Треба да земат пример. Лијам и Памела добро пројдоа дека Лијам не е фалбаџија, башка и тоа што он немаше партнерка долги години. Сидни не беше толку хејтана пред она со Глен, после тоа се зголемија негативните критики. Не е толку до политиките колку што си мислат некои. Се збори дека однесувањето на Аријана и Синтија го лиши Wicked 2 од номинации. Никој не сака постојано да гледа исто понашање. Интересно е еднаш, после здосадува.
Вечер Super Bowl со Bad Bunny.Прв соло артист што пее главно на шпански на ова шоу, републиканците на апарати. Во исто време ќе се дешава алтернативно шоу на ова, концерт организиран од страна на конзервативната организација Turning Point USA, наречен The All‑American Halftime Show, или патриотски Super Bowl за републиканци. Kid Rock ќе биде главна ѕвезда.
Super Bowl годинава беше историски момент за латино културата и музиката, Bad Bunny како главна ѕвезда, Рики Мартин имаше свој момент, а и Лејди Гага ја изведе ,,Die with a Smile" у латино аранжман. Ептен ми се свиѓаше сценографијата, ја претставуваше пуерториканска и латиноамериканска култура, палми, банани, лоза, бели пластични столици (овие и кај нас се застапени у секој двор), истите теми и моменти Bad Bunny ги има и на омотот од албумот ,,Debí Tirar Más Fotos" со кој ја зема најпрестижната награда на минатонеделните греми награди ,,Album of the year". Спојлер: Албумот Омотот на албумот: Ептен ми се свиѓа минимализмов кој носи голема порака на заедништво, култура, носталгија. Педро Паскал, Карди Би, Џесика Алба, Карол Џи имаа свој момент, како дел од таа латино заедница. На самиот настап имаше и свадба, не било само дел од перформансот ова, паров стварно се венчале пред милиони.Sorry Bunny, Јана Бурчевска did it first! Спојлер Парот го поканил Bad Bunny на нивната свадба. Тој им предложил да ја направат венчавката на неговиот настап. Сè ми беше пресекси, латиносиве пиштат од сексапил, многу им ја сакам енергијата, доволно е само некој да ми прозбори на шпански и одма се уклучува мојот ,,inner slut" режим. 10/10 настап!
Како Марго не е релевантна а ја има во секој познат филм? Леле ова е најголем флекс. Јас па мислев глумат, вака штом е ептен e heartwarming.
Луѓе што мислите за ова новите шпекулации за Џим Кери? Мене искрено не ми личи на него на последното појавување на César awards во Париз.
Глупости. Он е, а очите му изгледаат поинаку поради различните светла. Како и на сите луѓе. Плус, старее. Не може да изгледа исто како пред 10/20 години. Има ставено ботокс и филери.
Јас се шокирав кога го видов. Мислев дека е друг човек, ама тој да ти бил. Омилен ми беше, ама веќе не. Не личи на себе.
Нај"интересни" ми се оние коментари дека кога некој ќе се појави со малку изменет лик, не е тоа тој, негов двојник е. Бритни Спирс, Аврил Лавињ, сега Џим Кери. Едноставно, годините си го прават своето, плус и некоја корекција, мене не ми е ништо чудно.
Не зборам само за изгледот. Нормално е дека при толку пари и слава си дозволува човек да корегира нешто на себе за да изледа добро на камера. И не верувам во теории на заговор како за Аврил, Еминем, Мајкл Џексон, Тупак и други. За ова зборам : https://youtube.com/shorts/15QkOtikD4U?is=piAV0Xp6fLCpH_bE
Не заборавај дека човекот е добар комичар. Луѓето не можат да проценат кога е сериозен. И тоа што он веќе не е толкав љубител на Холивуд не е за чудење после сите вести што почнаа да излегуваат низ годиниве. Нормално е и да сака малку мир, па да не иде некаде кај што не му е значајно и си бира.
Епа тоа некои викаат дека бил во карактер (улога) затоа така чудно зборувал. Плус има изјавено дека ако се врати од retirement дека тоа не е он. Баш се повлече од јавноста. На сите им е suspish ради изјавите за илуминати кај Џими Кимел.
Ако настанот бил во Франција, тоа е друга средина, различна од Холивуд и за очекување е да покаже повеќе почит таму. Сепак, странци му оддаваат признание.
Леле одвратно, а мислам дека мораа вака да изиграат зашто љубителите на книгава нема да се согласат со изборот на актерите, посебно на Марго... Се разчарав искрено уште првпат кога видов дека она ќе ја глуми главната улога (?!), па потоа па од овие моменти колку се опседнале еден со друг, како не бе... И да, ќе го постигнат своето, ќе биде гледан филмот.