Светлина/Темнина во нечие присуство-различни енергии

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од KittyAgnes, 17 јули 2021.

  1. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    Не знам точно како да го пишам насловов ниту каде да ја ставам темава :D but here it goes

    Дали ви се случило во нечие присуство да чуствувате посебни вибрации/енергии?
    Без разлика дали сте верник или атеист, спиритуалист итн...

    Јас сум лучност која многу чуствува енергии, порано имав проблем со тоа и тешко поставував граница, значи ми влијаење туѓата енергија, се соживував со емоциите на другите и нивното енергетско поле лесно се мешаше со моето...Исто така не бирав мнг каде ја вложувам мојата енергија и со кои луѓе и ситуации... Откако станав верник мнг подобро се носам со овие работи.

    Не сакам црно бело да ги бојам работиве но ете што мислите, дали некои личности едноставно (поголем дел од нивниот ден барем) зрачат со светлина и енергија а други мнг јасно носат некаква темнина и се обиколени со невидливи ѕидови?

    Јас лично сум изненадена кога луѓе не толку блиски отворено си коментираат за мојата енергија и како тие ме доживуваат (ова одма ми е како red alarm во себе)
     
    На Dimi_ и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    Обично има рационално објаснување зошто се чувствуваме добро/лошо во друштво на одредена личност. Не верувам во тоа дека е некоја вибрација во прашање, ако се чувствуваш загрозен од личноста, ќе имаш лошо чувство, ако личноста е пријателски настроена ќе имаш позитивни чувства.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.819
    Допаѓања:
    42.810
    Пол:
    Женски
    Јас обично уште од прва средба некако сеќавам какви вибрации добивам од одредена личност. Можеби е интуиција, не знам точно, ама this is a thing. Никогаш не сум се излажала досега.
    Ми се случило многу пати да се осеќам нелагодно во присуство на некоја личност без посебна причина што подоцна се докажало дека со право е тоа.
    Исто така и обратно, со некои личности уште на прво сум осетила дека се океј и "безбедно" е да се опуштам со нив. А обично сум личност што не се зближува лесно со луѓе, но со сите вакви личности во животот било голем чекор напред во зближување.
    Сметам дека умеам да ги читам лесно луѓето и се трудам да стојам понастрана од оние кои ме прават да се осеќам неудобно.
     
    На Guns N` Roses, The Saturdays, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Idedemja

    Idedemja Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    17.732
    Пол:
    Женски
    Кога бев помлада мислев дека сите луѓе шират добри вибрации, сите ти мислат добро и ако некој во мое присуство беше напнат, нерасположен мислев дека е до мене бидејќи тргнував од тоа дека сите зрачат убаво, па ете некако јас сум им допринела да не зрачат така. Имало фази во кои сум се повлекувала од ваквите луѓе бидејќи се осеќав виновно, ама животот ми наметна едно темпо и можности секојдневно да работам со премногу луѓе, секакви карактери, во секакви ситуации и психички состојби и сфатив дека тоа што го носиш во себеси тоа го зрачиш.
    И да, ми се случувало инстантно да се осеќам привлечена од нечии вибрации и да бидам првично восхитена од одредени личности, а по извесно време да сфатам дека не вредат 5 пари, само се истренирани да ласкаат и искористуваат се живо околу себе. Сега ретко грешам, ретко правам утка при прва проценка и сум многу повоздржана иако длабоко во себе се уште верувам дека сите луѓе се добри и зрачат добри вибрации, ама знам во пракса дека не е така и верба и внимание не заслужува секој.
    Во кратки црти на енергии и вибрации одамна не паѓам, искуството и знаењето си го направиле своето и сега многу внимавам на кој ќе дозволам да навлезе во мојата приватност.
     
    На Bezimenka90, Leat, KittyAgnes и 2 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    24.956
    Допаѓања:
    194.304
    Не сфаќам за какви енергии и вибрации зборувате?
     
