1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Света вода

Дискусија во 'Религија' започната од meleh, 17 април 2013.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    1. Никаде во библискиот текст не пишува дека водата била КРШТЕВАНА. Единствена допирна точка помеѓу оваа вода и „крстената вода“ што ја користи Католичката и православните цркви е зборот „вода“. По оваа логика некој може да рече дека постојат и „крстени или свети магариња“ само затоа што во стариот завет Бог направил некое магаре да прозборува или затоа што Исус јавал на магаре при влегувањето во Ерусалим и со тоа ги осветил сите магариња. И ајде сега некој ќе прави доктрини за „крстени магариња“ или ќе осветува магариња и ќе ги продава за празници. Логикава „вришти“ од нелогичност :)

    2. Исус не му вели на болниот „зошто до сега не се симнал да се исцели“, туку му рекол: „Сакаш ли да оздравиш?“ (Исус, ев. Јован 5:6, Библијата), а потоа му рекол: „Стани, подигни ја својата постела и оди“ (Исус, ев. Јован 5:8, Библијата). Не е убаво да се лаже во името на Исус со цел да си оправдаш некои свои небиблиски учења. Не е убаво да се ставаат зборови во Исусовата уста кои Тој не ги кажал.
     
    На LUCI 99, Херкул, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Јас убаво си поставив прашање на втората страна од темата:?:
     
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Битно ангелот ја крштевал водата и станувала лековита. Толку! Небиблиско е вашето учење дека водата во бањата Витезда не била крштевана(осветувана или како сакате наречете ја).
    Може сега да се надоврзиш и за сулфурот и огнот што паднале врз Содом и Гомор, ама тоа е само замајување и бегање од темата.
    ПС: Постоела традиција, во времето кога немало автомобили, Епископот, како жива икона на Господа Иисуса Христа, да се вози во запрежна кола или да јава магаре или маска, но никако да не јава на коњ. Баш поради тоа што Христос не јавал на коњ.
     
    На korisnichka и Rama им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не, жал ми е, не постои ниту еден библиски превод на било кој јазик на планетава каде што пишува дека ангел ја крштевал водата. Зборот „крштева“ не се ни спомнува таму.

    Второ, веродостојноста на 4-от стих (каде што се спомнува дека ангел ја раздвижувал водата и болни се излекувале) е дискутабилна и го нема во многу рани ракописи од Новиот завет. Дури и во православниот превод е ставен во загради.
    [​IMG]

    Исто така и во најраниот грчки ракопис на целосниот Нов завет (Codex Sinaiticus) овој стих го нема:
    http://codexsinaiticus.org/en/manus...lioNo=3&lid=en&quireNo=80&side=v&zoomSlider=1

    Трето, дури и овој стих да постоел во оригиналното евангелие на апостол Јован, можно е Јован да опишува некое народно верување на народот од таа област, кое може, но и не мора да било вистинито. Апостол Јован не бил сведок и не видел ангел како се симнува да ја разбранува водата. А исто така можно е и подоцнежните преведувачи или препишувачи на евангелието по Јован да го додале овој стих од народното верување бидејќи е познато во текстуалниот критицизам дека подоцнежните препишувачи на Новиот завет понекогаш имале тенденција да ги подобјаснуваат стиховите за народните маси полесно да ги разберат.
    Сума сумарум, ова е само еден ваков стих кој не се спомнува во другите евангелија, ниту пак во стари современи антички историски документи, а го нема и во најраните ракописи од Новиот завет и затоа не може да се вадат доктрини особено не такви доктрини кои ни самиот текст не ги дозволува (дека ангел ја "крштевал" водата)

    Плус и чудно е да се очекува дека Бог ќе го излекува само оној/а што прв ќе влезе во водата. Зарем кога ти би имал 5 сакати деца би го излекувал она дете што е најбрзо или пак она дете што не може од кревет да стане? Она дете што може да трча веројатно има и најмал физички проблем.
     
