На Алаја беше претоварена Цесната, никој не проверил патници и товар. Уште тогаш се знаеше дека пилотот е виновен. Ар Кели кога заглави меѓудругото и заради врска со малолетник, Алаја, мајка и го бранеше, најсериозно провери дека таа беше во тимот на Ар Кели.
Алаја беше во врска со Џеј Зи. Па потоа со Ар Кели. Алаја требало таа ден да лета со авионот на Лени Кравиц, но ја ставиле на авионот кој бил со прекумерна тежина и надрогиран пилот. Мислам дека имала многу да каже. Ријана неодамна изјави дека у 2016 Џеј Зи и рекол дека мора да потпише договор со нивната дискографска куќа, немала избор. Рекол од собава се излага на два начина, или потпишуваш или излагаш од прозор, преплашено рекла дека биле на 26 спрат.
Алија не е убиена, т.е. не е наместена несреќата. За Пак од секогаш се збори дека Диди е порачател, ама до сега немало докази, дури и еден го осудија и си лежи за неговото убиство. Исто и за Биги нема докази, иако одамна има шпекулации дека исто Диди го има порачано неговото убиство, наводно зошто Биги сакал да се тргне од него.
Спојлер: . https://pagesix.com/2023/01/26/kanye-west-shops-with-wife-bianca-censori-at-canceled-balenciaga/
Дали озбилно влегол и во порно индустријата кловнов у меѓувреме? Шо уште остана, озбилно прашувам, оти 100%ќе му текне кај да е, па психички да бидеме спремни. Да видиме дали и тоа ќе го нахрани тоа мегаломанско его. Иначе дали само мене ми личи дека претседателот од "Idiocracy" е инспириран од неговото лик и дело? Спојлер: . God have mercy on my brain cells...
Егиди, егиди... Шо збориш ти, жити све? А, што мислиш ти, кој од светските ѕвезди станал ѕвезда само поради среча у кучи?
Се збори дека Алаја била убиена баш поради подемот на Бејонсе и тоа што ја имал Џеј Зи во тоа време. Не е тајмлајнот ист да, она била со Р Кели, ама има многу теории. Трагично за неа што така и направија, многу талентирана индивидуа - ама кога ќе влезеш во тие води, ништо не те вади.. ни Age Ain't Nothing but a Number... А за Диди уфф каков expose добиваат сите не само он... доста време беа Холивуд елита, нека се види конечно што се се врти таму. (иако никогаш нема во целост да се види) Темава ми е многу интересна, ако го имате гледано интервјуто со Katt williams, мислам дека се ќе ви биде јасно. They are all going down in 2024...
И мене постојано ми излегуваат теории на заговор, покрај неа сличен муабет прочитав за Kobe Bryant & Michael Jackson.
Мене она Кањено Вест колку ми е преценето и одвратно, не ми се верува дека има 24 греми награди. Неслушлив и тотално антипатичен аутотјунаш. Џеј Ло ја спомнавте. Е она срцки е доказ дека може за ништо да не те бива, ама да ринеш, да снимаш албуми, филмови, распродаваш турнеи, парфеми и свашта. Ниту некакви преголеми признанија во музиката (греми награда), ниту во филм (оскар, златен глобус, еми награда). Феномен ми е. Инаку преслатка во онаа ера ,,Jenny from the Block", најдобро нејзино издание и албум. Последниов албум ѝ флопна, катастрофална продажба, не е повеќе релевантна музички од оној дуетон со Питбул (On The Floor), ама затоа 2022 беше во топ 10 најплатени актерки.
Да отвориме посебна тема? Реин предложи и мислам дека така би било попрегледно, затоа што сега почнува да се отплеткуваат доста работи. Да се префрлат и мислењата плус. Јас ќе отворам тема, ама за насловот не можам да се одлучам
Џастин исто зборува отворено за случајот. Има на youtube повеќе видеа. И тогаш му беше ,,пикот" на ,,славата", после почна да се нормализира. Осеќам ќе има уште што да излезе од Холивуд.