Во моментов и со години наназад се водат битки и пропаганди овај свет храм кој му служел на Православието илјадници години и притоа бил насилно преземен и претворен во џамија,да се врати повторно во служба на Исламот. Како џамија опстојувал околу 400-500 год,и благодарение на првиот основач и претседател на современа Турција,Кемал Ататурк ова свето место е претворено во музеј,притоа задржувајќи доста артефакти и знаменитости и од Исламот и од Православието.(но за жал многу ретки и вредни икони сеуште се покриени со малтер,само за да се стави акцент и доминација на исламот) Во своето време Света Софија била најголема Црква,уште била позната и се нарекувала Црква на светата мудрост. Била изградена по наредба на Византискиот император Јустинијан први. Турците од пред неколку години протестираат да се врати целосно во употреба на џамија,меѓутоа Вселенската патријаршија која се наоѓа во Цариград т.е денешен Истанбул не го дозволува тоа. Е сега демонстрантите и протестантите направија што направија им се дозволи засега два пати годишно т.е за бајрам,молитва да се чита и повикува (а требаше да се почитува повелбата да не се вршат никакви религиозни обреди додека е музеј,да не се дозволува ништо ни за двете страни,а испадна сосем обратно ) Кое е вашето мислење? Моето е дека или треба да си остане музеј,или да се врати во Православна форма,1000 год беше значаен симбол на православието,тука има погребано многу кралски и императорски семејства,кои биле дел од Византиското царство,тука има многу ретки православни икони,кои се покриени со малтер до ден денешен. Има да се пишува уште многу како вовед,но сигурно ми ја сваќате целта на муабетов и сте запознаени
Интересна тема. Света Софија е можеби најзнаменитиот примерок на византиската архитектура, архитектонско ремек-дело и градба со непроценливо културно наследство. Одлуката на Ататурк од Света Софија да направи музеј, според мене, беше најпаметна и најразумна. На таков начин, нејзината убавина им е достапна на сите – и на верниците (и христијаните и муслиманите) и на туристите. И на таков начин, се гарантира нејзино најдобро зачувување и реставрација, затоа што Света Софија не би требало да им припаѓа ни на муслиманите, ни на христијаните – таа е културно наследство на светот. Реставрацијата направена во ’30-ите, во времето на Ататурк, е изведена од страна на американски тим, на начин со кој се водела сметка подеднакво да бидат застапени елементи од христијанското и муслиманското минато на Света Софија. Во 2006-та, на барање на верниците, турските власти дозволиле една просторија од музејскиот комплекс да може да се користи за изведување на верски обреди – и муслимански и христијански – што, според мене, е некое соломонско решение за ситуацијава. Од 2013-та, од минарињата на Света Софија се поставени разгласи за повик на молитва. Со жалење ја следам ситуацијата во изминативе години, кога режимот на ултранационалистичкиот Ердоган, во обид да собере политички поени преку религиозен фанатизам и фундаментализам, предлага повторно користење на Света Софија како џамија и искрено, се надевам дека тоа никогаш нема да се случи. Додуша, истиот став го имам и за нејзиното користење како црква. Зарем немаат доволно храмови христијаните и муслиманите за извршување на своите религиозни обреди? Секако дека имаат, но тука се работи за покажување на (над)моќ – која религија е поважна и посилна и која ќе излезе како победник во „битката“ за Света Софија – значи, религиозен егоизам, а не некаква реална потреба. Ако одредена верска заедница добие целосна контрола врз Света Софија, постои голема веројатност дека на културното наследство на другата религија му се заканува уништување – превземањето од страна на муслиманите можеби ќе значи покривање и уништување на фрески со непроценлива културна вредност. Или обратно, нејзиното претворање во црква, можеби би значело уништување на обележјата на исламот. На 1-ви јули, 2016, за прв пат после 85 години е одржана муслиманска молитва во Света Софија, што најверојатно е и почеток на крајот на современата турска држава и заложбите на Ататурк за нејзино осовременување и зачувување на овој објект како светско културно наследство. Да се надеваме дека сепак разумот ќе го надвладее верското безумие на Турците и Света Софија ќе успее да го задржи својот статус на музеј.