    На ane.bella, Bezimenka90 и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.576
    Допаѓања:
    6.574
    Порано негативците ме „заробуваа“ буквално со својата негативна енергија. Сега веќе не. Како што пишаа погоре, искуството те прави појак. До пред некоја година имав една колешка која може мајка да ми биде и кога бев во иста просторија со неа, буквално како да губев здив, имав срцебиење и тешко дишев. Инаку, жената им паметува на сите, а беше страшно исфрустрирана. На работа доаѓаше не да работи, туку да се лечи. И јас многу се раздавав порано, буквално на секој да помогнам, ама увидов дека не вреди, и сега сум во еден мал и затворен круг на луѓе каде ми е удобно. Сите други, надвор, не ми требаат ако веќе еднаш ја искористиле мојата помош или направиле нешто лошо.
     
    На Justicija, KittyAgnes и buba4e89 им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    20.005
    Допаѓања:
    130.242
    Пол:
    Женски
    Аура си ја викам јас. Или vibes на англиски.
    Како зрачиш и пренесуваш енергија така ќе ги привлекуваш луѓето.
     
    На Bezimenka90, gjoker4e, Elf и 4 други им се допаѓа ова.
  8. The Saturdays

    The Saturdays Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.120
    Пол:
    Женски
    Одма ја осеќам аурата на некоја личност, има луѓе што ептен пријателски се однесуваат со мене, се разбира и јас сум фина ама има нешто во нивната енергија што ми дава bad vibes, имаат мрачна аура и без разлика на однесувањето не ми е пријатно околу нив, а некои луѓе одма кога ќе ги видиш знаеш дека се sunshines, positive energy до максимум.
     
    На Guns N` Roses, Justicija, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    1.416
    Допаѓања:
    5.656
    Пол:
    Женски
    Сите зрачиме со најразлични енергии или аура, ама да не навлегувам толку длабоко ќе ги поделам само на позитивна и негативна енергија. :sun:

    Јас ете сум личност што можам да ги чувствувам другите луѓе, и да сочувствувам со нив. Не знам можеби ми е дар од Бог тоа :angel:, кога станав верник некако тоа самото во мене почна да "работи" и бидејќи не знаев да го контролирам често се случуваше во нечие присутство да ми е мачно, тешко, да ми се лоши или некој ако бил тажен да ми се плаче, кога ќе се тргнев од таа особа одма се чувствував нормално. А кога сум била во присутство на луѓе коишто зрачеле со позитива, тогаш некако духот ми беше исполнет, како да лебдев и баш пријатно се осеќав.

    Е сега веќе не сум на тоа духовно ниво како што бев тогаш, престанав да "работам" на тоа и многу послабо ги чувствувам луѓето, поточно не ми е толку изразено тоа за секој еден да можам да го осетам. :wasntme:Исто со некој што сум разговарала ми имаат кажано дека кога се со мене толку пријатно, опуштено и блиско се чувствувале. :inlove:
    И за ова од кога ми го кажаа, приметив дека и нови луѓе што запознавам толку брзо се опуштаат пред мене, и одма си ја "отвораат" душата. :?:
    Искрено мене тоа баш не ми се допаѓа, ама ете најверојатно така зрачам. (facepalm)
     
  10. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    1.318
    Допаѓања:
    20.742
    Пол:
    Женски
    Нормално е да го одбегнуваш и да не се чувствуваш пријатно со некој кој те замара со своите проблеми. Не би рекла дека тука станува збор за некакви енергии, светлини и енергетски полиња.

    Кога ќе видам некого мојата проценка за личноста зависи пред сè од експресиите на лицето. Од мали учиме да ги читаме изразите и да ги поврзуваме со одредени емоции. За човек кој е намуртен и нервозен, на прв поглед, не можам да мислам дека е дружељубив и нема да посакам да се запознаам со него. Ако личноста е насмеана важи спротивното. И да се познавам со некого ќе биде истата реакција. Не сакам да имам во моја близина луѓе кои се постојано исфрустрирани, егоистични и кои немаат обзир за туѓите чувства.
    Дополнително влијае и начинот на кој се запознавам, нивниот говор на тело, па и однос кон останатите. Не е исто ако тоа се луѓе кои се самоуверени, опуштени и весели или повлечени и незаинтересирани за познанства. Да не се разбереме погрешно, не секогаш овие вторите (во кои спаѓам и јас) се "лоши", но тоа е начинот на кој носам заклучок на прв поглед. Погрешно е знам и затоа не брзам со оформување на мислењето пред да поразговарам или да се запознаам со некој друг.

