Светот не е фабрика за исполнување желби (Џон Грин)

Дискусија во 'Книги' започната од RainBow, 18 февруари 2014.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.969
    Допаѓања:
    47.890
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Ете ја конечно и кај нас, The fault in our stars, со малку изменет наслов.
    Како што вели самата корица: „Ве предупредуваме дека ова не е типична љубовна приказна. Ова е една љубовна приказна каква досега не сте прочитале, ова е една болна љубовна приказна...“ - така и јас повторно ќе ве предупредам да се подготвите за нешто поинакво, за нешто истовремено прекрасно и срцепарателно, за нешто што ќе ви подаде уникатни очила за да го погледнете светот со други очи.

    Да, за жал, светот не е фабрика за исполнување желби...

    Дијагностицирана со рак на тироидна жлезда на тринаесет години, Хејзел е подготвена да умре, кога година дена подоцна, ракот одеднаш исчезнува... барем сега засега. После две години, таа сè уште тапка во место и чека да види што ќе се случи.

    И покрај тоа што таа стои во место како нејзиниот живот да е паузиран, годините си минуваат, па на шеснаесетгодишна возраст, Хејзел нема буквално ништо. Не оди на училиште, нема којзнае колку пријатели, нема нормален живот. Има само едно чудо оставено зад себе и сè уште живее во страв дека чудото сепак не било чудо и дека болеста еден ден ќе се врати да си ја наплати својата цена.

    Тогаш во групата за поддршка за болни од рак го запознава Августус Вотерс.

    Тој е свеж воздух кој влегува низ ненадејно и неочекувано подотворен прозорец, тој е зрак позитивна светлина во темен подрум каде што луѓето се собираат за да молат за Божја милост и лекување, тој е нешто посебно... Тој е прекрасен, згоден, смешен, победник на неговиот рак и - шокантно за Хејзел - заинтересиран за неа.

    Како и да е, Хејзел не сака да се зближува со никого и воопшто не сака ни да размислува за заљубување затоа што се гледа себеси како една темпирана бомба и ништо повеќе. Граната која ќе експлодира, останува само прашање на време кога, а кога ќе експлодира ќе ги повреди сите покрај себе, сите кои ги сака... Па затоа го држи Гус на растојание, тој е само пријател и ништо повеќе...

    Дружењето со Августус истовремено е неочекувана дестинација и многу потребно патување кое комплетно ќе ја промени Хејзел, а со неа и вас како читатели... Ова е една навистина чудна книга, ова е една од оние книги на кои се плаче со насмеано лице, книга на која се плаче на глас, книга која долго време ќе ја носите со вас. Повторно плачам дури и додека ја пишувам оваа статија...

    Затоа, за крај, Ви ја препорачувам од срце, т.е ВЕ ЗАМОЛУВАМ да не ја пропуштите и никако да не го гледате филмот пред прво да ја прочитате. Сега погледнете го трејлерот и почнете да се подготвувате за едно препрепрекрасно патување во земјата на реалните и болни љубовни приказни...
    http://www.sakamknigi.mk/index.php/dram ... 0%B8%D0%BD
    Навистина преубава книга, милсам дека ништо друго во последно време ми нема оставено таков впечаток.
    Споделете тука мислења кога ќе ја прочитате книгава.
    [​IMG] :)
     
    На LittlePinky, Hipica, the.vampire.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Ауу, зошто таков наслов ѝ дале? :?:
    Цело време очекував на македонското издание да стои Вината е во нашите ѕвезди или нешто такво.
    Како и да е, мислам дека македонските читатели веќе се запознаени со книгава, со многу другарки, колешки и феминки ја имаме коментирано. Па, очекувам дека сега ќе биде уште почитана, иако и на англиски е прилично разбирлива, па не мора да го чекате нашето издание.

    Книгава ја имам веќе коментирано, затоа во спојлер ќе го ископирам постот, да не се повторувам
    Прво морам да признаам дека малку скептично ѝ пријдов на книгава, од проста причина што tumblr е окупиран со слики од филмот кој треба да излезе годинава. Па некако добив чувство дека е само уште една клише тинејџерска книга по која девојчињата кубат коси и сега ете ќе прават филм.

