@Artista Како прво нема тука никаква иронија. Во ред се сложувам за се што кажа за нас и дешавкиве во нашава Македонија,ја опиша точно до збор ситуацијата,ама темата не се однесува на нашата земја. Ти го почитувам мислењето,ама па ако си вистински Православен христијанин,нема толку лесно да кажеш што ми е гајле што е Св Софија сега. Треба да ти биде важно и тоа како,од причина што таму има важни и ретки икони уште од првите векови,таму се погребани големи императори кои го поддржувале и применувале во целост Православието и сл. Таа света градба и храм,насилно и неправедно му беше одземена на православниот свет,и иако 1000 год опстојуваше како ремек дело на Византија,претворена беше во џамија и како таква служеше само 400 год. И сега кажи ми ти мене,кој има поголемо право на Аја Софија? Православните или муслиманите? Јас сметам дека првите,независно и од тоа што Истанбул сега е град со милиони муслимани,си имаат тие 10000 џамии,не се дојдени до Аја Софија,а плус и какво историско право полагаат врз неа?никакво,ни тие ја граделе,ни некое чудo се случило одкако ја презеле ни ништо Да земам да редам уште милион причини имам зошто ние имаме поголемо право,ама ај да не изигравам сега дежурни фанатик ама очигледно е работава кој е јачи нели,на крај на краиштата со тешко срце ќе признаам дека и покрај сите напори од православниот свет (додуша најмногу од Грците т.е Вселенската патријаршија)на крајот ќе успеат Ердоган и компанија во зацртаните цели.
Кога работите ги гледате црно-бело, секако дека филозофијата „кој го има поголемиот стап“ е единственото решение. Само да повторам, никого не бранам тука, прочитајте историја, согледајте кој колку полага право на нештата, пробајте да најдете некакво решение различно од гореспоменатото и прашајте се дали е возможно истото да се воспостави. Колку што имало муслимани кои палеле и сквернавеле во името на алах, имало и христијани кои го правеле истото, имало и евреи. Оттука и премисата дека религиите се одличен повод за војна во мултирелигиска средина која политичарите/владетелите ја користат совршено за потпала на големите маси. Затоа Ататурк има направено одлично соломонско решение. За да се сочува таа градба, за да не навлече огромен гнев на христијаните кон исламскиот свет и vice-versa.
Музеј. Зошто? Затоа што не можете од историјата да ги избришете ниту фактот дека ја изградиле христијани и таму се погребани многу личности, ремек-дело на Византија, ама ниту пак фактот дека муслиманите дошле, насила ја одзеле и ја направиле џамија. Кој има поголемо право? Не е ова семеен имот па со тапии да се фаќаат луѓето за врат. Ова е историја и векови се во прашање. Не може туку-така да претворите во црква, еден огромен објект во срцето на еден град каде доминира муслиманско население. Од причина што таму живее воглавно муслиманско население, а ја изградил христијанин, таков објект не може да припаѓа на било која религија. А што се однесува на тоа колкав дел од иконите е зачуван и дали елементи од исламот преовладуваат, ни јас не можам да кажам, а ниту вие, оти ви фали компетентност.
Знаеш ли дека денес стотици Цркви само во Истанбул има кои се претворени во музеј или џамија или нешто сосем трето? И никој не бара да се вратат,баш од причини што не може во "срцето на еден муслимански град "да опстојат во толкав број. Ама приказната со Аја Софија е друго,кој знае историја,и барем малку има верска чуствителност ми ја разбира поентата,ама ок секој со својот став. И да,сум била таму и можам да тврдам дека исламот повеќе доминира,односно дека и да си остане музеј,неферски се подредени и акцентирани историските и верските симболи,ако се водиме по тоа "демек на двете религии е и двете имаат право" знам добро,со свои очи видов кој го има и го ужива поголемото право во моментов,за жал. Додека пак од друга страна,зошто па и да не би можело ова ремек дело да опстои и денес во првобитната форма и намена? И покрај фактот на чија територија се наоѓа ? Пример ви е Цариградската ( вселенска патријаршија)ако се сака се може
Јас работите ги гледам баш така како што ми наложува природниот инстинкт, а тоа е опстанокот. Се друго е твоја лична бајка. Војни имало и ќе има, но целата поента во природата е да преживееш, а не да бидеш лузер и губитник. Природата признава само победници и губитници. Цариград некогаш бил лулка на јужна Европа., а денес лулка на турко-монголските народи. Доволна историска лекција од која учам, а која ја гледам секојдневно и во Македонија. Ако толку Ердоган им смета на Турците зошто масовно го гласаат? И македонските Турци масовно го подржуваат Ердоган, затоа што тој им го дава и сервира баш тоа што сакаат да го слушнат и видат. Ердоган и Турците во иднина се ќе сторат нивното влијание да е големо на Балканот. Тоа им е националната кауза, а тоа не е нивен проблем што ти немаш или не подржуваш своја национална кауза.
