1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светата тајна - Имот

Дискусија во 'Религија' започната од Gosh, 4 октомври 2017.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Тоа што возат џипови од 100.000 евра нема врска со тоа што ти го напиша.
    Гробиштата се на ад Бутел во Скопје во другите градови се на градот, црквата нема никаква врска со сопственоста на гробиштата, со наплаќање на гробни места или па наплаќање данок.

    Сите се буниме за тоа што попот наплатува 1500 - 2000 денари за опејување на покојникот а никој не се буни за наплатување на 2000 евра гробно место, мртовечки сандуци и другите потрепштини 3 пати поскапи него кај приватните погребални служби, наплатување 10.000 за една вечер во капелата....сето ово ми изгледа како многу поголемо дерење него на попот.
     
    На sonuvana, ♡BuBaLe♡, НаталиЛили и 4 други им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ауфф, а ти па знаеш? Кога баба рада те праша што е света тајна, се што направи ти беше пребарување на Google и копи-пејст од следниов линк:
    http://www.spe.org.mk/index.php?opt...-sila-na-crkvata&catid=41:katihizis&Itemid=84

    А и текстов помистичен и не може да биде.

    Дозволи да ти објаснам што е света тајна без копи-пејстирање од линкови. Кога црквата си правела бизнис со верниците, со цел да ги направи зависни од неа (т.е. да не може да се венчаваат или крштеваат од луѓе кои не се работници на црквата) ги измислила овие свети тајни. Поентата е демек само свештеник од МПЦ може да извршува света тајна, што би значело демек само тој може да те венча, да те крсти, да ти даде причест итн. И на тој начин луѓето ги држи во зависност од црквата со заплашувањето дека ако не ја купат „услугата“ од нивните опслужници, дека нема да фати „магијата“. :cash:

    Бај д веј, бракот на пример си постоел уште пред појава на христијанството, па и пред Мојсеј. Бракот не е никаква тајна. Тајна е на пример како тоа МПЦ ги венча Никола Груевски и Владо Бучковски со нивните нови жени? Како помина преку нивните разводи со старите жени? Таа „света тајна“ ти објасни ни ја :)
     
    Последна измена: 5 октомври 2017
    На kikkki, *Amethyst*, Црна Ружа и 7 други им се допаѓа ова.
  3. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Тоа беше саркастичен коментар, ама кој да разбере. Таа политика се крои заедно со црквата, немој да бидеш толку наивна.
     
    На LiliBoz и Gosh им се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Оф бре саркастичен бил коментарот, ок јас не сум сВатила.(facepalm)

    Да, да сигурно ад Бутел од сиот тој профит што го прави дели со црквата......и прасињата летаат.
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Разводот не е ништо ново... Разлика е што за првиот брак и за понатамошните се пеат различни молитви. Вториот и понатамошните не е брак туку покајание.
     
    На korisnichka и Orthophill им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.147
    Допаѓања:
    76.568
    Пол:
    Женски
    Евангелосе, што си вака нервозен и фрустриран? :D

    Еве и со мои зборови, уште поскратено и поедноставно. Ах бе, душички отпаднати полни со негатива. :D
     
    На 8463., korisnichka, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Не си сфатила, а и сега не сфаќаш. Ај, ќе разбереш некој ден.
     
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.564
    Пол:
    Женски
    Света Софија во Истанбул е музеј од 1935 год
    Свети Стефан во Виена е бесплатна за влез, ама ако сакаш all inclusive тура, тогаш чини 13,9 и 17,9 евра



    Во однос на темава, разочарана сум од самиот факт што верата има цена во Македонија. Ако не платиш, нема крштевка, нема свадба, ништо.. Ако не платиш, ќе те закопаат без поп .. На страна тоа што Бутел наплаќа ненормални цени за гробно место. Еве на Камник не е така, по селата не е така. Во Варвара не е така на пример, а на повик идат попови од Драчево .. И за мене не е тоа спорно.
    Спорно е што си имаат тарифник, па наместо секој да му даде колку што има, тие си зацртале 6000 ден за нешто и готово..
    Некој еднаш во друга тема рече дека ако одиш во црква и ги замолиш, дека ќе дојделе и за без пари .. Ама не разбирате изгледа дека не треба да ги молиш, треба да бидат свесни дека таквото нешто нема цена..
    Едноставно нема цена..
    И после зошто луѓево од ден на ден се помалку веруваат во Бога?! Па ајде да не почнат допрва, кога гледаат како црквата заработува на нивната мака..
    За имотот нивни не сакам ни да зборам, се наполнија со пари, само шири џебот и собирај богородички во него, 1000 по 1000 еееехеее, палати изградија.. Данок немааа..папала маца.. кој ги видел тие пари охх леле
     
    На *Amethyst*, PaLaVa, Doozy и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.251
    А за што ја пријави темата?

