Прејаки, сега ги листав. Најѕвездетини на вечерта, Рири, Бијонсе, Мадона. Хајди Клум секогаш у свој стил, најуникатна.
Оваа на Џеф Безос е дефиниција за тоа дека пари не купуваат вкус. Се облекла како деверуша на свадба, не знам ни зошто е поканета кога не и е прво модно бламирање. Па кога ќе ми текне дека ќе ја затвараа Венеција заради свадбата…
Тоа си е твое мислење. Мене ми се испакнат промашај. А, Блејк Лајвли каква-таква, д бич знае да се облече за ваков настан. Имаше еден од најдобрите изгледи. Зои и Ешли исто блескаа.
Мислам дека Бебе Реџа си заслужува еден блок и репорт ( за говор на омраза) после објавата за поддршка на студентите
Мене секако уште одамна ми е на блок, откако пред неколку години имаше ставено слика од "мапата" на профил и цел реферат на стори за "голема Албанија", па и беше во Дебар да го посетела гробот на дедо и па објаснуваше како е тоа албанска територија. Таа ми е онака типичен жалосен доказ дека и на крај на свет да оди и во милиони да плива, сè од култура и образование да и е овозможено, сепак сељачизмот и племенските средновековни мисли од некого не излегуваат
Истото го мислам. Јас никогаш не сум ја следела и не знам што постирала ми ја пратија на стори да видам и отидов одма на блок.
Следен концерт на Кање у Тетово ваљда, после Турција и Албанија. Никогаш не го сфатив хајпот за овој, музиката ми е одвратна, а и целото негово битисување. Само онаа Heartless му ја знам и ми се свиѓа.