Се` е играње на прљави политички игри баш заради тоа што ти погоре го спомна - „инстиктот“ што те тера да браниш нешто што сметаш дека припаѓа на одредена група на луѓе.
Во ред е христијаните да си бараат места за градење цркви каде слободно би си ја практикувале верата. Но не е во ред христијаните да се борат за “свети места“ со цел баш таму да изградат црква како што тоа било случајот со гробот на Исус во Ерусалим порано, или како што тоа може да биде случај со Аја Софија денес. Зошто? Затоа што за христијаните целата Земја е Господова и секое место е згодно место за да се слави Бог. Според христијаните Бог е дух и оние кои сакаат да му се поклонуваат, треба да му се поклонуваат во дух и вистина, а местото е ирелевантно. Ова не се мое зборови, туку зборови лично на Исус Христос. „Жената Му рече: „Господине, гледам дека си пророк. Нашите татковци Му се поклонуваа на Бога на оваа планина, а вие велите дека Ерусалим е местото каде што треба да се поклонуваме.” Исус и рече: „Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим. Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците. Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.”“ (ев. Јован 4:19-24, Библијата)
Знаејќи дека Бог, односно како што на арапски се вели - Аллах, не живее во градби од камен туку во највнатрешното на секој човек и дека поради тоа со Бога во комуникација можеме да стапиме преку повнатрешнување било кога и било каде - сметам дека таа градба треба да остане музеј и само музеј. Спојлер п.с. за момент ме извадивте од памет со насловот на темава мислев дека станува збор за Св. Софија во Охрид па помислив види па уште турските власти си земале за право да прават што сакаат во РМ. А тоа било всушност тема за огромната градба во Турција...
Па ајде тогаш и Јени џамија во Битола да ја пренамениме во црква, пошто што бара "еден огромен муслимански објект во срцето на еден град каде доминира христијанско население" ??? Згора на се и фактот што е изградена врз стара црква. Па после владеела ксенофобија...
Не е доволно само да го носиме Исус во срце. Каде ќе се прими светата тајна причест,ако не во Црква? Каде подобро ќе се чита словото на животот т.е Евангелието,ако не во Црква? И зошто Исус му рекол на "Св Петар ќе изградам Црква врз тебе"? Значи драг @daylight единствено во Црква ние сме комплетни,само какви прекрасни литургии и служби се вршат токму таму,само таму слегува светиот Дух и уште милион работи. Значи тука се побива она твоето " Алах,не живее во градби од камен,туку во срцето на верникот само" и не мораше Исус да го нарекуваш Алах,иако е арапски збор за Господ,за мене си е само Исус Христос. Не би да користам израз од други говорни подрачја @PaLaVa секоја чест,само ти ми ја свати поентата и ме дополни убаво,без да се правиш современа и да се улизаваш на другите со помодерни и open minded сваќања
Исус воопшто не го нареков Алах, туку го наведов и арапскиот израз за Бог бидејќи темата има врска како со христијаните така и со муслиманите кои пак традиционално се држат за арапскиот јазик. Во арапскиот свет како за арапските христијани така и за арапските муслимани постои само еден израз за Бог на нивниот мајчин јазик: Алах. Тоа не е некое друго божество, тоа е едноставно израз кој на тој јазик значи Бог. Слично како што не велиме дека германците веруваат во друг Бог само затоа што тие велат Гот (Gott). И не заборавајте дека и муслиманите веруваат во Исус (т.е. Иса) и неговото второ доаѓање, додуша тие го прифаќаат само како Божји пророк. Тоа е твое право, но Исус не е наменет само за македонците и нашиот македонски јазик. Впрочем, тој воопшто и не се викал во оргинал на арамејски Исус, туку Јешуа (изведено од Јехошуа). Патем, ако не е тајна, зошто тогаш користиш ник кое упатува на хиндуистичкото божество Рама? Мислев дека си следбеничка на Ваишнавската верска заедница (т.