Apparently, покојникот нема да го најде патот до светлината. На Водици како и секоја година дојде едно попче да пее софра. Додуша ова е трета година како мајка ми зема слава. Небитно. Доцнеше заради снегот. Биле претходно со колегата во некое село на фрлање на крстот, па на враќање заглавиле со џиповите во снег. Испеа што испеа, па зема ми објаснува доживљај. Па какви гуми имале па кој излегол, кој гурал, кој не знам што праел. Со брат ми се гледаме преку маса, дур овој ревносно внесен објаснува. Еј му викам, како вицот. Ми вика кој виц, викам знаеш оној со попот и џипот. Се насмеа, зема парите и си замина. Па после мајка ми ме масира како не ми било срам да му го речам тоа. Е зошто де да ми биде. Ја имам учество во тој џип. Абе респект. Абе чорба.
Не стварно, каде има крематориум кај нас, и дали го нема оти после ќе немаат поповите каде ,, доброволно ,, и без наплата да пеат умрен? И ве молам без она дека тоа е против вашата вера, многу луѓе би се кремирале оти е поевтино и по рационално, и со ризик да не ги пее поп - и они тоа го знаат, па затоа нема. И второ, не се гробиштата само за христијански верници, нас другите не не фрлаат на буниште. Али боље лечити него спречити.
За наследниците на садукејската ерес никаква. За оние кои веруваат во воскресението, а особено за оние кои веруваат во Господа Иисуса Христа и во Неговото свето Евангелие - многу! Зашто Христос покрај тоа што го сведочеше Воскресението на мртвите пред триклетите садукеи, го кажа и ова: - Вистина ви велам: сè што сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сè што разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото. (Матеј 18,18 )
Во Животот на православната црвка има запишано многу чуда каде баш таа молитва и молитвите од живите за упокоените допринеле за воведување на душата во Царството небесно наместо во пеколот.
Де де. И овде како и во политика, за критика да не се знае. Ќе да е некој македонски антички синдром. Ние сме најбоље у свет. Ај степајме сеа и за коњот, овај џипот на попот. Бидете си верници, ама немојте да ми браните неверници. Од вакви попови се помалку верници има. А и сите го знаеме она старото што го рекол попот - "Не ме гледај ја што праам, слушај ме што ти зборам." Епа таков да почитувам? Кога оној што треба да биде пример не е? Дај не припаѓај те во несвест. Верата секој си ја носи во себе. Секој си верува во она во што си верува. Тамам работа да се чекаше на поповите, немаше верник да остане. Пошто оние што највеќе треба да пропагираат човечност, милосрдие, споделување, хуманост, тие пропагираат блуд, пари, моќ, политика. И тоа што ќе дојде и ќе ми испее една молитва ама ич не го праи добар човек.
Да се навратам за џиповите. Спојлер: возен парк на мпц Евангелие по Матеј, Библија Нов Завет „Не собирајте богатства на земјата, кадешто ги јаде молецот и рѓата и кадешто крадците ги поткопуваат и крадат, но собирајте си богатства на небото, кадешто ни молец, ниту рѓа не ги јаде и каде што крадци не ги поткопуваат и крадат.“ Спојлер: приходи на црквата Приходи на црквата, верската заедница и религиозната група Приходите на црквата, верската заедница и религиозната група се од сопствено финансирање, приватна филантропија, донации и други форми на финансирање. Црквата, верската заедница и религиозната група самостојно располагаат со стекнатите приходи, во согласност со закон и со прописите на црквата, верската заедница и религиозната група. Финансирањето на црквата, верската заедница и религиозната група, како и трошењето на финансиските средства е според регулативата за непрофитните организации и организациите од јавен интерес. http://faktor.mk/kolkavo-e-bogatstvoto-na-mpc/ Спојлер: возен парк на некои успешни мк компании Разликата е во големината и цената секако. Работата ич да не ја мериме, се знае кој работи. Профитот ...упссс црквата е не профитна. И @Bitter-Sweet зошто бодат очи џиповите?
@sanjaeva нивна работа тоа. Не треба да ме засега ни мене ни тебе тие што имаат и што прават. Мене поповите ми излегуваат во пресрет и тоа е доволно за да ги ценам и почитувам, надвор од црквата што прават небитно. Барем за мене.
Како небитно бе битер? Нели верата налага ако некој прави нешто неморално да го предупредиш? Еве, го разбирам. А ти?
Мене па воопшто не ме интересира нечие богатство ако не се заработени криманално,тоа е во ред не џипови авиони нека имаат,јас ги почитувам поповите и секогаш се тука да ни помогнат за духовно да се воздигнеме. Тие се служители на Господ
Попови и оџи треба со закон да се забранат. Нека си најдат нова професија, а не да крадат од сиромаштијата на слепиот народ. Или нека работат по цркви и џамии доброволно без пари (откако ќе им заврши смената на друга платена работа), ако се толку побожни....ама нашле овци и нека стрижат.
Како кој колку сака дава? А ценовник што имаат во црква? Така за украс стои? За пеење леб за слава, за светена вода? За бројчаник? Кој колку сака остава или во лице попот ти кажува 200 денари да му дадеш? Дома кога ќе ти дојдат зошто не е бесплатно? Не знам кај живееш, ама врати се во реалноста дека го ограбија народот.
Аман бе луѓе, во ред се џипови и куќи од по три спрата, да не заборавиме, бидејќи се попови. Тоа е мошне слаб аргумент. Преку себе одите за да ги одбраните нив, ние работиме за 12000, ете јас конкретно работев за 6, со години.
Не дава кој колку сака. Има точно одредени цени во црквите, како за услуги од секоја друга обична услужна дејност. Со сила никој не тера никого да плаќа, туку тие чувства на стравопочит, желба, потреба да се испочитуваат сите обреди и мирот кој го добиваат од тоа луѓе што се држат до религијата – се користат за да се профитира. Сега појасно ли е што пречи и боде очи?
Читате вие што пишувам јас или враќате само да се пише онака контра? Никаде не го употребив зборот ,,колку".
Кој сака дава? Што дава? Кој дава? Ваљда си мислела кој сака дава ПАРИ. Не кој сака туку СЕКОЈ верник мора да дава... Сакал, неќел... Ептен треба да си безпари за да не плаќаш ништо и да молиш по поповите за да не платиш.