1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Света вода

Дискусија во 'Религија' започната од meleh, 17 април 2013.

  1. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    си земам вода во шишенце на голем празник...и си се прскам со неа некое време,.. така ми останато, и мајка ми некогаш ми носи...
     
    На kuc и Orthophill им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не сте доволно јасни. Дали водата од чешма во дворот на црквата се смета за света вода?
     
    На "Zoki" му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    Не
     
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Нели црквите се дигани на чудни места, кај што се верувало дека се сконцентрирани појаки енергии... Ако е тоа така, ондак е логично и водата да ја сметаат за „поинаква“. Јас по таа аналогија одев :D
     
    На ninja35 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    19.877
    Пол:
    Женски
    Не.
     
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Обично црквите не се дигани на чудни места, така е повеќе со манастирите, бидејќи и сама знаеш дека во старо време им ги рушеле, и морале да ги градат на понепристапни и потајни места....

    Што се однесува до тоа дали водата од чешма од двор на црква е света, јас би рекла дека има нешто, иако е "различна" од светата вода која свештениците ја осветуваат за Божиќ, Велигден и за нашите куќни слави, јас сепак често знам да се измијам лице и очи со водата од двор, и некако ми е полесно и поубаво.
    Можеби се е до самата психа, ама јас верувам дека има нешто и во таа вода, сепак се наоѓа во црковниот двор, во црква ми е се убаво, и вода кога пијам и од плодовите кога ќе каснам, на пример некоја овошка :)
     
    На душленце, sjdgo и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. TrinityNeo

    TrinityNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    833
    Пол:
    Женски
    Sveta voda od Sv.Petka kade ima vo Skopska okolija
     
    На butterfly_91 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Во црквата Свети Јован Крстител во Капиштец ги имаш сите свети води.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sjmsas

    Sjmsas Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Каде има манастир Св. Илија но да има петочна вода.
     
  10. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    5.312
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам, доколку земам света вода на пример од манастирот Свети Јован Крстител во Капиштец, како да ја чувам и употребувам, до кога и слично и дали истата треба да се земе на некој празник или било кој ден? Се извинувам однапред ако не е умесно или веќе одговорено прашањето.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Видете водата може да се подели на неколку видови:
    1) Богојавленска вода (агијазма) - осветена на големиот водосвет, кој се врши на Водокрст(Нејатка) и Водици. Оваа вода е посебно почитувана. Се мие и прска со неа само на празникот. Се пие само на гладно срце, со претходен пост.
    2) Осветена (крстена) вода - осветена со мал водосвет, кој се врши во другите денови (освен Водици и Водокрст) во црквите, домовите, полињата итн. Со оваа вода може да се мие и да прскаме со неа секојдневно. Може да се пие и откако имаме јадено. Ако се расипе се тура на чисто место или во цвеќиња.
    3) Бабина вода - вода која се дава при мала молитва, од неа родилката пие малку, а потоа со неа се капи бебето до крштевањето или до 40 дена.
    4) Вода од свети извори - овие води се повеќе од народни традиции отколку според црковната традиција. Според народно-црковната традиција разни води помагаат за разни проблеми. Но, овде побитна е нашата вера, дали ние веруваме, дека Бог или светецот ќе ни помогнат преку светата вода, или пак си фантазираме, дека водата е магична. Оваа вода се чува слично како крстената вода. Но, да се внимава употребувајќи ги овие води да не паднеме во идолопоклонство или пак под влијание на разни бајачки и гатачки. Без разлика како и` е името може да се употребува секој ден.
     
    На marchi-cool и BlackNight им се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    како ќе знаеме дека се расипала?
    а што ако остане и после 40 дена? Моето има скоро 2 години и уште ми стои.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Се расипала, ако почне во неа да се размножуваат бактерии или други микроорганизми.
    Искапете го детето (ако не е крстено) или истурете ја во цвеќиња.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Зарем може да се расипе? Никогаш не сум заприметила да има бактерии, секогаш била чиста.