    Леле, колку многу сум се излажала!
    Книгава ќе ја паметам засекогаш како прва книга на која сум плачела! Никогаш досега ниту една книга не ми измамила солзи. Оваа ме скрши тотално!
    Ме освои уште од првата страница. Толку многу ми се допадна начинот на кој Хејзел ги раскажува настаните, што многу пати се навраќав да препрочитам некои делови. Немам навика да пречитувам книги, ама оваа знам дека ќе ја прочитам барем уште еднаш. Од срце си се смешкав додека во глава си ги замислував Хејзел и Августус, кои патем дефинитивно ќе ми останат како едни од омилените ликови од книги. Премногу се соживеав со нив.

    Целата книга има прекрасни цитати, не би можела да издвојам неколку, инаку како што кажа Рејн погоре, ќе треба цела книга ја да постирам. Ама ќе го издвојам делот што мене лично ме скрши:

    When you go into the ER, one of the first things they ask you to do is to rate your pain on a scale of one to ten, and from there they decide which drugs to use and how quickly to use them. I’d been asked this question hundreds of times over the years, and I remember once early on when I couldn’t get my breath and it felt like my chest was on fire, flames licking the inside of my ribs fighting for a way to burn out of my body, my parents took me to the ER. A nurse asked me about the pain, and I couldn’t even speak, so I held up nine fingers. Later, after they’d given me something, the nurse came in and she was kind of stroking my hand while she took my blood pressure and she said, “You know how I know you’re a fighter? You called a ten a nine.” But that wasn’t quite right. I called it a nine because I was saving my ten. And here it was, the great and terrible ten, slamming me again and again as I lay still and alone in my bed staring at the ceiling, the waves tossing me against the rocks then pulling me back out to sea so they could launch me again into the jagged face of the cliff, leaving me floating faceup on the water, undrowned.

    И тука веќе не можев да се соземам, почнаа да ми течат солзи, па ја исклучив книгата за малку да се потсмирам. Затоа што знаев дека баш најтешкиот дел за читање допрва доаѓа.

    Еве ме мене додека ја читав :tmi:
    [​IMG]

    Топло ја препорачувам на сите оние што сакаат да прочитаат емотивна приказна која ќе ги поттикне да размислат за една чувствителна тема. Книгава ја мислев со денови откако ја прочитав, размислував за животот и за вредностите кои понекогаш ги забораваме.
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.216
    Допаѓања:
    16.985
    Пол:
    Женски
    Прво да кажам дека Џон Грин го обожавам како писател, и книгава ми беше на листа на читање подолг период.Ја прочитав минатиот април, и до ден денес кога ќе ја дискутирам со некој сум ептен емотивна.Преводов на насловот многу ми е чуден, не е тоа, тоа.
    Џон Грин вешто успева да ја прикаже целата слика околу тоа како изгледа борбата на тинејџерите со ракот.Карактеристично е што само во оваа книга како водечки лик е женско, вообичаено во сите негови книги водечкиот лик е машко, и бев задоволна како го изведе ова.Во ниту еден момент не очекував да се случи таков пресврт, и при крајот нормално липав.Навистина ме потресе книгава, денови после тоа размислував за неа.Искрено не можев да ја оставам книгава, едноставно морав да дознаам што ќе се случи понатаму.И да, навистина има прекрасни цитати.
    Инаку Августус не го замислував баш така како актерот кој го одбрале,Ansel Elgort, но во секој случај ќе го гледам филмот, се надевам дека нема да ме разочара :)
    [​IMG]
     
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Јас нема што да коментирам,книгата е преубава,сега ќе си ја купам и на македонски,ќе си ја препрочитувам еднаш годишно,како лек за душа...
    Само ова...
    “Sometimes, you read a book and it fills you with this weird evangelical zeal, and you become convinced that the shattered world will never be put back together unless and until all living humans read the book.”
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.263
    Допаѓања:
    1.509
    Врска немав дека постои и книга. :tmi:
    Книгата со филмот имаат заемна врска или се спротивни како и мн.други?

