Може до толку не , ама ќе даде мир и сила за да се бориш против болеста. Ако е чкртнато , тоа е. Божја воља.
Има чешми и извори чија вода се смета дека е лековита. Има случаи каде слепи прогледале, инвалиди прооделе, неплодни зачнале. Чуда.
Ви предлагам да го направите следниов експеримент. Набавете едно шише света вода и едно шише обична вода и двајца суеверни верници. На едниот верник дајте му ја „светата вода“ и кажете му дека таа е обична, а на другиот верник обичната вода ама кажете му дека е света вода донесена директно од Назарет кај што живеел Исус. Нека се напијат или нека се измијат со таа вода и потоа прашајте ги како се осеќаат. Ќе видите дека првиот верник што земал обична воде ќе се збуни од прашањето и ќе ви рече нешто во стилот: ок, сум, зошто прашуваш? Па ова е обична вода, зошто би имало некој ефект? А другиот верник ќе почне да ви збори како се осеќа блажено, смерено, благодат а у
Јас додека се лечев од рак, во тие 2 години запознав неколку луѓе кои за жал одлучија да ја престанат стандардната терапија и да се лечат со алтернативна медицина, да пијат свети води, да идат по бајачи, исцелители и други преваранти кои заработуваат многу јако на сметка на овие несреќници. Подоцна откако ќе видат дека само џабе парите си ги дале, се враќаат во болница во поизминат стадиум и потоа им се скроз намалени шансите да се излечат заради напредната форма на болеста. Имаше еден со кој повеќе се зближив, го посетував во болница, му бев и на гости, ја запознав и неговата фамилија, му сведочев за Бог и спасението преку Исус итн. Потоа дознав дека решил да ја прекине хемотерапијата и да пие света вода донесена од некој манастир во Србија. Пиеше и ништо не му помогна. Си почина човекот. Не го судам, давеник и на сламка ќе се фати, ама криво ми е што оние што не се давеници, често пати профитираат на сметка на давениците продавајќи им обична вода нарекувајќи ја света.
И јас за депресија и анксиозност се миев со крстена вода и одев по бајачки палев свеќи по манастири се додека не ги отворив очите во што треба да верувам за потоа колку толку да се спасам од таа мака .