1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Света вода

Дискусија во 'Религија' започната од meleh, 17 април 2013.

  1. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Каков е вашиот став и пристап кон светата вода и дали тоа претставува нешто за вас, дали го примивте свештеникот за време на постиве да освети вода?????????????????????


    Ако нешто не знаете во врска со ова еве погледнете го документарниот филм ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ВОДАТА кој успеа и атеистите да ги замисли........................
    http://www.youtube.com/watch?v=CG74TIkJgdg
     
    На Meckicja, meckicka, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Го гледав документарецот и научив доста работи, една од нив е дека една капка од света вода капната во обична вода ја менува целата структура на обичната вода и таа станува света.
     
    На meckicka, iloveyou29, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  3. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Мене сега ми беше поп дома да ми освети вода, за првпат во новиот дом и заборавив да го прашам што да правам со босилокот?!
     
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Иако не е наш станот кај што живееме, ние први живееме тука и со искрена радост го примивме попот да ни освети вода за Велигден. Мислам дечко ми повеќе сакаше, јас се секирав дека станот тогаш ни беше растурен. И попот ни испееа песна, а мене ми беше смешно. Не ме сфаќајте погрешно, јас си ја почитувам верата. Смешно ми беше дека е ептен сериозен чин, а не дека не го почитувам. Ама навистина кога и да се допрам за челото со света вода веднаш ми поминува главоболката.
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Мислам дека треба со босилокот и со светата вода да испрскаш низ цела кука. И остави го да стои во водата. А прашање и од мене, што да и правам на водата што ми стои од мината година? да ја истурам некаде или...
    До душа попот не е дојден оваа година кај нас, или е бил пак јас сум била на работа
     
  6. meleh

    meleh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    таа вода е за пиење, кога чувствувате потреба напијте се некогаш сте растревожена, малку ви е нарушено здравјето, одите на испит итн. ако вејке сакате да ја истурате водата тоа да биде во цвеќиња, во бавча итн. каде што не се гази или погани местото позззззззззззз
     
    На Zaljubena111 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Светата вода има позитивно влијание, прочистува, исто како што и самата молитва тоа го прави, ем за здравје, ем за духовноста.Имав гледано документарец во врска со ова, порано, за она што се случува со водата во човекот, во зависност од тоа дали е религиозен или не, а и дадоа примери на познати личности и нивниот начин на живот.Структурата на водата беше различна кај секого од нив.
    Мислам дека нема зошто да не се попрскува со света вода, не е штетно воопшто, само ќе си направи човек добро за себе се и за другите.
     
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Би сакал да прашам дали некој знае од кога датира овој обичај „светење вода“ и како истиот е поврзан со христијанството?

    Не знам што да правиш, ама јас сигурно не би ја испил. Веројатно поповите ставаат некое антибактериско средство во таа вода, но сепак, тоа е многу долго стоена вода.
    Неодамна во Русија 228 луѓе се затруја пиејќи од „осветена вода“, а директорката на црковното училиште изјавила:

    „”Верувам дека осветена вода не би можело да предизвика такво нешто. Станува збор за лаги изречени против нашата црква која е многу популарна. Некој сака луѓето да почнат да се сомневаат“
    http://on.net.mk/zhivot/religija/krsten-otrov

    ц ц ц наместо јавно да се извини и да се покае и да превземе одговорност што не ги предупредила луѓето да не пијат од таа вода, таа дури тврди дека се тоа било лага, демек луѓево намерно се труеле за да почнат другите луѓе да се сомневале у нејзината популарна црква.

    Ок е да се биде религиозен, но треба да се биде и реален и да не се мижи пред фактите, затоа што во тој случај се претвараме во религиозни фанатици.
     
    На daylight, Bender Rodriguez и Херкул им се допаѓа ова.
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Прости што реплицирам на твојот пост, но сепак мислам дека или не гледаме некои нешта, или не сакаме да видиме. Ова е копија од оргиналната вест, каде се забележува разликата и не вистината.
    Крстен отров
    Пиењето света вода на големиот христијански празник Водици предизвика масовно труење кај повеќе од 200 верници од рускиот град Иркутск. Дури 117 од нив морале да бидат пренесени во болница.

    Бројот на затруени се искачил на 228, од нив 114 биле хоспитализирани со акутни болки во стомакот. Надлежните органи тврдат дека по тестирањето било утврдено дека водата од чешмите на градската црква Свети Архангел Михаил ги исполнува сите санитарни норми. Но, во примероците земени од два околни бунари и едно мочуришно езеро имало двојно поголема концентрација на хлорид и нитрат од дозволената.

    ”Верувам дека осветена вода не би можело да предизвика такво нешто. Станува збор за лаги изречени против нашата црква која е многу популарна. Некој сака луѓето да почнат да се сомневаат”, изјавила директорката на црковното неделно школо, Људмила Белјајева.

    Голем број Руси веруваат дека секоја вода која ќе ја добијат за време на празникот е осветена, дури и онаа од кујнските чешми. Во најголем дел од Русија, водата од чешмите не се пие.