е. Харе Кришна движење) кога прв пат го видов твојот ник. Не ме сфаќај погрешно, немам ништо против твојот ник инаку, баш е интересен. Мојот ник да речеме има врска со сијалици дејлајт (околу тоа ми се беа првите постови). Не мислев на некое сентиментално носење на Исус во срцето, туку негување свесна поврзаност со нашиот Спасител и учителот на сите учители Христос. Тоа е можно преку практицирање на неговите упатства изнесени во Беседа на Гората. Таму Тој не вели појдете во црква, џамија, пагода, туку вели: кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец,; Јас разбирам дека во православната теологија тнр. св. тајна причест игра мошне битна улога во верскиот живот, меѓутоа Исус повикувал на Негово следење и остварување на Неговото учење (сетете се на споредбата со мудриот човек кој ја гради својата куќа врз карпа, место врз песок), а не на причест. Во некои минати времиња кога многумина биле неписмени но и пред Гутенберг да ја измисли печатницата моежби и би имало смисла таквото прашање, но денес тоа може да биде достапно во сечиј дом во различни форми и секој сам за себе може да прочита. Веќе самите зборови „ќе изградам Црква врз тебе„ укажуваат дека не може да се работи за црква од камен. Како би можело врз некого да се изгради градба? Туку се работи за Црква сфатена како заедница на боготрагачи-истомисленици(во смисла ги имаат истите убедуавња) во која оној кој има најмногу остварување на духовните законитости би можел да биде пример и светилка на патот до Бога на другите во заедницата(Црквата), но како рамноправен меѓу останатите браќа и сестри.
@daylight Ме пресмеа за никот,не бери гајле не сум ни харе-кришна,ни па Еди Рама од Албанија,јас сум само инспирирана за никот од мојот омилен рама маргарин,и сум православна христијанка во вени,срце и срж и коски и се 1.Е сега,сигурно не ме свати дека јас велам Исус врз Св Петар рекол дека ќе гради градба од камења? Не! Всушност,кажаното е метафорички,Тој рекол да одат низ целиот свет и да ги крштеваат и поучуваат народите,тој им дал власт на сите апостоли а посебно на Петар и Павле. Тој врз нив го "пуштил" Светиот Дух на педесетница,и натаму знаеме нели,знаеме дека се изградени Цркви...и дека масовно луѓето се покрстувани и поучувани во името на Христа. 2.Знам јас дека секој може да си чита Евангелие дома,ама јас лично се чуствувам поинаку кога одам да го слушам во Црква,таков мир и таква смирена благодат не можам да осетам дома. 3.Не би да коментирам на долго и широко за дали и колку го прифаќале Исус муслиманите од арапскиот свет. За мене си е само Господ Исус Христос и никако повеќе. Затоа ти реков немораше да речеш Алах,темава е за христијанскиот Бог. Ама ок,доста е докажувања(мислам дека забегавме од главната тема) не е темата да се докажуваме јас и ти,туку си кажува горе насловот убаво што е...поздрав!
Нема Турците нас да не прашуваат што да прават во Турција. Некогаш христијаните ги рушеле храмовите на боговите и подигале цркви, е денес малце се променети работите.
Тие што ги рушеле паганските храмови или џамиите подоцна, можеби се нарекувале „христијани“, но дефинитивно не биле Христови следбеници. Исус ни со збор, ни со дело не покажал таков пример. Напротив, го поучувал обратното, да ги љубиме дури и непријателите, да бидеме безопасни како гулаби, да не се одмаздуваме, да се молиме дури и за оние што не прогонуваат и сл.
Темата е за моменталната состојба на Света Софија,сепак да не одиме дотаму со споредби на пагани божества и богови,па докажувања кој е прав и изворен христијанин Се знае воведот на темава,мислам дека доволно е објаснето.
Музеј треба да остане. Било и муслиманско и христијанско и баш поради таквата историја треба музеј да остане.
Искрено, не ми менува ништо, не е тапијата од Аја Софија на дедо ми па да збирам пари од посетители. Ама ме заинтересира што некои од православните верници се изјаснуваат дека ова било грев....ми нема логика како џамија е грев, а да биде музеј не го рачунаат за грев.... Црква како до пред 5 века секако не е, џабе искажувате емоции.