Форумџика на годината

Света Ксенија Петроградска

Дискусија во 'Религија' започната од GirlLove, 6 август 2023.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.147
    Допаѓања:
    166.342
    Важам за скептик, циник, човек зависен од докази, по можност опипливи, практични. На религијата гледам практично, на духовноста нужно и во поголема слика. Почитувам духовност пред религиозност. Специфична сум на овие теми и може да имам скепса, но може да имам и длабока верба без да мислам дека ако постам и причестам грев ќе ми се тргне - од такви бегам. Си го најдов својот начин.
    Не се разбирам од религиозни правила во ниту една смисла, ниту правам разлика што е што - литургија, молитва, акатист, нејм ит. Немам ни желба да научам, знам за интуитивна потреба и толку.
    Ама, АМА... за Ксенија Римјанка знам откако знам за себе, има лични причини. Дали има врска или не, не знам, ама чувствувам - многу мрачни моменти и критични ситуации поминале добро, полесно, поспокојно. Детали, не би, ама кога луѓето одат по бајачи и ден денес веруваат дека некој нешто им направил, ја одбирам светлината...

    Утре има акатист во Соборен во 17.00 часот, можеби се друго пропуштам, ама него не.
     
    На agios, INNERBEAUTY, DragonFly22 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    2.871
    Пол:
    Женски
    Ова можеби треба да се додаде во насловот на темава, бидејќи станува збор за две светителки со исто име кои се прославуваат во ист ден, 6.февруари.
    Ксенија Римјанка живеела во Рим, 5. век, Ксенија Петроградска векови подоцна, 18.век.
     
    На Lilit, eliesaab и Milobebence им се допаѓа ова.
  3. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.888
    Допаѓања:
    110.618
    Пол:
    Женски
    Лани ова време се соочував со една за мене тешка ситуација.
    Се разбудив едно утро не знаев што ден е а уште помалку знаев за свитицата Св Ксенија Петроградска.Толку бев разочара што се удавив од сопсвените солзи и во плач и криг се молев Господи помогни ми! Господи прати ми некој кој ќе ми помогне! Го земам телефонот и отворам фб ми излегува житието на Св Ксенија читам и во мене се раѓа мир и во еден од потешките денови во мојот живот најдов мир и утеха.
    Од тој миг се молам на Св Ксенија и Св Матрона која патем и за оваа светица дознав на еден чуден начин и би рекла благодарение на Св Ксенија дознав и за Св Матрона чудни се патиштата Господови сега и двете ги чуствувам за мои заштитнички.
    После оној момент кога молев и дознав за Св Ксенија пошто се осеќав многу лошо на маж ми му реков сакам да одиме во Бигорски манастир се договараме на работа кај мене тука и моите колешки и едната од нив предложи да одиме сите заедно три пара но да одиме и во Рајчица. Прво бевме Бигорски па во Рајчица влеговме да купиме нешто гледам икони една врз друга ја прашувам за првата икона жената што продава дали е ова Св Ксенија?
    Ми одговори не Св Матрона отстапив два чекора и за момент сопрев во мене си реков а што има врска ќе ја купам и така се запознав и дознав и за оваа светица штом влеговме во кола одма гуглав и дојдов до житието на оваа светица.
    И пак ќе кажам чудни се патиштата Господови ете мене Св Ксенија ми го отвори патот до Св Матрона од некоја причина верувам дека така требало да биде и за мене така е најдобро.
    И, при секое мое вознемирување мака искушение со молитва кон двете светици јас го пронаоѓам својот душевен мир,утеха а и помош.
    Заборавив кој ден е денес дека е малку ги побркав датумите но ете повторно се случува она што треба да се случи отворив фемина и прва нотификација ми беше постот на @Lilit и прочитав многу убав пост и дознав за темата.
    Не знам дали и тука ќе се чита актист но секако ќе појдам до Црква и да се помолам.
     
    На kuc, mickey18, Lilit и 5 други им се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    2.871
    Пол:
    Женски
    Утре е празникот.
    Можеш и сама да си го прочиташ Акатистот,а во црква само да се помолиш.:)
     
    На kuc и Milobebence им се допаѓа ова.
  5. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.888
    Допаѓања:
    110.618
    Пол:
    Женски
    Да така ќе направам благодарам за советов.
     
    На kuc и sonuvana им се допаѓа ова.
  6. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам, дали Акатистот ќе се чита и во црквата кај центар, Рождество на Пресвета Богородица? И од колку часот, исто од 17?
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.147
    Допаѓања:
    166.342
    Моја грешка, така е. На неа и мислев.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    2.871
    Пол:
    Женски
    Јасно. Убаво си имаше и напишано, а не е ни чудно да се помешаат, исто име и датум.
    Поради тоа и предложив да се додаде и Ксенија Римјанка во насловот.
    Како и да е, нека не штитат и застапуваат по срцето, едната или другата, можеби и двете, којзнае....
     
    На GirlLove, Lilit, st-el и 2 други им се допаѓа ова.
  9. AnnLa

    AnnLa Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2023
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите
    Пред некој ден прочитав на Женски домаќински муабети дека од кај нас од Македонија преку нашите пошти доставувале писмо до гробот на СВ.КСЕНИЈА ПЕТРОГАДСКА директно до Русија, поточно до Санкт-Петербург. Им пишав на објавата по што постот беше анонимен ама не добив никаков одговор. Дали некој од вас знае повеќе околу тоа?
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.954
    Допаѓања:
    4.751
    Пол:
    Машки
    А да Му пишите писмо на Господ Иисус Христос?
    Како може да го пишете тоа писмо? Најпрво да си го преиспитате својот живот, да се исповедате пред било кој поп, а потоа да се причестите со светите тајни - Телото и Крвта Христови.
    Така ќе бидете поблиску до Господ Иисус Христос, а побликсу и до Неговата слугинка светата Ксенија Петроградска. Писмото ќе патува со денови и месеци, но искрената молитва стигнува миговно.
     
    На kuc, Цунами, Mr.Limonko и 1 друга личност им се допаѓа ова.