    :^)
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.969
    Допаѓања:
    47.890
    Пол:
    Женски
    Филмот е правен според книгата, значи поврзани се.
    За насловот, во коментарите на статијата на СакамКниги има некој изреволтиран читач, па му одговориле подолу зошто е таков насловот.
    И јас ќе си ја купам книгaва, сакам да ја имам дома, да си ја препрочитувам, како што кажа Marossa.
     
  7. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    183
    Ја имам читано одамна и стварно е убава ама мене не ми е ништо посебно, ликовите ми се веќе видени како и приказната, само ете, на малку поинаков начин прикажана. Само се надевам дека ради книгава ќе им текне да ја преведат и Looking for Alaska која ја препорачувам и според мене е далеку подобра.
     
  8. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Првпат го читам Џон Грин и навистина сум фасцинирана од неговиот стил. Толку лесен за читање, а толку длабок и интелигентен. Се е онака со мерка, без непотребно опширни описи и дијалози. Ликовите му се обработени скоро до совршенство. Дефинитивно, ќе продолжам да го читам.

    Конкретно за книгава....темава не е моја омилена(а кому е???), но ми се допадна тоа што е ослободена од непотребена патетика. Хуморот и сарказмот се така интелигентни. А ликовите ги обележува нивната личност, а не болеста.
    Од мое искуство знам дека младите кои страдаат од тешки хронични болести се страшно емоционално зрели личности, така да, ако некој го обвини авторот дека ја идеализира зрелоста и свесноста на ликовите, страшно греши.

    И за крај, моментот кога Хејзел оди во трговскиот центар со нејзината здрава пријателка. Пријателкава нели не сака да купи сандали со отворени прсти оти второто прсте и е подолго од првото...каков ужас.

    ај, муабетот ми е, кога ќе се погледнете во огледало и ќе почнете да се жалите на вашиот голем нос, премногу раздалечени очи, криви нозе...сетете се на Хејзел и Августус и бидете благодарни на она што го имате. Зошто Хејзел и Августус не се некои имагинарни ликови од Месечина и Самрак, тие постојат тука меѓу нас.
     
    На Marossa, Hipster, the.vampire.girl и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Ја има книгава кај нас така?
    Пишете каде само ако знаете и дали ја има нашки или на англиски, претпочитам да читам на англиски, но ако ја нема и на нашки ќе ја читнам, после толку пофалби и препораки решив да ја прочитам.
     
  10. the.vampire.girl

    the.vampire.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    1.488
    Пол:
    Женски
    Ќе ја има на саем на книгата на македонски јазик, околу 270 ден.
    Конечно и ја ќе си ја купам, после толку долго чекање.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.969
    Допаѓања:
    47.890
    Пол:
    Женски
    Ја има на нашки, на Сакам книги е издание. На нив преводот им е солиден, ама ако сакаш на англиски да си ја читаш ја има за симнување. А може во Икона на англиски ја има, прашај си сега на саемот. Како и да е, на кој и да е јазик да ја прочиташ обавезно. :)
    Не можам да се согласам, баш во оваа вторава ликовите се веќе видени и нема ништо посебно, баш е просечна книгата. Не може ни да се мери со The fault in our stars. Мое мислење. :)
     
    На Butterfly14, Hipster, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    192
    Една од најубавите книги што некогаш сум ги прочитала. Ја завршив за еден ден без да трепнам. Многу сакав да ја прочитам англиската верзија, но ја читав на македонски и пак премногу ми се допадна и преводот беше добар. Обично не сакам вакви депресивни книги во стил на Спаркс, иако се изнаплакав оваа беше најубавата љуборна приказна што некогаш сум ја прочитала.
     
  13. Wild.Cat96

    Wild.Cat96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    723
    Само што ја дочитав,ја читав на англиски и просто се фасцинирав не сум некој голем љубител на љубовни приказни,но книгата дефинитивно ми е една од по омилените книги.
     
  14. Brennan15

    Brennan15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    27
    дали некој знае каде ја има на македонски и која цена е?
     
  15. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    1.042
    Пол:
    Женски
    Ја има на саем на книгата, околу 270 ден е. :)
     
  16. the.vampire.girl

    the.vampire.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    1.488
    Пол:
    Женски
    Саемот заврши, сега ја има во Матица, Три, Култура, Топер, ама не знам која е цената во моментов, можно е да ја вратиле истата цена од 350 ден.