@Bender Rodriguez делумно се сложувам со тебе,убаво ме надополни. Знаеш само што ми боде очи мене како верник(православен)тоа што,ќе признаам ете можеби се работи за некоја религиска надмоќ како што кажа ти,на двете религии не им се дава на "изволте" па се борат и оспоруваат,и да е така овде во случајов секогаш доминирал исламот(одкако оваа света Црква која била 1000 год важно обележје и симбол на православието, насилно е преземена,претворена во џамија) и покрај долго годишното опстојување како музеј,како објект во кој реално требаше подеднакво исто од двете религии да има изложено симболи и артефакти (ова со тешко срце го признавам,бидејќи да се прашував јас,да беше до мене ,кажав би сакала да се врати во употреба само како црква,ама за жал не се прашувам јас ) Не знам дали си бил во посета на музејов,јас бев пред 3 години,и сеуште се реставрираше,и водичот ни кажа дека секогаш се работи на рестарвација,а имам и гледано доста документарци. Е сега да ви појаснам колку доминира исламот и колку става акцент истиот. После одлуката да биде музеј,оставени се 4 минариња,а само едно малечко крстче на покривот. Потоа,многу важни и ретки икони и ден денешен се покриени под малтерот,додуша има и откриени,ама не доволно..па за арапски-муслимански текстови колку има и да не зборувам. Исто има и стаклени сталажи во кои се изложени од двете страни симболи,ама пак и тука доминираат од исламот. Може ќе звучам страшно,ама немаат право да ни го земат ова културно богатство наше православно,аман тој болесник Ердоган,зарем малку му се 10000 џамии има во Истанбул,што се запнаа за Аја Софија,неа не ја изгради султан Мехмед освојувачот,ниту Мухамед,туку византискиот свет император Јустинијан. Лага е тоа дека на двете религии им е дадена соба за церемонии и служби,поточно на православните не им е дадено,знам пред некоја година голема група на православци од Грција,кои сакале да вршат некаква служба,насилно биле вратени т.е избркани... Оној Ердоган и компанија,тоа што музејов е на нивна територија не им дава право да го раководат вака наметнувачки. Аман од човеков,одкако дојде на власт,колку само џамии реставрираше и реновираше Маќедонија,е замисли која моќ и власт ја има кај нас а не па во неговата матична земја. За жал!!
Да не се дуплираме со @Rama и повторуваме со мисли, би кажал дека ја подржувам нејзината теза, мисла и искажување и јас како неа кога би се прашувал би сакал Св. Софија да биде она што била, она за што е изградена и за оние обреди за која била наменета а не со сила и насилно преуредена.
Ех камо само ова свето место да беше преуредено и пренаменето. За жал огромен број на цркви,уште од самиот почеток и интензитет на Христијанството,и во Истанбул и Кападокија уништени се и претворени во џамии..жалосно е,сум била во посета на некои,и душа ме болеше Е сега некој ќе рече во Турција доминира исламот,ок да,ама не мора па се што е или било христијанско да уништат,а од друга страна пак,тука во Македонија наголемо работат на реновирање на џамии и други објекти од османлиско време. Ама тоа е,кога наведнуваме глава и молчиме,ем во наша држава не раководат од страна како што други сакаат,ем наши цркви во нивната територија масовно ги уништуваат и бришат од лицето на земјата.
@Rama, баш ради ова што го напиша и сметам дека треба да се почитува замислата на Ататурк и дека таа е единственото правилно решение. Неговата идеја била Света Софија да биде музеј, во кој подеднакво ќе бидат застапени и христијанските и муслиманските културни обележја и богатства, достапни за целиот свет. Ова решение е и најправедно, и во однос на христијанството и на исламот, бидејќи на ниту една религија не и се дава поголемо право или значење. Во спротивно, доколку некогаш стане верски објект, несомнено ќе биде предмет на судир и незадоволство, како Златната џамија изградена врз стариот град Ерусалим. За мене, се што се наоѓа во Света Софија претставува не само христијанско (или муслиманско) наследство, туку културно наследство на целиот свет. И баш ради тоа, мислам дека некоја меѓународна организација треба да се заземе за овој објект да остане музеј, т.е. за да се спречи неговата исламизација. Режимот на Ердоган успеа за неколку години да ги уништи сите вредности кои Турција ги негуваше уште од времето на Ататурк, и тоа со играње на ефтини карти, како национализам и верски фундаментализам, па нема да ме изненади (иако, ќе ме разочара) ако како популистички потег го укине статусот на музеј на Света Софија и ја пренамени во џамија.
Доколку постои св.Софија и имам можност(време и финансии) да стапнам и уживам во мирот,темнината и сплотувањето во безвременскиот простор сегашност/минато воопшто не ме засега дали ќе вика оџа, се молат итн. Плус за студенти има попост влезницата што ете јас сметам дека не треба ич да се наплаќа,ама тоа е што е. Инаку пред се била црква,тоа е факт,нит музеј нит пак џамија не го брише.
@NOVANON Ок,тоа си е твое право. Ама да бидеме реални не можеш само да речеш не ме интересира дали оџа пее,ако пее нема да е тоа она вистинското,нема да е иста суштината на се ова. Зарем ќе го осеќаш мирот и тишината доколку се направи целосна трансформација во џамија? Јас не,за жал.
