Кога сме на темава давачки... Е, и овој Моџо е отиден! http://mojo.mk/article/35-drugi-davachki-koi-mozhe-da-gi-vovede-mpc-osven
Значи мислам дека единствено кај нас го има тоа, црквата да има тарифа за крштевки, свадби, погреби. Цена на свеќи, светење на вода и леб за слава... Дали доколку некој нема, не треба да си дозволи ништо од ова? Дали за некои луѓе црквата претставува луксуз? Прашања кои ме мачат...
На многу луѓе ги мачат, но не би ги мачеле кога би имало задолжителен прилог нешто како црковен данок Но нели, сѐ е на доброволна база, и тогаш не ми е јасно зошто не го почитуваме востановениот поредок кога веќе имаме желба да бидеме дел од црковното живеење, да си ја практикуваме верата. За сликањето нема да коментирам, но во секој случај не сум таа што треба да судам. И секако, не сакам да судам. Верувам дека секогаш има подобар начин на справување, но од искуство знам дека најгласни за тарифите се тие што одат најнередовно, така што немам намера да се замарам со објаснување. Јас си ја прифаќам Црквата каква што е, мене свештениците никогаш не ми суделе за мојот живот. Напротив, сум била прифатена и утешена и фала на Бога за тоа. Нема да им судам ни јас.
Многу подобро би било доколку има задолжителен прилог месечно, годишно како и да е.Нормално дека ние не сме надлежни да судиме, но е жално со црквата да се прават пари. А (не)редовноста, не го прави човекот (не) верник, и црквата мислам дека сите ја прифаќаме каква што е, но поповите, владиките и не баш. Жално е кога еден поп ќе ти дојде на врата за да ти чати вода, му кажуваш дека немаш ништо и си заминува, со објаснување дека ќе дојде следен пат кога ќе имаш да му платиш, Затоа ќе верувам во црква и Господ а не и во поповите кои НЕ се ништо, само луѓе кои завршиле школо !
Не им стигнува нормална плата како на секој обичен човек, туку мора да грабнат нешто и настрана Ама додека има овци, нека стрижат слободно. Не знам дали калуѓерките земаат плата (не верувам) ама ете не битно тоа, туку нивната работа изгледа многу похумана и подобротворна за разлика од на поповите. Калуѓерките живеат во манастир, не се возат со џипови, немаат златни ланци на нив, целосно се посветени на Господ и на верниците....А овие поповите со јахти, со џипови, со 3000 станови и уште не се задоволни со тоа, па им текнува нови финти да крадат од народот. Ама се верницииииии Како ми изгледа работава наскоро само богати луѓе ќе можат да се ПРАВИ верници, а сирмашните ќе се молат пред икона дома пошто ќе немаат пари да платат ВЛЕЗ во црква.
Време е МПЦ да воведи религиозно осигурување, слично на здравственото и да се формира фонд - ФРОМ (фонд за религиозно осигурување на Македонија) што ќе покрива трошоци за црковни услуги: Крштевки, венчавки, погреби, баци рака на попиња и владици, бацување на икони, исповедања, крштевање вода, литургии, благослови, осветување куќи и станови, сликање на цркви и икони, селфиња и duck face со попови и владици..., како и црковни давачки за: Обновување на возниот парк на световните лица, триминг на брадата на поповите, средства за перење на темни алишта, одржување на гласот на питропите и тендери за недај Боже.
Па искрено само еднаш имам сретнато калуѓерки низ гтц заедно со господинот Стефан се шетаа и си гледаа по излози. Беа облечени како и во манастир. Инаку не сум сретнала низ град да се возат и да се шетаат со ланци на нив... Ама ништо не би ме зачудило во денешно време.
Не оправдувам, но ние сме тие што најмалку треба да судиме. Лесно е луѓе. Ако не сакате и немате, не оставајте. Ете толку е лесно. Ако немате пари за свеќа кажете, нема да бидете вратени. Или ако ви дојде дома свештеник, не мора пари. Едно пешкирче чисто како благодарност према Бога доволно е, а не мора ни тоа. Така останало од времето принедување дарови, иако Бог не сака материјално. Пак ќе речам, од овие што коментираат не ни одат во црква, ама не е битно, битно да се плука. И мене ми боде очи Мерцедес. Не дека го немам (нити сакам да го имам), но они се тие кои треба да не учат на скромност. Ама за нив судот е голем, а за оние кои судат сами уште поголем.
„Во мое време металците немаа пари за вакви коли...“ Дескрипшнов на Моџо е најјак Тоа е, додека уште има многу вакви што очи ќе извадат и на приземјени и реални верници, и на нерелигиозни бранејќи ги, гајле немаат Јасна паралела со политичарите гледам тука, па колку сака дрско и навредливо нека звучи.
Мене едно нешто не ми е јасно. Што ви е гајле какви автомобили возат поповите? Нели во својот двор требаше да се гледа?