    Можеби е подобро побрзо да се пие за да не стои долго време.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    5.312
    Пол:
    Женски
    За бактерии освен ако немаш дома микроскоп не моожеш да забележиш. Претпоставувам, би се развил неспецифичен мирис, застоеност и ако бездруго се сомневаш истури ја во цвеќе. Мое мислење за трајност е да се чува во стаклен сад подалеку од допир на светлина. Пластиката овозможува брз развод на бактерии и затоа не е добро ни вода за пиење да се претура повеќепати во пластични шишиња.
     
    На marchi-cool и BY<3 им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Крстена вода

    Понабожните жени непара одат по неделни и петочни води да се лекуаат; тие жени се вдаени поеќе по крстената вода. Лели секи месец иди у нас попо, што ни е на местото, и ни крштаа вода; од таа вода ќе се напијат по малце сите куќни луѓе и ќе си измие мајката децата за здравје.

    Крстената вода ќе `а соберат во едно шише и ќе `а чуаат пред икона, за зло час. Најпоеќе со таа вода `и мијат децата коа да се урочат, али малку нешто да се поболат, на часо ќе `и измијат, сељамет ќе најдат.

    Коа шетаат попоите на Нејатка со крс, по куќи, секоја жена што има деца ќе си нацрпи од водата што ја носи попо во котлето, да је се најди дома. За зло час.

    На ден Водици коа ќе се крсти водата црква и од таа вода земаат да му се најди за зло час. И во многу друзи празници коа се крштаа вода, си земаат жените во шишиња да им се најди дома, како за деца, така и за имање урочено.

    Коа се отвори манастиро Свети Аранѓел у нас, излезе една вода светена (агијазмо) и сума болни се измија и ден- денеска коа одат на манастир, али на причесна, али на гости, со некој болен, ќе го измијат болнио од ајазмото за здравје, и кој се мие со вода, ќе оздравеит и здрав дома ќе си дојдит.

    И на многу места кај што се отвара некоја вода, одат болни да се мијат да оздрават.

    Чудна е крстената вода. Има луѓе у нас што се фатени со облог за крстената вода и ја туриле во едно шише и ја затнале убао; туриле и проста вода во друго шише и ќе `и држеа за по неколку месеци и коа се отворија шишињата, крстената вода- чиста како солза, а пак некрстената- нечиста и смрдена.

    Во Стамбол некоаш го викнал царо турски патрико и сакал да го загуби дека оделе попоите со котле со вода и со крс по куќи. Царо мислел оти попоите што оделе по куќите праеле шпионлук за да станат рисјани. Патрико се отимал и му кажуал за крсто Ристов, и за водата крстена, (што) праела чудесија: болни лекуала и урочени и таа вода, да стојела кизнај колку години, не се смрдуала.

    Слушајќи царо овие зборои од патрико, го натерал да крсти вода и да чуаат да стои една година, ако не се смрди- ќе го прости, ако па се смрди, ќе го загуби него и сите рисјани. Крстил вода патрико и ја…(недовршено)

    (Запишал: Марко К. Цепенков)
     
    На OmilenataZaNego, BY<3 и sonuvana им се допаѓа ова.
  17. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Параклис со лековита вода за тироидна жлезда, неплодност, миоми, цисти во с.Велмевци
    Девојки, прочитав баш сега за ова црквиче, планирам да појдам сега кога ќе сум послободна, конкретно за тироидна жлезда. Дали некоја е бидена?
     
    На gogimica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
    Дали може "нечиста жена" - кога има месечен циклус да пие крстена вода?
     
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    15.606
    Пол:
    Женски
    Ај жити све со терминиве.
    Нечиста...(facepalm)
    И месечен циклус имаме цело време.
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.557
    Пол:
    Женски
    Може
     
    На Askopje му/ѝ се допаѓа ова.