    На LUCI 99, baba Rada, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Господ нека ми е на помош, но Ев се надмина себеси, сега и Бога го укорува.
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    1. Ова не е православен превод што сте го објавиле, туку веројатно т.н. протестантски кој искрен да бидам го немам и ниту сум го читал, ни сакам да го читам. Но, ниту во црковнословенскиот превод, ниту во преводот од 1991, ниту во ревидираниот превод од 2006(кој е со благослов на САС на МПЦ-ОА), ниту во поновите посебни изданија на Новиот Завет, загради нема ни во бугарскиот свештен превод, ни во српскиот ревидиран превод од страна на САС на СПЦ... Единствено во преводот на упокоениот член на ЕУО на ПППЕ-СМБ д-р Душан Константинов, Бог да му прости што изготви синагогален, а не црковен превод на Светото Писмо, има загради. (Т.н. динамички превод, а всушност прераскажан “превод“ кој го шиткаат Гидеоните, ниту е некој авторитет, ниту може да биде, туку сите тие изданија се достојни да бидат предадени на огнот! Жално е што претседателот на Библиското Здружение, г. м-р Петко Златески, предавач на ПБФ си дозволи да го прими во комисијата за ревидирање на преводот од 1991 и овој т.н. преведувач!) Е сега тоа што при штампањето на едно издание на Библијата настанала збрка (и црковниот превод на Новиот Завет се штампаше со осакатениот т.н. протестантски Стар Завет и обратно) и поради тоа што уредничката на Премин Порталот, г-ѓа Калина Трпеска не сака да разбере и да го тргне протестантскиот превод на Новиот Завет, тоа си е нејзин проблем и проблем на Библиското здружение. А, тоа што Вие манипулирате со таа несреќна ситуација - нека Ви служи на чест. Ама така се однесуваат прозелитите, кои го мамат народот.
    Црковниот превод и православен и римокатолички е:
    [​IMG]
    2. Чудно ми е, што некој се чуди што во бањата Витезда само по еден човек се исцелувал откако ќе се разматела водата, а не му е чудно што во Стариот Завет Бог му се откри само на еден народ. Зарем другите народи не беа чеда Божји? Тоа што за луѓето е чудно, за Бога не е. Да не Му се мешаме на Бога во работата, туку заедно со псалмопевецот да запееме: „Благословен јеси Господи научимја оправданием Твоим!“ (Благословен си Господи, научи ме на повелбите(законите) Твои!)
    3. Со своето произволно толкување на овој настан со матењето на водата, само си покажувате дека ни Светото Писмо не ви е авторитет, туку авторитет ви е само вашиот татко, таткото на лагата, Сатаната и неговите паднати ангели.
    ПС: Римпапата според одлуката на нивните собори има право да го поправа св. апостол Павле, ама гледам протестантиве имале право и Христа да го поправаат и Светото Евангелие да го менуваат...
     
    Последна измена: 20 септември 2016
    На Rama и korisnichka им се допаѓа ова.
  7. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    • Ве молиме да пишувате на кирилица.
    Сакам да прашам нешто дали има во црквите некаква спасова вода која се дава на утрешниот празник Спасовден?
     
    Последна измена од модератор: 24 мај 2017
  8. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.530
    Допаѓања:
    7.421
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам!
     
  9. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Da prasam za veligden si krstivme doma voda. Vecerva aj imavme gosti sin mi ne moze da zaspie pa aj si rekov so krstena voda malce da go pominam. Koga go otvoriv sisetose iznenadiv vo ovie moi 25godini otkako pamtam nikogas taka ne smrdela. Prasanjevo mi e od sto mozi taka da se zamirisa i sto da i pravam?
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.529
    Пол:
    Женски
    А претходно што имало во шишето и дали било добро измиено?
     
  11. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Krstena voda imase koja ja preturiv i si go izmiv siseto.
     
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    За света вода веќњ сум добро запознаена и верувам во нејзините моќи но пред една недела бев на манастир и гледам во еден оддел каде се продаваат икони и такви ствари имаше шишенце на кое пишуваше СВЕТО МАСЛО ЧУДОТВОРНАТА ИКОНА (така нешто беше) за такво масло уопштр нема ни чуено. Свекрв ми зеде едно за себе едно за мене и јас прост не знам како и за што би го употребила
     
    На Rama, kuc, korisnichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Маслото од кандилата што горат пред светите мошти или светите икони се употребува за помазување, пред се` за телесно здравје. Значи со тоа масло можеш да се мачкаш таму каде што имаш болки, но и да си здрава за зацврствување на здравјето.
     
    На sonuvana, Rama, marchi-cool и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Јас со свето масло се помазувам на чело кога не сум добро,на пример кога имам паничен напад,или се напивам по некоја капка,и се смирувам....:)
     
    На marchi-cool, GirlLove, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  15. hopes

    hopes Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    325
    Kade da najdam voda od sv. Petka vo Skopje?
     
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Капиштец. Таму има од сите свети води.
     
  17. hopes

    hopes Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    325
    Na koe mesto Kapistec?
     
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    не разбирам кои се СИТЕ СВЕТИ ВОДИ?
     
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Во дворот на црквата свети Јован.
    Балаклиска (Богородична), свети Јован Крстител, света Петка, света Недела...
     
    На A-nice, baba Rada и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    јас па мислев вода се свети во црква а дека имало повеќе свети води не сум знаела
     
    На Orthophill и baba Rada им се допаѓа ова.