    Инаку јас ја прочитав книгава вчера. Не очекував многу од неа, мислев дека само ја величаат заради тоа што е за болна љубовна приказна. :wasntme: Ама се покажа спротивно од тоа. :nod: Ме остави без зборови. :x Џон Грин на толку реалистин начин пишувал за сето тоа, ме воодушеви. Навистина е една од најубавите книги кои некогаш сум ги прочитала. Најверојатно ќе ја препрочитам летово, но на англиски, иако никогаш не препрочитувам книги.
    Кога почнав да ја читам, не можев да ја оставам. Мислам дека нема потреба да кажувам за тоа колку многу се изнаплакав на книгава, ретко некој да е способен да не се расплаче на такви случки.
    Хемијата помеѓу Хејзен и Гус беше прекрасна. :inlove: Многу ми се допадна хуморот на ликовите. Тоа покажува дека иако се болни, тие сеуште се луѓе. Ја покажа и целата борба на луѓето, поточно тинејџерите во приказнава, со ракот.
    Бидејќи го имав гледано трејлерот, си знаев како да си ги замислувам ликовите, и двајцата ми беа тотално погодени. Само со Исак ме изненадија, во книгата е русокос, а во филмот црн. Но сепак, ми се допаѓа и овој избор. Според тоа што го имав видено, не ни помислив дека работите ќе се извртат толку и дека ќе заврши на тој начин. ;(
    Ја препорачувам на сите кои ја немаат прочитано, ќе ви остави таков впечаток што нема да можете да им најдете рамни на нив двајца и нивните приказни. Ќе ве натера да размислувате за нешта што дотогаш не ви паднале на ум. Ќе ви помогне да гледате на другите, но и на себе со различни очи. Веќе им завидувам на тие што по прв пат ќе ја читаат, кои за прв пат ќе ги почувствуваат емоциите кои книгава ги буди.

    И како за крај..
    [​IMG]
     
  17. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    9.877
    Пол:
    Женски
    Не знам како да ја опишам книгата,прекрасна е. Вооедно ова е и прва книга на која сум плачела. Сум читала и други книги со тажна содржина ама оваа ептен ме погоди. Топло ви ја препорачувам нема да зажалите ниту во еден момент зошто сте ја читале. :))
     
  18. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    183
    Јас пак на сите кога им го кажувам моето мислење, го кажувам истото само во поинаква форма - TFiOS не може да се мери со Looking for Alaska :lol:
    Е каде си видела лик како Аласка ? Запознај ме, ако познаваш некоја таква лично, би било кул да поминам време со неа :lol: Се шалам, нели :) Сакав да кажам дека е факт дека во секоја книга на Грин постои еден лик кој се повторува, јас му ги имам прочитани речиси сите и дефинитивно Паџ, Хејзел, Квентин, Вил и Колин се 80% исти. И тоа е сосема океј, јас сакам такви пасивни ликови. Но во однос на приказната, мислам дека постојат еден куп слични приказни за болни од рак (и вљубени нели, секако), само што Џон како Џон, затоа што е еден од најдобрите и најзабавните писатели кои сум ги читала :lol: ја напиша во малку покул, понеобична форма.
    Предвидливо беше, се знае веднаш дека некој ќе умре и сега се раскажуваат само убавите моменти во последните денови.
    Начинот на кој ги опиша тој е навистина фасцинантен, дефинитивно можев да ги почувствувам речиси сите емоции на ликовите, меѓутоа... предвидливо, веќе видено. Само поинтересно напишано. Од друга страна, Looking for Alaska нема љубовна приказна, што претпоставувам е една од главните причини зошто некои (не е ова за тебе, општо зборувам) ја преферираат tfios, бидејќи нели сега без љубовна приказна ништо не бива, но според мене таа е многу подлабока, помрачна на некој начин и многу, многу повредна. Вистина е дека е полошо напишана, но кога Грин почнал да ја пишува имал само 24 години и нормално е да стекне многу повеќе искуство за TFIOS, која ја напиша накај 34:) Но приказната како приказна, според мене е подобра. Некако многу повеќе се поврзав со тие ликови и на крајот кога ја завршив си добив една подобра ментална слика за пријателството и психичките проблеми и жалењето и простувањето и самоубиството и сите оние филозофски животни теории. But oh well, that's just me. Мое мислење :)

