После сè што излезе за неа, не можам да ѝ верувам на зборовите без цврст доказ кога делата зборуваат погласно. Па и умешувањето на Рајан од страна на Блејк во филм за кој Џастин има добиено права. Си увртеа дека можат да имаат Барбенхајмер момент. Чудно ми е. Она си имаше јака фан база и покрај претходните скандали. И (доста штитено од нејзиното семејство) непо бејби е. Да имаше вистина во ова, можеше да го искористи тоа уште кога се расчу дека има нешто на сетот. Па и Рајан како нејзин сопруг како одбра да молчи.
Останва само на време да видиме. Мислам дека ќе e многу messy и многу јавно. Во секој случај колку и та самата да е sus, PR тимот на Џастин е ѕверски и искрено не можам да не мислам дека до сега бев наведена да мислам ко шо мислам како резултат на то. Ама останва само да видиме. Јас кажав на кој исход се надевам, ама не знам, не сум толку паметна.
Прочитај го написот во The New York Times. И јас размислував како тебе, но го сменив мислењето. Што значи моќна PR машина да имаш позади тебе.
https://www.nytimes.com/2024/12/21/business/media/blake-lively-justin-baldoni-it-ends-with-us.html Ова? едит. До кај шо сум со читањето баш се потврдва то шо го велам, дека PR ѕверки има Џастин и се сомневам дека се шо последните месеци бевме натерани да мислиме е резултат на ова. И за жал дека можда ете се крие нешто поќе. Пошто моментот ко видов дека е ист PR тим на Деп, се знај како оперираат.
Не ми е јасно зошто би било тактика на Џастин за да и ја уништат репутацијата кога таа сама го направи тоа. Доста примери има, како на пример тоа што збореше и ја промовираше линијата на косата цело време додека го промовираше филмот. Интернетот кружеше со мислења дека тоа не треба да го прави баш за премиера на филм кај што има физичко насилство врз жена. Тоа што воопшто не збореше за темата за физичко насилство и слично туку повикуваше "grab your florals" одете гледајте го филмот, така нешто. Додека, Џастин доста збореше на оваа тема. А за тоа што ја вработил оваа агенција уште пред некое време, можеби претпоставил дека Блејк ќе проба да направи вакво нешто, да изманипулира и пак да ја изврти ситуацијата? И нели Блејк била навредена затоа што Џастин не сакал да ја крене пред да го праша докторот дали може, заради проблем со кичмата? И оваа ситуација како Блејк да ја изврте дека Џастин правел фет шејминг. А имам дечко со дискус хернија така да скроз разбирам проблеми со кичма. Стварно не знам што да мислам. Ама my take е дека Џастин доволно ја запознал на снимањето, нели се направила продуцент и имало две одделни верзии и слични работи така да знаел дека оваа ќе проба да ја изврти ситуацијата. Се надевам дека грешам пошто Блејк баш ми беше мила пред да се случи ова. Едит: го исчитав целото од линкот погоре. Изгледа дека и Џастин сепак не бил толку чист. А за џабе ја збореа Блејк месециве толку. Ајде ќе видиме што ќе биде.
Па и на Блејк тимот не е слаб. Од почеток се обидуваа да наметат ставови против Џастин. На пример за сцена со бакнеж и баш ова со кичмата како фет шејминг иако сосема нормално е човек со здравствен проблем да постави прашање. А, на Д Њујорк Тајмс па не би се потпирала многу како извор на информации. Многу се леви. Мејлови и пораки можат многу лесно да се лажираат. Се надевам дека ќе видиме нешто конкретно и цврсто како снимка. Без тоа, сето е само празно тврдење на жена веќе разоткриена како вербална насилничка.
