1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светлана Ражњатовиќ - Цеца (Svetlana Raznjatovic - Ceca)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од pinklady, 27 ноември 2010.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Разликата меѓу Цеца во раните деведесетти и сега, е илјада светлосни години различна
    од сите можни аспекти. Првенствено квалитетот на песните, потоа стилот на облекување,
    изразување, држење, па сѐ до односот кон публиката.

    Цеца во 90-тите, беше буквално музичка икона. Спојот од изглед, глас и стас
    беа добитна комбинација за едно време анархично време во кое владееше
    сеопшт хаос..
    Тогаш нејзиниот изглед беше природен, односот галантен, дамски, лириките поинтересни, а
    мелодиите благи и ,,помилозвучни'' лаички кажано. Додека односот кон јавноста многу по пристапен
    и гестикулиран, за разлика од денес кога за време на интервјуата се однесува одбивно и суетно,
    небаре Србија ја држи на дланка.

    Кога сме веќе тука, да не заборавиме дека беше сопруга на влијателен човек кој се занимаваше со
    организиран криминал, и дека токму поради негова заслуга се здоби со имиџот и кредибилитетот
    кој ги ужива ден денес.

    Што се однесува до пластичните операции, не знам зошто толкава шокираност. Речиси сите јавни
    личности легнуваат под нож и вбризгуваат ботокс после 30-тата година, и тоа не е никаква
    тајна. Едноставно, така функционира естрадната машинерија, налага да исполнуваш одредени
    критериуми за да останеш на сцената, а убавината (макар и добиена по вештачки пат), е една
    од нив. Така да не ме зачудува толку изгледот на Цеца, колку што ме зачудуваат одредени
    коментари и прашалници зошто изгледа така.

    Околу нејзините песни..
    Нумерите ,,Забранет Град" ,,Белград" ,,Кукавица" ,,Оди додека си млад" ,,Другарке" па сѐ до
    последниот албум издаден во 2006-тата година можам да кажам дека во себе содржеа некаков
    ритам, убавина..После 2006-тата, едноставно се изгуби тој сјај, и Цеца повеќе не беше
    Цеца..Новите песни, (искрено само две ѝ имам преслушано од новите), за мој вкус не се воопшто
    убави и многу се разликуваат од стилот кој го негуваше во минатото.

    Еве колку за споредба, доволни се да се погледнат само првите минути од интервјуата.



     
    Последна измена: 19 мај 2018
    На SummerGirl, ceca-1 и kikkki им се допаѓа ова.
  2. dolphine

    dolphine Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2021
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Ми излезе рендом на јутјуб некоја снимка од неа на некој концерт и ме поттикна да искоментирам, и баш видов дека ја има оваа тема баш за неа.

    Првенствено, не сум некој опасен фанатик по музиката која што таа ја сервира, но има некои песни (постарите) кои што ги слушам и можам да кажам уживам во нив. Не навлегувам во тоа каков човек е, со што се занимавала, на крајот на се па никој не ја познаваме лично, туку се е на еден сензионалистички начин кој што ни го нудат таблоидите.

    Сакам да искоментирам за нејзиниот стравичен стил. Прочитав мислења тука 'Цеца имала стил порано'. Остро демантирам. Светлана никогаш не знаела да се облече и да изгледа стилски добро. Никогаш. АМА никогаш. Каков дамски стил во 90тите? Со оние ефтини, тесни, кратки и кромидарски фустанчиња и стравично нападна шминка(n) Кога ќе ја видам со оној дречавиот розев сељачки кармин ми се згадува. Не ми е јасно, цел живот ја шминкаат професионалци па дали и тие не разбираат или пак нема кој да ја советува. Модно е еден неопислив очај. Не мораш да си многу модно изграден и да имаш големо познавање на таа тема, и регуларен човек од улица може да примети дека нема појма од модата, а за катастрофалната непогода наречена шминка кај неа не сакам повеќе да коментирам. Нека си најде подобри стилисти да ја средат, жената стана предмет на смеење. Жално.