1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светот не е фабрика за исполнување желби (Џон Грин)

Дискусија во 'Книги' започната од RainBow, 18 февруари 2014.

  1. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    За книгата- :clap: :clap: :clap: :clap: :l: :u: ;(
     
  2. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Многу убава и болна приказна. Ја прочитав пред некоја недела и сеуште сум во тој свет. Ова е една од книгите кои ми оставиле длабока трага. Ноќта кога ја прочитав, буквално неможев да се соземам. Многу ми беше жал.
    Многу добро осмислено и одлично пренесено. Баш онака реално, како што би требало да биде. И многу интересен начин на пишување исто така. Се утепав од смеење, се до оној момент кога повторно се појавија тагата и болката, па свртев на плачење. Алал да му е на авторот! Ме погоди од крај до крај. :clap:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    за книгава дознав преку социјалните мрежи и ја прочитав на англиски,навистина оваа е прекрасна книга и е во моите топ 5.Hazel ми е омилен карактер и ми се допаѓа начинот на кој таа го гледа светот,Augustus е едноставно прекрасен :( Џон Грин навистина успеа убаво да ја пренесе оваа приказна на читателите.
     
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.805
    Ја прочитав за ден и пол. Ја симнав на телефон и скоро да не го испуштав од рака додека не ја прочитав. На хрватски е преведена во оригинал: Грешка у нашим звездама.

    Лесно читлива, толку некако реална, а ликовите убаво доловени, нивна интелигенција и длабочина на чувствата така убаво опишани.
    Не ме расплака, не се сеќавам дека плачев на книга, ама дефинитивно ми држеше внимание и ми овозможи да согледам истинитоста и логичноста од нивната страна, страна на луѓето кои се борат и што доживуваат во борбата со некоја тешка (неизлечива) болест.
     
  5. disaster

    disaster Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Вчера почнав да ја читам, пред 15 минути ја завршив.

    Преубава книга :clap: :clap:
    Толку многу се занесуваш, што уште повеќе те тера да ја прочиташ што ќе се случи понатаму.
    Сега филмот е на ред за гледање :) И баш сакав првен да ја прочитам книгата па да го гледам филмот.

    Ако ја читате симнете си пдф фајл од интернет бидејќи според мене поубаво е на англиски да се прочита. Оти повеќе има смисла некако.. Ама не мора да значи.

    10/10 за книгата :)
     
  6. BojanaLegija

    BojanaLegija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    64
    Хееј, скриен фан на "The fault in our stars". :inlove: :tmi: :tmi: Паа, вака. Прво го гледав филмот, па одма ја купив книгата. Замислете живеам во Битола и ја премолував мајка ми да ме однесе со Скопје за да ја купиме, пошто тука пребарав скоро секаде и ја немаше. И отидовме во Скопје и седевме околу една недела (во апартманчето во Скопје, каде што брат ми е за време на студирањето). И отидовме во Трговски таму, во Топер и среќна весела влегов и си ја купив "Светот не е фабрика за исполнување желби". Леле колку е само преубава. Алал да му е на Џон Грин. :angel: :angel: :angel: :angel: Нешто неопишливо, навистина. Ако досега не сте ја прочитале, време е да ја прочитате. :inlove:
     
  7. MermaidKiky

    MermaidKiky Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Книгава е едноставно С-О-В-Р-Ш-Е-Н-А :inlove: Буквално неможев да престанам да ја читам, за два дена ја прочитав :lol: Една од најомилените ми е. Плачев кога ја читав.. ;( :u:
     
  8. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Cамо што ја завршив книгава пред неполни 10 минути и седнав да го гледам филмот :)
    Cе што ќе кажам е веќе кажано и ќе биде сувишно.
    Cекоја чест Џон и само се надевам дека кога тогаш ќе има втор дел,сакам да знам што се случува со натамошниот живот на Xејзел. :bow:
     
  9. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.106
    Пол:
    Женски
    Нема да има втор дел, Џон не пишува книги кои можат да бидат продолжени, а и онака мислам дека еднаш изјави дека
    Хејзел умира од прилика после една година од смртта на Августус.
     
  10. disaster

    disaster Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    За сите што сакаат да го гледаат филмот а ја немаат прочитано книгата, мој совет ви е првен да ја прочитате книгата било на англиски било на македонски па да го гледате филмот :*
     
  11. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Прекрасна книга, немам зборови :inlove:
     
  12. fashion.girl.13

    fashion.girl.13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    дали ја има книгава во некоја библиотека во скопје?
     
  13. H.O.P.E.

    H.O.P.E. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Јас ја купив во Топер и беше 350 денари.
    Книгата е совршена.
     
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.514
    Пол:
    Женски
    Сторијата е прекрасна,но,ке бидам искрена,не ми се допаѓа стилот и начинот на пишување.Можеби лошо преведено на македонски,но,воопшто не е стилски напишана книгата(барем според мене),се изнервирав бидејќи не беше по мој вкус и не ја ни дочитав.

    А инаку приказната е убава,филмот сум го гледала.
     
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.514
    Пол:
    Женски
    Со цело срце сакам да си ги повлечам зборовите за ова прекрасно дело.

    Го имам прво гледано филмот,што ми е една голема грешка.Воопшто и не може да се разберат карактерите затоа што филмот е многу површински за разлика од книгата.Ми се допаѓаше приказната и откако го гледав филмот но,не беше тоа-ТОА.

    Но,и пред да го гледам филмот бев многу скептична и негативно настроена за филмот и воопшто овој наслов бидејќи многу често го гледав насловот на интернет,мислев дека е уште една типична приказна за лигавење,но,колку многу сум грешела.

    Ја прочитав книгата.Останав со подзината уста.Книгата лепи шлаканици со тоа колку е реална.Навистина една поинаква љубовна приказна.И болна.

    Толку длабоко напишано,што те тера да ставаш многу прашалници за животот,постоењето...

    Филмот не треба ни да се споредува со книгата.Освен тоа,Августус не си го воопшто замислив така читајќи ја книгата,но,Хејзел потполно исто си ја замислував.

    Прекрасно дело кое го обожавам и му симнувам капа на Џон Грин.
    Би сакала да прочитам уште некое негово дело.
     
  16. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Направив голема грешка што го гледав филмот пред книгата. Ја почнав книгата, но не можев да ја равршам зошто го имав гледано филмот. Само еден пример како филмот може да ја расипе книгата, нема да ми се случи повторно :shake:.
    А за приказната немам зборови, малку cheesy но сепак има нешто во неа што го нема во другите :!:.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. nencunen

    nencunen Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Знам дека има таков филм.Незнам само како се викаше...
     
  18. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    @nencunen The Fault in our stars Многу подобар наслов отколку нашиот на книгата, преводите се катастрофа
     
  19. nencunen

    nencunen Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Е да,таа беше
     
  20. lana666

    lana666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    55
    Прекрасна книга, се изнаплакав.
    Ги обожавам метафорите.