Барав ваква тема но не можев да најдам. Доколку користите светкава шминка, со што ги лепите светките? И каде ги купувате? Имаше едно време фини боички во џамбо но ги нема веќе.
Светките се ѓаволски прав бе луѓе, бегајте подалеку од нив Еднаш така ме нашминкаа, ги пцуев цела вечер хаха Иначе на аура мислам и тие беа
@Irrepleceable, Трк до Џамбо, има светкави сенки Цената им е околу 150 ден и имаше две палети со по четири бои, едната со сиви нијанси а другата со розеви.
Дали ги имаш користено? Дали се добри? Ги гледам неколку пати и се кансм да ги купам ама имам еден куп палети што не се квалитетни па викам да не купувам пак.
@Emotional123, да ти кажам право- шубе ми е! Знам дека дискриминирам ама непозната марка се, цената им е преевтина за таков тип на козметика и некако не ми се ризикува, особено дека одат на очи. Откако другарка закачи инаетлив конјуктивит, параноична сум кога се сенки во прашање. Макар што, да имаше палета со земјени тонови, може и ќе ја купев, страв- нестрав