    Убаво си кажала и жената во изјавата, а поентата е очигледна. Се зборува за сите истични води ( и од гледиште на црквата :!: , зашто Св. Јован Крстител го крштеваше Г.И.Х. во реката Јордан) дека на тој ден се свети, а не бунари и мочуришта.
    Но да го запазиме последниот пасос. Значи Русите пијат од водата од чешмите за благослов на тој ден, па следствено на тоа би било потребно цел град да се хоспитализира, а не само 200 или повеќе луѓе. Односно, испитувањата го докажале тоа што го изјавила и Русинката. Дека можеби и илијади луѓе пиеле од водата во црквата (иако сигурно и таа е од водоводот и со сигурност е неисправна за пиење како и во целиот град), а таа вода на тој ден била сосем исправна. Е како баш тој ден да биде исправна?!
    Значи... чудото е очигледно :) .
     
    На Meckicja и PaLaVa им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Во бледо сеќавање ми е една школска екскурзија во основно во Охрид, мислам дека бевме во Св. Наум. Се симнавме уморни од топлото од автобус, сите жедни и сакавме да се напиеме вода, ама бидејќи беше светена, моравме да платиме за неа :| Се сеќавам дека едно девојче купи и некои побараа да се напијат, ама таа си го зема шишенцето за дома :^) Ете такви убави сеќавања имам за светената вода :wasntme:
    Лично, не би се напила, најмалку па од онаа од Вардар, што ја светат за Водици, од таа не би се ни измила. Нема такво чудо за мене што ќе го измени составот на Вардар.
    Вистината е, кога веруваш и да нема чудо, ќе чувствуваш дека има...а ако си скептик, тешко дека некој ефект од светената вода ќе те разубеди.
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Додека сам не си направиш чистка на своите мисли, на негативноста во себе или во својот дом, ниедна света вода не може магично да те испере. Немам против традицијата да дојде поп и да попрска низ дома, ок, сеедно, не го враќам назад. Но да верувам дека од водичка ќе залечам болест или ќе подобрам расположение...ајде можеби, ако силно верувам па да ми дојде како плацебо.
     
    На Херкул и kravce им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.574
    Пол:
    Женски
    Мене моите ме учеа да не ја пијам светата вода туку само да се мијам со неа па тоа и го практикувам иако одамна не сум допрела света вода... а знам дека имаше смирувачко дејство.
     
  13. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Света вода е Света Вода!
    Има премногу моќна молекурална структура.
    Науката го потврдува тоа!
    Кога имате голема мака можете да си измиете лице со нејзе, ќе се чуствувате подобро и има смирувачко и исцелителско дејствие. Од искуство зборам... :angel:
     
    На Meckicja, V.odolija и Rama им се допаѓа ова.
  14. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Шипки го потврдила науката тоа. Света вода е иста ко обичнаta вода, само со повисока цена :)
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    А зошто да има повисока цена ??? Ако мислиш на тоа дека попот доаѓа и наплаќа - грешиш. Се оди во црква кај што има вода, изворче и наполни си. Ќе си имаш света вода дома.

    Во ред е за тие што не веруваат, не мора.....но јас ете лично верувам дека имаат луѓе кои шират негативна енергија (верски кажано имаат зарекливи очи) и ако се почуствувам така со тегоба без главоболка се мијам од светата вода и мислам дека ми олеснува,

    Дали е до водата дали е на психичка база..... јас сепак имам света вода секогаш дома
     
    На PaLaVa, Rama и anaja1 им се допаѓа ова.
  16. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Никој не умрел од светена вода:)
    И јас сум слушнала дека порано децата кога многу плачат,ги замиваат (лиценцето и рачињата)
    И стварно се смирувале:)
    А ако имате стара светена вода,фрлете ја во цвеќе,викаат нечинело на други места:)
     
  17. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Ја сепак би ви препорачал Горска, Изворска, Ладна или Пелистерка, тие барем се проверени.
    Пред неколку години 117 лица се затруле од света вода во Русија.
    http://daily.mk/auto/okolu-117-lica-se-zatrule-so-sveta-voda
     
  18. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Има разлика од света и крстена вода... Крстената вода ја пеат попови и оставаш пари ако сакаш, а светата вода ја има на места (извори) прогласени за свети.
    На Водици имам навика да земам крстена вода , викаат дека е најмоќна, ја си верувам во тоа и ми помага. Ако си атеиста , џабе е да се објаснува. :)
     
    На TrinityNeo, PaLaVa, Prijatelot и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Машки
    Не сум атеиста, ама не сум ни суеверен да верувам у рекла-казали. Кој ги прогласил тие места за свети? Истиот поп што ја крестал водата од која што се отруле 117 луѓе?
     
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Е ок де , и за водите на Св . Јован пишуваше бактерии нашле , да не се пиела бла-бла , со години пијам па жива сум и немам бактерии.
    Ова е бунар колку што прочитав , а прв пат слушам за света вода од бунар. До попот е :D
     
    На PaLaVa и HUNK им се допаѓа ова.