А зошто да не? Си ја посетила ли Сината Џамија спротивно од Аја Софија. Исто е. За нив е џамија, ние си ја доживуваме како црква како што првично ја изградиле но историјата ја трансформирала.
Сум била да,во сината џамија т.е Султан Ахмедова џамија. Имам пишувано како мене и на другарка ми буквално присилно не фатија за раце маж и жена на врата и ни ставија сукња дека носевме хеланки А од каде тоа дека сината џамија порано била црква,искрено прв пат слушам за ова? И да,јас не би можела да пронајдам мир во објект во кој ќе ми пее оџа,или наоколу да гледам како светите икони се прикриени со исламски калигрифи,не можам,не Плус никаков мир не осетив во сината џамија,влегов да ја посетам онака џамијата како турист. И да била некогаш црква,што искрено прв пат слушам за ова,јас осетив само студенило,наоколу гледав луѓе кои се молат и беа разделени жените во друг дел а мажите во друг. Како група бевме тивки,не им сметавме во молитвите,ни беше забрането дури и да сликаме. Од цела моја посета на Истанбул,најмногу мир осетив во Цариградската( Вселенска) патријаршија т.е црквата посветена на Св Георги.
Моето мислење е Света Софија како музеј е совршеното решение,кој треба да сведочи за различните култури и народи кои живееле додека градот се викал Константинопол,па потоа Истанбул.Како што кажа Бендер,таа е дел од светското културно наследство и треба да е под заштита на Унеско. Во Истанбул има и други цркви и џамии за одржување на верски обреди. Не знам дали сте слушнале,додека Јустинијан го градел ова грандиозно дело,застанал пред Света Софија и изговорил:,,Соломоне,јас те надминав".
Gresno se razbravme, muabetot mi bese nadovrzuvanje za sv.Sofija deka bila crkva. Sinata otsekogas bila dzamija.
Многу е специфична градбата-куполите и нивната стабилност,поставеност,изградба за тие дамнешни времиња. Ремек дело на знаењето од минатото.Затоа така искоментирал.
Да имам јас слушнато за тоа што го изговорил Јустинијан. Исто ќе се надоврзам,овај свет храм иако го граделе најголемите мајстори и архитекти во тоа време,сепак не можеле да осмислат добра концепција за конструкција и изградба на најголемиот храм на сите времиња. Се верува дека планот за изградба го пронашол Јустинијан,односно дека по Божјата воља пронашол голема кошница полна со пчели кои биле подредени и давале слика во форма како да изгледа храмот. Па така и биднало
Навистина жално е ова..Но ако, има Господ, ќе суди. Прочиајте само колку верници им загинале во тек на молитви кога малтерот од плафонот им паѓал врз глава.. Истражувам долго време по интернет и никако да најдам ниедна џамија која е во црква претворена, за разлика од тоа што пронајдов информации дека само во Скопје околу 70 цркви биле срушени и на поголемиот дел од нивните темели биле изградени џамии.
Самото име си кажува што треба да биде. @Vitaly се држам до твоето , има кој да суди. Не е тука можда место да споменам , за Крст- џамија нз кој колку знае ... Можда иконите што стојат зад малтерот ја држат сеуште црквата исто како со легендата за Крст- џамија.
Штета голема е ова, во што е претворена Аја Софија... име на црква, изгледа како џамија, а е објект кој е сведок на една историја...
Не што да додадам на мислењето на @Bender Rodriguez што се има изјаснето. Само погледајте колку религиите се „casus beli" историски гледано. Ататурк бил визионер околу ова, и знаел како да се справи.
Визијата се сведува на следново: Прадедо Ви имал куќа и тапија за истата. Дошле партизаните му ја национализирале. Во истата населиле некое друго семејство, а нормално прадедо Ви како “воен профитер“ е избркан на улица. Доаѓа осамостојувањето на Р. Македонија и место да ви ја вратат вам, вашата дедовина тие во име на напредното виизионерство куќата ја доделуваат на трето семејство, а вторите имаат право во вашата куќа да прават фамилијарни свечености. Ептен визионерско и ептен напредно!
Која иронија. Додека муслиманите и немакедонското население во Македонија секојдневно се шири територијално, џамии се градат во секоја улица, се продаваат куќи и станови во традиционално македонски населби и не бушат демографски секоја година вие се замарате дали Света Софија треба да биде црква или џамија? Навистина? Цариград некогаш бил центар на јужна Европа, но денес е град со 10 милиони Турци и таа е реалноста. Никогаш повеќе нема да биде европски град. Исто ко и Скопје што ќе биде албанско-турски пашалак за 20-30 години ако се земе во обзир нивната експанзија. Замарајте се за своето и тоа што се случува моментално, а не нешто што било пред 600 години.