-институција-за-народот.23502/
Да, темата е дупла и треба да се затвори, и мислењата да се префрлат, ама да се менува насловот оти тебе така ти текнало, а не е надвор од правилата, тоа е твој проблем. Исто како што не е мој проблем што некој нема умствен капацитет да разбере што уствари сака да се каже со насловот.
Гош, немаш појма што значи Света тајна и не терај многу мајтап со нешто што не треба. Што да се очекува од мразачка на луѓе... Темата е пријавена и модераторите ќе средат. Барем тие имаат осет и разбирање.
Добро, црквата нема никаков удел во сето тоа и од претерана сиромаштија возат поповите џипови од 100 000 евра.
https://forum.femina.mk/threads/Прашање-за-форумот.10089/page-211#post-3621138 Не е за оваа тема, ама е за бессмислените теми. Во принцип, ова е јавен форум и секој може да дискутира за што сака, а се што можеш да направиш ако ти смета тоа е да ја игнорираш личноста/темата, колку и да нема смисла. Едноставно, не може туку така да се цензурира. Колку луѓе-толку карактери-толку верувања. Секој со своите убедувања, не може да се брише некој само затоа што не се согласува со нас.