Светот на Софија (Јустејн Гордер)

Дискусија во 'Книги' започната од honorthyself, 23 август 2012.

  1. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Интересна приказна која низ целиот свој тек го става под прашалник прашањето за нашата егзистенција, а паралелно не носи на патување од корените на античката мисла, па се до денес.
    Според мене, оваа книга би требало да биде прирачник за професорите по филозофија од каде можат да црпат интересни прашања и идеи како да ги водат нивните часови за поголем дел ученици да се заинтересираат за материјалот.
    Од приказната која на крај отвара едно големо и квалитетно прашање за размислување, до самата содржина - се е извонредно. Авторов буквално ме воодушеви.

    Ја имате ли вие прочитано книгата? Каков впечаток ви остави вам? :)
     
    На Cka и Padre им се допаѓа ова.
  2. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    244
    Јас ја имам прочитано одамна и ми беше многу убава за читање и се потсетив на часовите по марксизам во средно, каде што учевме уствари основи на филозофија.
     
  3. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Јас ја читам моментално, и искрено сум импресионирана од начинот на кој е вметнато целото човечко битие и вечно неодговорените прашања...сепак е книга која те тера навистина да се задлабочиш и да се преиспиташ "Која сум јас?", "Како настанал светот" итн.
    На секому би му ја препорачала..па доста беше со тинејџерскине љубовни романчиња, па после се чудите зашто сте во депресија ако дечкото ве оставил и сл. Со книгава ќе се вратите во реалноста.. Ова не е Дизни и Америка ;(
    И за крај..
    "- Единствената работа што ни треба за да станеме добри филозофи е способноста да се чудиме! ".
     
  4. Padre

    Padre Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    37
    Ја читав неодамна. Забавна приказна која може слободно да послужи како учебник по филозофија.
     
  5. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Јас ја немам прочитано,но многу луѓе кои што ја прочитале ја пофалиле,мислам дека нема еден од нив кој ја прочитал,а не му оставила добар впечаток. :)
     
  6. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.810
    Допаѓања:
    10.928
    Пол:
    Женски
    а за шо се раскажува
     
  7. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Дечки, дали некој ја продава книгава или пак да не знаете каде може да ја најдам? Во издавачки центар Три ја немале веќе година дена, исто и кај овие што продаваат стари книги ја нема. Друга опција?
     
  8. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.192
    Допаѓања:
    106.160
    Пол:
    Женски
    Многу убава книга, како вљубеник во филозофијата ја обожавам!
     
  9. Secret22

    Secret22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Може ли да ве замолам ако некој можеби ја има прераскажано да ми ја испрати? Потребна ми е за на факултет.Благодарам однапред.