Не пратам баш многу светска сцена, па затоа тука ќе прашам. Ариана Гранде некако многу ми е сменета во последно и по слики што ми излегуваат и видеа, некако преслаба е станата, нешто болна е, или?
Нешто као тргнала сѐ што е вештачко од неа, поради не знам која причина. Не ме интересира ич, па затоа не продолжив да истражувам. Битно, не си личи на себе т.е. на онаква каква што ја знаев(ме). И, хм, некако ми е... Не. Мислам, болникаво делува, не друго.
Што се случува со Ариана Гранде, покажувала снимки како и делува ПТСД некои велат (зло)употребувала Оземпик?
Му пишувам на маж ми на вибер за веста, и чоеков чита и го нема И му дообјаснувам дека е цртан и ми се изнасмеа, вика помислив женава отиде со паметот а јас па се израдував за мама прасе
Што се случува со Justin Bieber? Сликиве што кружат последниов период на Интернет се загрижувачки. Не сум му фан, но не можам да ги прескокнам и да не се запрашам што не е во ред. За жал, мислам дека живее несреќно, погледот говори, само се надевам дека нема лошо да заврши...
Нервозен е поради кампањата против него (не толку јавно, но и не толку тајно) водена од Скутер Браун (со кој бие битка откако ги разделија патиштата), но не е несреќен. Скутер е познат по тоа што сака да контролира туѓ труд и не поддржува целосна креативна слобода.
Не знам, сепак и со Хејли не личат дека се како што треба, што често се коментира. Како и да е, се одразило навистина лошо.
Јас не се потпирам многу на мислења од коментари за Џастин откако гледав кај коментатор/ки на Јутуб кои тврдат дека според извори, целта на муабетите е само да се вознемири Џастин и пак да потклекне на лошите навики. А, тоа дека е нарачано од Скутер (оти е болен контролор) и до некаде од Диди (за Џастин да не проговори за „забавите“). Со оглед на тоа што Хејли држи дистанца од нејзиното семејство, мислам дека ако стварно има проблем со Џастин ќе го остави. Не делува на некоја која би трпела секакви срања. Штом со години таквата прогноза на интернет злобниците не се остварува, веројатно ситуацијата меѓу нив е подобра од она што го пласираат медиумите. Како и да е, се надевам дека барем ради синчето ќе се однесуваат човечки.