По повод новата емисија на авантурите на Борко кој за 3години 2пати го пропатувал светот сакам да прашам за впечатоци од емисијава? И која земја што сте ја посетила ви оставила досега најголем впечаток? А која земја посакувате да ја посетите? Мене досега најголем впечаток ми оставила Франција.Често имам одено и прошетано во скоро сите делови. Сон ми е да одам на Малдиви: Инаку емисијата е забавна и одвај чекам да ги изгледам сите 24епизоди.
Првата Емисја “Светски Патник“ во Сабота од 17:40 на Телма. Има и ФБ страна:https://www.facebook.com/CultureTripGuy/ .
Ааа ова нешто на местото на Берта изгледа хмм Инаку синоќа не сум одговорила на прашањето, ме мрзеше затоа што ми се спиеше, сори знаеш како е Јас Грција ја сакам премногу. Поточно грчките острови. Место на кое секогаш радо би се вратила да живеам е Њујорк..штета е што си заминав Град во кој не би одела пак е Амстердам Сакам да одам на Бора Бора
https://www.facebook.com/CultureTripGuy/videos/312083945943776/ Да како на Берта,ама он е поинтересен и поприроден. Немам многу муабетење,повеќе приказ на земјите,луѓето,културата. А зошто не во Амстердам пак?
Не знам. Не ми остави никаков посебен впечаток Згора на се и тешко дишев од чудниот мирис што го осеќав, веројатно од тревката и нејзините варијации во колачи, во чуда Само плоштадот ми остави малку позитивен впечаток
Не сакам да бидам мрчало, ама првата епизода и не ми остави кој знае колкав впечаток Би рекла 5/10 Да, убав концепт. Но за емисија што се емитува на ТВ, би рекла дека само добро се "продал" ..
Емисијата не е лоша, ама ликот иритира. Како 20-годишник пуштен од синџир да лумпува низ светот. Кого го интересира неговата прва тетоважа, за да ја прави пред камера.