Тие што во делата апостолски се лекувале од испотеното шамиче на свети ап. Павле не верувале во Бога?
кој е оствети попот? а што мислиш попот е посвет од тебе па е освети водата сега ,сите на овој свет исто сме свети никој не е помалку ни повеке свет.
А што не се лечиш ти со крстена вода зошто да одиш по болници или да пиеш таблети ете написе крстена вода ке ти мине
попот и ич да не е свет, ја има благодатта на Светиот Дух, добиена преку ракополагање. А ако мислам дека сум посвета од попот, или од тебе, тогаш тешко мене.. е тогаш тоа значи дека сум отстапила од Бога, оти е Бог смирен и милостив, и добросрдечен и се најдобро
Светата или крстена вода е за духовно исцелување. А не дека не помага и за болест! Кој не осетил, не знае !
Одлична поента. Вистина е дека ѓаволот измислувал и ќе измислува стотици суеверија и лажни објекти во кои луѓето би положувале надежта и верата, само да не е тоа Бог.
ако е за духовно зошто се миеш на лице тоа е тело духот не се лечи со вода ,духот не с емие со вода ,зошто луѓето со депресија анксиозност не се лечат со крстена вода ,духот се лечи со вера се лечи со лубов не се лечи со кртена вода бре не се лечи
Светата или крстената вода е обична вода, како таа од чешма. Ако на некому му помогнала, тоа било плацебо ефект исто како и на болните што им даваат обично витаминче велејќи им дека тоа е лек и потоа на посвесно ниво тоа им делува. Плацебо терапијата е светски докажан медицинско-психолошки ефект. Според Библијата духовно исцелување вклучува: покајување од гревовите Читање на Библијата молитви пост отстранување од гревови и грешни навики, мисли отстранување од друштво кое те наведува на грев простување (треба да простиме, за да ни биде простено) дружење со христијани слушање христијанска музика што го прославува Бог итн. Овие работи се поткрепени од Библијата и практично докажани дека вршај духовно исцелување на луѓето. Свети води, крстчиња, бројаници и други амајлии обично имале и негативен ефект кај луѓето на долги стази гледано.
Плацебо или неплацебо мене ми помага. Исто како и испеана молитва, масло за миросување... Јас не дека не знам колку одам и прашувам во цркви, мн свештени лица ми објаснувале на долго и широко. Пак ќе речам , нема да напишам личен пример, ова е мое верување, мој став, искусено на мене, до утре може да се објаснуваме.
Ако не верувате во светоста на крстената вода,немојте никој не ве тера. Само аман не го мешајте ѓаволот и во оваа работа
За Богојавление, секој православен христијанин носи дома сад со света вода, ја чува грижливо како голема светиња, причестувајќи се со неа, особено во време на болести и при секоја немоќ. Богојавленската вода, како и Светата Причест, верните ја пијат/употребуваат на гладно. „Осветената вода – како што пишувал светителот Димитриј Херсонски – има сила за осветување на душите и телата на сите што се ползуваат со неа“. Таа, примана со вера и молитва, ги лекува нашите телесни болести.
Неќам ни име да му спомнам. Различно сме воспитани и насочени сите овде. Некои со трава се лечат на пример...
Не го мешам ајде само тој нека меша ,должен си на човек да му кажеш негово е дали ке верува поздрав и имајте добра нок.
А зошто тогаш еве кога доаѓа поп да свети дом ,пее и молитви и кандило има и погача со свеќа па со светена вода ги прска сите ѕидови?!?! Секој верува во што сака, некој ете му помага бајачка , некој водава...
Светата вода го гаси пламенот на страстите, ги изгонува злите духови – еве зошто со света вода се попрскува секое живеалиште и секој предмет што се осветува.
Ајдее, некои мислат светата вода лековита дека е? Не лечи од тумори и чиреви ама за да си се смирите да.