Според законот за даноци на имот, згради и земјиште на верските заедници се ослободени од плаќање на данок на имот. Верските заедници се ослободени и од плаќање данок на подарок и наследство (т.е. парите што ги земаат од граѓаните кои не знам како може да се рачунаат како подарок, кога истите се плаќаат по ценовник). Ова е од законот. Дајте да видам каде пишува за манастирите.
@Gosh Ок па побарај им годишен извештај на МПЦ за да им ги распределиш парите бидејки гледам доста добро се разбираш од тој проблем. Ти ова грижа од аспект на православен верник ја исповедаш или од Инспектор во УЈП ?! Чисто ме интересира Види под Објекти заштитени од министерство за култура
Помогни бре друже во истрагава моја. Еве јас читам во тарифниот систем на евн верски објекти во кои не се врши стопанска дејност спаѓаат во категорија на потрошувачи "домаќинства", а спомениците под "јавно осветлување".
Na prijava na gradeznata inspekcija za postavuvanje na zid od 2 metra okolu crkoven objekt vo naseleno mesto bev informirana deka za verskite objekti ne vazat zakonite za urbanizam tuku mozat da ai pravat sto sakaat. Bev predupredena deka ke mi frlele anatema ako si gi baram pravata soglasno so zakonot za urbanizam. Taka da odejki po vratite za da si go zashtitam imotot sfativ deka crkvata e dlaboko navlezena vo urbanata mafija za zal.
Ако е нешто charity, милостина, доброволен прилог, тоа никаде во свет не се оданочува, драги мои. А не можеме да ги сопреме верниците да даваат прилози за Црквата. Тоа си е приватна и лична ствар, зарем не? А освен тоа, така советува и светиот апостол Павле: ако сме го посеале при вас духовното семе, многу ли е, ако го ожнееме кај вас телесното? Ако други имаат дел во она, со што располагате вие, тогаш колку повеќе ние? итн. (извадок од 1 Кор, 9) Овој текст исто така може да расветли некои работи http://mistagogia.mk/kuraev-crkvata-i-parite-3/ И не туку скокајте за работи кои не се во вашиот домен на интерес. Колку да се кажело нешто. Ве одра Црквата, брееј. Они у црква не стапнале па паметни се праат за сенешто. Не ви проаѓа кај мене, да знаете. „Благодатта на светите тајни во Црквата нема цена. Но, човекот што го гради своето спасение преку светотаинскиот живот во Црквата треба да знае, дека од него се очекува и да ја поддржи Црквата материјално (…ако сме го посеале при вас духовното семе, многу ли е, ако го ожнееме кај вас телесното? – прашува св. ап. Павле во 1Кор 9,11 и неговата поента е многу јасна, секако, во контекст на целото негово послание). Како христијанинот ќе го направи тоа денес? Со купување на црковни свеќи, даренија и со одредени парични суми што ќе ги дава во клучните моменти од животот. Ако се направи една груба пресметка на сите црковни услуги (услуга е технички термин во случајов) што би ги искористил еден член на Православната црква кај нас во текот на својот животен век (крштевка, венчавка, погреб), сумата не би била поголема од половината на една просечна плата во Македонија. И во ваквите услови, како што заклучува и Кураев, да се биде православен би било „најевтино“. И на крајот на краиштата, во Црквата може да се живее и без да се придонесе материјално (освен тоа, да споменеме дека Црквата одвреме навреме организира масовни крштевки и венчавки коишто се бесплатни). А ако некој навистина не може да ја плати одредената сума за одредено црковно дејствие, не можеме да бидеме цврсто уверени дека некој свештеник би го одбил таквиот. И ако се случило тоа, секако, станува збор за изолиран случај, но не и за генерална карактеристика. Но, ваквите негодувања најчесто произлегуваат, а