    Има и случаи каде поради мои убедувања и несигурности нема да се дружам со некого. Ќе мислам дека не сум интересна или дека немаме заеднички теми и ќе стојам подалеку од нив без причина. Но, и ова се покажа како погрешна проценка. Не треба од сопствените чувства и расположение да одлучувам кој каков е.

    Луѓето се непредвидливи, никој не може да тврди со 100% сигурност дека некој е добар или лош. Па проценката на личноста од прв поглед, или пак преку некакви вибрации кои ги зрачат ми е нелогична.
     
    На Bezimenka90, Idedemja, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    907
    Пол:
    Женски
    Се трудам да реагирам смирено и топло и на лоша енергија која некоја личност ја емитува.
    Или барем да ја игнорирам ако е премногу агресивна.
    Преку молитва се чистам.
    Не е секогаш лесно, но многу е убаво кога се добива добра реакција,која лошо започнала.
     
    На Cosmic Girl и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    1.575
    Допаѓања:
    9.267
    Пол:
    Женски
    Не баш. Изгледа само јас не чувствувам енергии. :D
    Освен ако не станува збор за формирање први впечатоци. Тоа го прави секој, најнормално.
    Тогаш сум добра за проценка, во смисла секогаш се спротивното од тоа што сум го имала за прв впечаток. :D

    Шала на страна, не ги проценувам луѓето така на прв впечаток или какви енергии имаат. Чекам да помине подолго време за да донесам заклучоци. Може генерално некој е стално ведар, расположен, позитивен...ама јбг, сум го начекала на лош ден кај што е негативен. И обратно.
     
    На Celltica и f.girl им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    3.781
    Допаѓања:
    23.733
    Пол:
    Женски
    Ќе се смени насловот во Аура или сепак станува збор само за светлина и темнина?
     
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.079
    Допаѓања:
    21.292
    Пол:
    Женски
    Кас пак , секогаш правам утки во првата проценка на луѓето . Многу ретко погодувам . Затоа пак , туѓата енергија , туѓиот вајб , многу лесно ми влијае . Ако некој е нервозен и напнат во мое присуство , некако и јас се чувствувам нервозно и напнато . Затоа не излегувам многу од дома , не се дружам со многу луѓе , имам неколку поблиски пријатели и се држам до нив , бидејќи некако ми одговара нивното друштво , ретко се намуртени и нервозни ..
     
  15. Lengerda

    Lengerda Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2021
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Зависи дали носиш гајгер-милеров бројач
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.951
    Допаѓања:
    55.782
    Пол:
    Женски
    Личности што за мене претставуваат негативна енергија, за некој друг се позитивни. Зависи како ви се поклопуваат енергиите. Некои мене не можат да ме поднесат и не сакаат да се во моја близина, за други сум позитивна и пожелна. Така да, овде нема само црно и бело. Најчесто и нема многу личности чија енергија ми е ,,темнина" (не знам зошто баш темнина и светлина стои во насловот). Најбрзо и најлесно сепак ја препознавам светлината, добрата енергија, ретка е но веднаш штом почнам контакт препознавам која личност е посебна во таа смисла.
     
  17. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    4.120
    Допаѓања:
    15.781
    Пол:
    Женски
    јас сум магнет за енергетски вампири, ај што се негативни стварно ме исцрпуваат
     
  18. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    и ја бев ама со текот на годините научив да се чувам себеси и да поставувам јасни граници. Мора да се чуваш
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    4.120
    Допаѓања:
    15.781
    Пол:
    Женски
    магнет зум за такви и не можам да ги откачам никако
     
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    2.270
    Допаѓања:
    5.001
    Пол:
    Женски
    Ми било непријатно во нечие присуство, сум почувствувала силна недоверба, ама не и темници, аури или што знам. Темава не е баш за мене и за моите искуства. Затоа ќе си пуштам музика.