    Што пиша у тоа црното поле, молим те?
     
    На Nausicaa, parksey, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Тоа и ми е поентата околу верската покорност. Не е во ред да биде толку силна што води кон целосна покорност и спрема црквата како институција.
    Никој овде не „бере грев“. Не е грев тоа што некои од православните верници овде и во другите теми го критикуваат дејствувањето на МПЦ како институција со цените - заради себе, но мислејќи и на другите посиромашни верници од нив, како не можат да си ги приуштат нивните „услуги“ и што треба да се срамат од истото пред ценовниците, да молат и сл. И таа искажана критика и разочарување не ги прави помалку верници.
    Не ме сфаќај погрешно, но премногу чувствително гледате на сè во категоријава. Дури ни различни сфаќања околу самата вера (како во тема за Божјото казнување) не се навреда кон религијата - туку дискусија, а уште помалку па овие дискусии за МПЦ и свештениците. Црквата и свештениците не се еднакви на религијата што ја претставуваат, туку се луѓе коишто од оваа специфична и чувствителна област си направиле професија, па дури и сè повеќе ја прават пазар и бизнис со што ја оддалечуваат од луѓето :)
     
    Последна измена: 5 октомври 2017
    На *Amethyst*, Nausicaa, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Хахахахах па добро логично е дека има разбрав штом пиша. :rofl: За тоа вашата локална самоуправа е виновна нашата не сигурно или некоја друга.
     
  12. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Ок.


    Јас ти гарантирам дека 99,9 % од форумџискиве „верници“ немаат на еден просјак или бездомник дадено десет денари да си купи леб и исто така ти гарантирам дека многумина од овие „верници“ се обични фолиранти и ништо друго. Ова дека рипаат ептен за црквата. А МПЦ колку ги има умешано прстите секаде охохоооо тоа да не зборуваме.

    Јас пишав, барем да имаше на секое можно ќоше народни кујни од тие пари што ги добиваат од нас, за бездомниците и за оние со кои животот бил суров- ќе сфатев дека има и поента давањето пари во црква.

    Наместо тоа, тие ми градат овдека цркви (како да немаме доволно).

    Село гори, баба се чешла. Тоа што има еден куп бездомници црквата не ја интересира ништо. А ми пропроведаат тука дека треба на секого да му помагаме. Самите тие не помагаат...
     
    Последна измена од модератор: 5 октомври 2017
    На kikkki, Gosh, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  13. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Поентата е, без пари не можеш да бидеш верник и да му бидеш угоден на Бога.

    Ја не верувам дека Бог тоа така го замислил.
     
    На Nausicaa, theowndemon, marchi-cool и 3 други им се допаѓа ова.
  14. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Види ако ги оданочат после тешко нас одма ќе ги покачат нивните услуги така да на крај ние ќе си го платиме тоа оданочување а не они.
     
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.564
    Пол:
    Женски
    Ако ги оданочат и ги покачат услугите, ќе плаќаат повеќе данок.. кај ти дава поп ..
    Дури и кога се давел, му рекле - дај попе рака.. тој рекол, зошто да ти дадам, дај ми ти:lol:
     
    На Yowannty и +++ им се допаѓа ова.
  16. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    E да тој требал да му каже попе нати рака :D
     
  17. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Никаде нема, гробиштата се под Комуналец, т.е. на комуналното претпријатие. Таму се плаќа за резервација, не во црквата.
     
    На Vitaly, Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  18. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    @Gosh А каде е таа информација дека не плаќа данок за земјиште ?
    Бидејки во УЈП е регистрирана како даночен оврзник ?!
    Дали знаеш дека Манастирите кои се прогласени како Споменици од културно наследство плаќаат основни давачки како Индустрски објекти?
    Одноно доколку ние плаќаме струја по една тарифа пример месечно 3000 ден они плаќаат струја од 3000 евра .
    [​IMG]
     
    Последна измена: 6 октомври 2017
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    ТУШ:clap:
     
    На korisnichka и melnicanecot им се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.251
    Од каде им се тие пари да платат данок? :^)

    Аааа, да, работат на црно, без да ги оданочат парите, за да имаат што повеќе да лапнат од кога ќе платат данок на имот и од кога ќе си платат осигурување поповиве...
    Ем на црно работат, ем цени од џеб вадат за технички непостоечка услуга, па и си се водат ко вработени... Срциња бе.

    Ако веќе се плаќаат, каде е проблемот да плаќаат данок и за УСЛУГИТЕ кои ги даваат? 90 посто од парите од таму ги земаат...
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.