ова е сведоштво на личниот опит, од оние номинални христијани кои материјално се и повеќе од моќни да платат за трудот на свештениците. На пример, за венчавка, истите тие, откако ќе ја платат за нив „високата“ сума и ќе поговорат за „алчноста“ на свештенството, подоцна ќе дадат многу повеќе за услугите на кетерингот, дотерувањето, а да не зборуваме за музиката. Во повеќето случаи овде станува збор за човечката психологија. Откако при дискусија на оваа тема ќе се објасни зошто постојат „тарифници“ во Црквата, веднаш соговорникот преминува на друга „валкана“ тема од црковното живеење. Во стилот: ама свештениците се вакви, тие се онакви, како јас да постапувам правилно. Значи станува збор, пред сè, за духовната состојба на луѓето и нивната психологија на самооправдување, со што си ја потсмируваат совеста за својата неактивност (да не работат на себеси). Ова не е апологија на свештениците (или поповите, како што би рекле некои критичари на Црквата, термин во кој веднаш се чувствува негативната конотација на нивниот пристап). Главната цел е да се објасни постоењето на феноменот црковен „тарифник“ кај нас. Можеби има, а сигурно има, да не се лажеме, негативни примери меѓу свештеничкиот клир, но има и многу светли образи кои треба само да ги воочиме и подражаваме. Но, од нас зависи кој пример ќе го видиме и следиме. Тука е слободата, но и одговорноста.“
Кoгa пoстoи ценoвник, требa дa плaќaaт дaнoк. Дaнoк не се плaќa зa дoнaции, a висинaтa нa дoнaциите се пo желбa, мoжнoст. Знaчи aкo немa ценoвник кaј свеќите, крштевките, пoмените и нaрoдoт oстaвa кoј колку мoже, тoгaш е oпрaвдaнo дa не плaќaaт дaнoк. Вo спрoтивнo е криминaл. Имa луѓе кoи се пoзaјмувaaт зa дa нaпрaвaт пoгреб. А зa рaзликa oд крштевкa, венчaвкa, тoa мoрa дa гo нaпрaвaт. Срaмнa е пoстaпкaтa нa црквaтa. Грoбнo местo вo Бутел кoштa пoскaпo oд м2 стaн. Крштевкa. Oвa ми е нaјбoлнa темa. Дететo гo стaвaш вo "редoт" и зa тoa плaќaш. Нoн сенс. Црквaтa требa дa гo дaрувa нoвиoт член, a не дa нaплaќa. Зејтинoт кoј гo oстaвaме зa здрaвје...пa би бил зa здрaвје кoгa би се дoнирaл нa oние кoи немaaт. Дaвaјќи гo нa пријaтелoт штo имa дуќaнче пo пoлa ценa, не е бaш зa здрaвје. Иритaнтнa е темaвa. Oд еднa стрaнa си јa сaкaме верaтa, a oд другa стрaнa пoпoвите се тие кoи ни ствaрaaт aверзијa. Зaтoa се пoчестo луѓетo велaт - верувaм вo црквaтa, вo пoпoвите не. Всушнoст кaкo и сo држaвaтa. Сите јa сaкaме, нo oние кoи фaтиле фoтељa (еквивaлент нa мaнтијa вo црквaтa) не примoрувaaт дa зaсaкaме други држaви. Зaклучoк: кaкo ни свират, тaкa игрaме....и пoнекoгaш зa тoa пишувaме нa фoрум
Добро @sanjaeva, те разбирам, и посебно ми се допадна последниот дел од твојот коментар. Но, погребот со свештеник воопшто не е обврска. Ова е малце маѓепсан круг. Ако не си верник, што ќе ти е погреб. Ако си, не ти е проблем да ги испочитуваш правилата на црковната заедница. А за Бутел, сигурна си дека гробното место има врска со поповите, пошто нели они највише бодат очи? Нели е тоа комуналното претпријатие кое управува со парцелите? Ај да не шириме дезинформации. Едит: за ценовниците мора да постои оправдување по закон, инаку досега не би опстојале. А кој сака бесплатно, ене ви ги манастирите. Нема ценовници во манастирите. Можеш беспари да се крстиш и венчаш и погребаш. Ова за тие што не знаат, ако сѐ уште има некој таков. Додека тие што знаат, верувам дек не останале рамнодушни од убавините, па многу е веројатно дека и пуштиле нешто во касите за прилози, или барем си купиле нешто од манастирските економии. Дегутантна е веќе темата. Но, за волја на вистината треба да се знае што е што.
