Свети места

Дискусија во 'Религија' започната од jovankaaa, 13 јануари 2011.

  1. jovankaaa

    jovankaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Верувате ли во многуте царшиски приказни дека таму и тами има манастир дека има една вода и слично,
    кој помага на луѓе да забременат, да оздрават и слично?
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.883
    постојат ли свети места и каде?

    Cум слушнала дека има,и дека одат некои жени за да забременат,и за други проблеми! Hезнам дали во секоја црква има лековита вода,можеби грешам :tmi: прашај некој во цркавата каде што блиску живееш,каде има лековита вода и сл. :)
     
  3. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    5.048
    Пол:
    Женски
    постојат ли свети места и каде?

    Свети Јован Бигорски
    Свеќата , кандилото како и да се вика што стои покрај неговата икона во самиот манастир има лековито дејство , е сега дали даваат од восокот , маслото што и да е незнам , ама знам дека помогнало на многу луѓе ! Неплодност , рак ...
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.775
    Допаѓања:
    64.350
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато дека на Тиквешкото езеро имало некоја пештера. Жените што долго време не можеле да забременат оделе во пештерата и после останувале бремени. Така се зборува во едно тиквешко село, но колку е вистина незнам.
     
  5. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    343
    Секако дека да ... а во нашава прекрасна држава такви прекрасни свети места има многу. Чудотворни икони ( мироточиви ), извори со света вода, и свети "старци" односно свештени лица.
    Една од најпознатите ЧУДОТВОРНИ ИКОНИ е иконата на Св.Јован Крстител во Бигорскиот Манастир.....
    ..................................................................................................
    Во манастирот "Свети Јован Крстител", кај народот познат како Јован Бигорски на дваесетина километри од Дебар повеќе од два века постои единствената чудотворна икона на светецот која постои во Македонија. Според преданието иконата ја нашол монахот Јован во 1020 година. Таа сама дошла до местото каде што подоцна е изграден манастирот и лебдела над изворите на реката Радика. Се верува дека монахот Јован бил првиот архиепископ по паѓањето на Самуиловото Царство. Кога во 16 век, во времето на султанот Селим втори Турците го запалиле манастирот иконата мистериозно исчезнала за потоа уште помистериозно да се врати неоштетена. Во манастирските списи запишано е дека иконата на свети Јован Крстител 35 години не била заштитена и дека дури во 1885 година жителите на околните села собрале околу 20 илјади гроша за да ја обложат иконата со сребрен оклоп. На иконата има напис според кој таа е посребрена кога манастирот бил раководен од архимандритот Харитон и игумен архимандритот Михаил. Во Православието се верува дека само чудотворните икони имаат сребрен или позлатен оклоп. На иконата Јован Крстител е претставен како светец-трирачник. Се верува дека третата рака е благословувачка. Отците велат дека Заводот за заштита на споменици само еднаш го отвориле сребрениот оклоп кога требало да ја ретушираат. Тие се зачудиле кога виделе дека таа е целосно неоштетена. Збунува само годината 1021 што реставраторите ја забележале во десниот долен агол од иконата што е во спротивност со годината на нејзиното пронаоѓање.Иконата се наоѓа на десниот главен ѕид од манастирот. Тоа е така зашто луѓето кога влегуваат прво наидуваат на иконата и прво нејзе и се молат, велат монасите во манастирот. Таа е накитена и со подароци од верници кои ја почувствувале чудотворноста на светецот. Најмногу има приврзоци на кои се изгравирани бебиња.Бег од Албанија во 16 век дошол во манастирот на поклонение. Наредната година добил син и сиот свој имот му го подарил на "Свети Јован". Тој ветил и дека ќе праќа маслиново масло во манастирот зашто такво масло се произведувало на неговиот имот. Луѓе велат дека денеска на имотот на бегот постои табла на која е испишано името на светецот.
    [​IMG]

    Инаку во нашево православие низ светот се познати многу чуда и помош од Бога... Би ви го препорачала "Чудата на православието" да го гледате ... Прекрасен документарец
     
    На Luni, stylishh и Serafima им се допаѓа ова.
  6. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    511
    Пред извесно време таткоми ми кажуваше за манастирот во Црна Гора,Св. Василијe Острошки-Острог. Ми кажа дека манастирот се наоѓал во карпа дека таму се наоѓале моштите на светецот и биле нераспаднати дури обувките му ги менувале секој месец. Кога го прашав зошто му ги менувале ми рече дека светецот ноќе одел по околината и им помагал на лугето и од тоа како одел му се излижувал ѓонот па затоа морале да му ги менуваат многу често. Ова навистина ме зачуди и си реков да погледнам на гугл што има за манастирот. На сликите што го видов преубав е, се чудам како бил изграден толку високо во карпата. Најдов видео каде свешетеници му ја менуваат облеката на светецот и му ги пренесуваат моштите а притоа сите верници кои ке се најдат покрај моштите мораат да клекнат и да се крстат
    [​IMG]