    Како и да е, ајде нека излезе веќе филмот уште малце, го изначекав :rofl:
     
  19. Rock.Lady

    Rock.Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Од 12.06. ќе почне да се емитува филмската адаптација на оваа прекрасна книга, во Cineplexx. Едвај чекам, иако знам дека ќе направам рекичка од солзи во кино салата! ;(
    http://www.cineplexx.mk/movie/the-fault-in-our-stars/
     
  20. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    69
    Воопшто не се согласувам. Сметам дека LFA ни со приказната, ни со начинот на пишување,а најмалку со ликовите не е на исто ниво со TFIOS. И јас му ги прочитав сите книги на Џон Грин и од сите нив LFA ми беше најголемо разочарување, најмногу поради ликовите.

    Алјаска ми е девојка која не би сакала ни да ја познавам ниту да се дружам со таква личност :D Нејзиното минато ѝ беше како изговор за деструктивно однесување и повредување на другите. Девојка која сите ги врти околу својот мал прст, голем манипулатор, на моменти забавна и весела и прекрасна девојка,а во следен момент (извинете на изразов) кучка. Ги навредува и се кара со другите, го изневерува дечко си, флертува наоколу, истовремено се декларира како феминист (иако најблиску до феминистичко дејство што го дојде е што одбиваше да им ги испегла кошулите :D ) Многу мразам такви личности што повредуваат други и ги манипулираат луѓето околу нив,а за сето нивно однесување им е под изговор за болното минато. Епа не, има многу луѓе коишто страдале во минатото, имале заебано детство или грешеле и чувствуваат вина. Но тоа не значи дека добиваат дозвола да ги повредуваат останатите.

    Главниот лик Пуџ исто така ми беше крајно досаден и плиток лик за кој единственото интересно нешто беше што се интересирал за последните зборови на познати личности. Лик кој нема свое мислење и став туку бара други луѓе кои му се поинтересни па се лепи до нив и целото време го поминува во нивно идолизирање. Потребни му се други луѓе за да ги исполни сопствените пропусти и празнини,а јас не верувам во тоа. Верувам дека ни се потребни други луѓе, за разни поуки и доживувања,но на крајот сметам дека нашиот сопствен мир доаѓа од нас. Но да не влегувам во друга тема, досаден лик кој ми е многу неблагодарен за животот кој го има бидејќи таков „досаден“ живот им е сон на многу луѓе. Да беше реална и вистинска личност мислам дека ќе беше некој хипстер на кој сите луѓе кои не се вклопуваат со животот кој сака да го има и живее му се празни и дека се смета супериорен на нив.

    Полковникот Чип ми беше единствениот интересен лик со карактер кој иако не е ништо ново или оригинално за разлика од останатите ликови има некоја длабочина и вреди.

    Се на се, книгава ми е просечна приказна со под просечни ликови со океј начин на пишување завиткана прекрасни цитати и мисли. Би ја оценала 3/5.


    И да не бидам оф топик: The fault in our stars (македонскиов наслов ми е преглупав) ми е прекрасна книга полна со емоции напишана на едноставен и лесен начин за читање, книга која можеш да ја прочиташ во еден здив,но сепак толку длабока и полна. Без премногу филозофирање и плачење, истовремено урнебесно смешна и премногу тажна. Хуморот ми е баш по мој вкус саркастичен и вистински духовит. Ме натера и на момент да застанам и да размислам за мојот живот да бидам благодарна на она што го имам бидејќи некои имаат многу помалку шанси и прилики,а сепак повеќе го искористуваат животот. Ми стана омилена книга на која знам дека нема никогаш да ѝ се наситам од читање. 5/5
    П.С. НЕМОЈТЕ прво да го изгледате филмот, книгата за мене е посебна и никаква адаптација без разлика колку и да биде добра не може да го долови она чувство што го имав читајќи ја. :)