@korisnichka Црквaтa е тaa кoјa требa дa зaстaне зaд свoјoт нaрoд. Иaкo е Бутел кoм.претпријaтие, црквaтa мoрa дa се зaземе пo oднoс нa oвa прaшaње. И не е oбврскa дa имa пoп нa пoгреб, нo не мислиш декa не е вo ред ни aкo немaш пaри дa немa. Пa нели пoпoт кaкo свештенo лице сo свoетo пеење јa испрaќa душaтa нa пoкoјниoт кaј Бoгa, a нa присутните им вдaхнувa мир и им дaвa нaдеж декa oди нa пoдoбрo место. Ништo не мoрa, нo дaли е вo ред дa е тaкa aкo лицетo е христијaнин? Дa...мoже грип дa се лечи без пoсетa нa дoктoр, нo пoлеснo е кoгa ќе ти кaже дoктoрoт штo, кaкo.
И народот треба да стои зад својата Црква. Ако немаме на кого да се потпреме од Црквата како институција, тогаш не би рекла дека сме дел од неа и не знам кој ни го дава тоа право да бараме да ни се излезе во пресрет. Немам што повеќе да кажам. Ги повторувам моите аргументи. Црквата е заедница на браќа и сестри собрани во Светиот Дух Господ, заради името на Богочовекот, Спасителот Господ Исус Христос, Единородниот Син Божји Кој од Дева Марија Богородица и Светиот Дух се воплоти за нас и нашето спасение. Коешто спасение патем, не ни се наметнува со сила. Уште ли да се повторувам? Нема цена за тоа, дали ме разбирате? Кој разбра - разбра, кој промаши - навистина промаши.
Твоите аргументи се наспроти нашите и со ништо не се поголеми. Ние сме дел од народот и сме позади нашата црква. Никој од нас не направил драма кога купувал свеќи и не барал фискална, но револтот постои. Тоа што сметам/ме дека црквата треба да биде со народот не е грев. Кажи ни дека не знаеш дека попови се тепаа кој ќе биде за задушница распределен во Бутел. Кажи ми дека немаш слушнато дека тарифата за пеење на тој ден е различна во Скопје и Прилеп. Дека венчавање има различна цена во различни градови. Е сега не знам дали ако поскапо платиш си поблиску до Бога, или едноставно е во прашање пазарна економија. Зголемена побарувачка, зголемена цена. Не те тагнувам зошто рече дека ја напушташ дискусијава.
Не ме тагнуваш ама ми се обраќаш. Не ги знам тие работи за кои ме прашуваш. Можам само да ти кажам дека мене во црква ми имаат кажано да платам, ако имам. Ако имаш примери каде што некој бил одбиен затоа што немал да плати, повели изнеси го. Ако знаеш пример каде што е наплатено исповед и причест, кажи го. Тоа не е во ценовниците. Не се наплаќа. Последното за пазарната економија не ти го чепкам, твое расудување си е. Мило ми е што се декларираш дека стоиш / стоите зад црквата.
Само римокатоличките! Кога го донесоа законот за крематориуми, Скопската епархија излезе со став дека нема да ги опева тие што ќе бидат палени.
Правилно. Не сум знаела за ова. Не можеме и во воскресение да веруваме и коските да си ги палиме. Но секој за себе си одлучува.
Единствен случај кога може да се изврши опело над човек што ќе биде пален е ако имал тестамент дека сака да биде погребан, но семејството решило да биде запален. Во таков случај владиката може да даде дозвола.
Лично сум против кремирање, како и повеќето верници. Но, сум присуствувала на неколку кремации и секогаш било со свештеник и опело. Поради тоа и напишав дека кремирање може со свештеник. Поточно ако веќе парите им се најбитни на поповите, тогаш ете, може и тоа. Мило ми е што МПЦ има јасен став околу ова прашање.