Сабајле го читав цел документ, https://www.nytimes.com/interactive...lake-lively-v-wayfarer-studios-llc-et-al.html, Џастин воошто не е наивен. Дека Блејк не е цвеќе за мирисање дефинитивно, ама мислам дека овој пат е во право. Најмногу ме шокираше делот од документот каде што се раскажува за сцената каде што се породува, барале да биде гола, притоа на сетот имало купишта луѓе, снимките се гледале а актерот кој го глумел гинеколог бил најдобриот другар на Џастин. Во однос на тоа зошто не зборувала за насилство врз жените, има горе докази што прикажуваат дека имала облигација да не зборува за тоа, туку да се фокусира на позитивниот аспект: цвеќињата и надежта( што е крајно глупаво, ама и ова било тактика на Џастин)
Го отупеа со овие двајцава уште од излегувањето на филмот, не го ни изгледав филмот поради нивниве расправии. Џастин ми беше океј уште од девицата Џејн, немав прочитано нешто контроверзно за него, па ова ме изненади, Блејк ми е мех, ама ми стои дека и двајцата си терале некои свои кампањи. Ќе видиме што ќе излезе на крај секако. Можеби Блејк само собирала муниција, па затоа тогаш не реагирала и сега ја опнала тужбава.
После прочитаното за што го тужи него и другиве детално, дефинитивно сум на нејзина страна. Де морало гола да снима сцена за пораѓајот, де прилично сомнителни коментари, правел глупости и со помалата Лили, така што не само таа туку и друготе се осеќале глупо за време на снимањето. Најврв ми е како овој претседателот на компанијата им покажал видео од на жена му пораѓај, гола нормално со се на мегдан да се види. Мислам, што да очекуваш од вакви мажуљиња кога за нивната не се замараат што прават.
Ејјј колку се израдувава сега кога прочитав. Многу ми е мило за неа, кој е вереникот? Знам едно време со овој од Викенд беше, кој е сега?
Benny Blanco мислам дека е продуцент ама не сум сигурна, многу е кул човек и се гледа дека ја обожава. Заслужува
Уште кога почна целиот интернет хејт кон Блејк имав чувство дека има нешто позадинско зашто малце беше извадено од колосек, толкава хајка за еден коментар што го дала. Баш ме потсети на случајот со Амбер.
Не е невозможно да се поверува дека уште еден маж во Холивуд е actually fucked up. И јас имав убаво мислење за Џастин Балдони. Целиот тим од Jane the Virgin ми се симпатични. Фан сум на таа серија. За него мислев дека е супер човек со феминистички погледи. Баш онаков маж каков што им треба на Холивуд а и во светот. Ама ете не сме таму, ниту сме пријатели со овие луѓе. Знаеме колку што ни е сервирано за нив. Блејк си има доста хејтери па лесно ми беше на почетокот да бидам повеќе on the fence. Но откако се задлабочив во се што е кажано против него..И верувам на неа. Перверзен човек кој што малтретира на многу начини, се фалел дека имал sex without consent. Ако е вистина, за ова и во затвор треба да оди. Sex without consent is not sex, it is rape. Разочарана ама не и изненадена од сево ова. Се надевам ќе си ја добие заслужената казна.
Денеска вклучив видео од Кејти Пери на овогодинешниот Џингл Бел Бал и имав ептен длабок throwback. Спојлер: Линк од концертот Прво, женава не старее и е преубава. Посебно од како е со Орландо и има ќерка, ептен сјае. Никогаш ја немам слушнато дека е во некој скандал, освен оние ситни закачки со Тејлор Свифт. Друго, мислам дека не е доволно appreciate колку хитови има Кејти, посебно постарите. Ме враќаат на едно носталгично време кога бев дете во основно школо. Музиката и текстот и се скроз on point и (за мене лично) -безвременски. Кејти изгради гигантска кариера благодарение на catchy хитовите, и ми се допаѓа што е ептен адаптибилна на новото време. Буквално концертов ми врати спомени како кога ќе мириснеш стар парфем.
Истото мислење го делам. Алал да ѝ е стварно. Ѕирни ѝ го и настапот на VMAs од оваа година ако го немаш видено.
Драмата ќе тера. Џастин има своја верзија што полека ќе ја раскажува. Пуштил тужба прво против The New York Times. yahoo.com/entertainment/justin-baldoni-sues-new-york-times-for-250m-over-blake-lively-story-a-guide-to-the-key-players-involved-in-the-it-ends-with-us-dispute-2143354
Дали ќе следува судење? Интересна е верзијава на Џастин, посебно пораката во која му пишува да дојде кај нејзе додека пумпа за да го вежбаат текстот, а она тврди дека он и упаѓал само. Ама, го отупеа дефинитивно.