    Најдов и некои статии за чудата на светецот

    Еве и видео

    http://www.youtube.com/watch?v=7QB536qHCdQ
     
    На lolita97, Ognenija, Veronika90 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    228
    Не знам баш дали овде е соодветно местото,ама прочитав нешто и сакам да го споделам


    Од 8ми Април до 22, во време на Страсната и Светлата недела во Светотроитскиот манастир во Џорданвил ќе пристигне (и ќе биде овде) на поклонение Мироточивата икона на Пресвета Богородица “Омекнување на злите срца”, “Softener of Hard Hearts”.
    Возљубени наши македонци кои живеете во САД и Канада, ова е прекрасна прилика за сите нас да ја видиме оваа Мироточива икона, да се поклониме пред истата и да испросиме милост од Царицата Небесна, Пресветата Богородица која е Мајка на сите нас. Оваа Мироточива икона е уште еден доказ како Таа не милува и чува со Својата Мајчинска љубов и не утешува. Сите наши неволји и проблеми со солзи да и ги кажеме. Таа знае што е болка затоа што кога Христос го мачеа, плукаа и исмејуваа и Мајката Божја истовремено во срцето нејзино страдаше.
    Да испросиме милост од Неа и да и благодариме за сета Нејзина Мајчинска љубов која ни ја дава!
    Радувај се Царице Небесна, Ти која ги омекнуваш срцата на сите зли луѓе!


    Адреса на Светотроитскиот манастир:
    Holy Trinity Orthodox Monastery
    PO. BOX 36
    Jordanville 13361 NY

    доколку доаѓате со кола:
    1407 Robinson Rd.


    Доколку имате желба да дојдете но не сте во можност,
    можете на меил на еден наш семинарист да напишете имиња за здравје и за болни па кога ќе се порача Молебен кон Пресвета Богородица, пред Мироточивата икона, за нашиот народ македонски ќе бидат спомнати истите.
    (Само Ве молам имајте граница со пишување на имиња. Доволно е да ги напишете Вашите најблиски, како семејството и болни!)
    Stojance91@yahoo.com


    cellphone: 315-360-7644


    Таа, која е наша надеж и утешение, да не спаси и омекне нашите срца за да ги љубиме сите браќа и сестри!


    Светотроитски манастир,
    Џорданвил, Њујорк
    Стојанче Серафим Андов

    http://preminportal.com.mk/index.php?op ... 2%D0%B5%21
     
  8. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    4.204
    Пол:
    Женски
    Незнаев каде да пишам па ајде тука запознаени ли сте со светите самовилски води во Македонија.Ги има многу Јас сум посетила некои во скопско Говрлево во Кумановско зубовце ржановце .... па пишувајте кој слушнал за што каде и слично
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    3.072
    Не верувам во тнр. свети места ниту во места на аџилак. Кога би сме рекле дека одредено место е свето тогаш тоа место би сме го издвоиле од целината, од космичкото единство.
    Свет е само Бог кој преку својата нелична природа, Светиот Дух, го прострујува сето постоење.

    Постојат убави места во природата, постојат места кои се поповолни за вршење одредени активности отколку други (на пр. нивата е погодна за садење растенија, крајбрежјата и планините за прошетка, пустината пак не е погодна за одредени работи и тн.). А во комуникација со Бога може било каде да се стапи, особено во природата бидејќи таму доаѓа до израз Неговото струење а не човечкото дејание.

    Манастирите и другите слични локации, неависно на која религија се посветени, немаат нешто посебно сами по себе, туку одбраните локации се посебни во географски поглед па можат понекој посетител да го остават „без здив„, т.е. да го воодушеват.
    Но во реалноста околината со природата е таа која всушност воодушевува, а не тнр. „свето„ место.
    За да дојде до забременување, покрај биолошките предуслови треба да се исполнат и духовните.
    Имено една (или повеќе) души треба да сакаат да тргнат во нова инкарнација т.е. отелотворување, но и да има соодветна планетарната констелација која ќе биде своиевиден патоказ за самата душа или души.

    Според моите верувања постои можност да кога тнр. „нертока„ се обидува да стане родител постеувајќи тнр. свети места, всушност да изгради на тој начин невидлива духовна магнетичност за бестелесни души кои се под влијание на енергетското поле на дотичната религија (сеедно како таа се нарекува, било католичка, православна, хиндуизам, ислам и тн...). Доколку е обезбеден тој „мост„ за инкарнирање, следниот пат зачнувањето ќе биде успешно. Но тоа не мора да има никаква врска со Бога и Божјата Волја. Напротив, под околоности тоа може да биде дури и сосема спротивно од она што е навистина добро за двете страни (луѓето и душите во дадената ситуација).

    Бог секогаш ја почитува слободната волја на луѓето и не се наврзува за простор и време. Бог никогаш не кажува директно дека тука или таму мора да се оди или нешто да се копа за да се најде и сл.
    Луѓето кои веруваат дека бог им соопштил низ сон или визија такви работи, всушност се под тнр. астрално влијание. Тоа е (честопати несвесна) телепатска комуникација со бестелесни души кои имаат свои лични интереси а не исполнување на Божјата волја која трајно дава добробит за луѓето и природата - целината.