Ајде нека идат да се лечат и Мадона, и нејзината грда ќерка. http://lokalno.mk/foto-i-lurdes-si-gi-chuva-vlaknata-kako-majka/ Веќе сум сигурна дека не остана нешто што не би направиле за поголема популарност. Не знам ни како заскитав на тој сајт , разгледував рецепти за прв пат во животот
Барем еднен светол факт од грознава глетка - штом оваа фатила дечко со небричени пазуви...сите ќе фатиме дечко. Мала шала дечки.
Woow, big deal што не си ги бричела влакната. Може така си сака...Ете на мене и на тебе може ни е нехигиенски ама може таа убаво си се чувствува со влакна. Не сум некој фан на Мадона, ниту на ќерка и и не ми е разбирливо како на сред лето може да ги чува ама сеедно ми е, не би рекла дека на таа личност и треба лечење. Ако таа може да се поднесува зошто би ти пречело на тебе?
ОК е , не ги бричи влакната ако не сакаш. Мене нема да ме убедиш дека е нормално и дека не смеам да се изјаснувам како сакам околу тоа.
http://www.femina.mk/новости/мода/модата-на-гламурозниот-бал-мет-2017 Овие како да излегле од....кој збор да го употребам не знам. Сите убави и згодни ама креациите не се кроени за нив, повеќе негативни дадов отколку позитивни. Најкатастрофа ми се Фарел Вилијамс и Хелен како од некој циркуз штотуку излезени.
Мислам дека никогаш досега не биле полоши комбинацииве. Оваа Хелен со Фарел што е, е ко туба од кечап. Ејми Шумер... Дакота Џонсон - Maleficent. Гледам доле една коментирала демек таква била темата. Па и лани беше нешто во стил на технологија, па не одеа со комјутери залепени на нив. Страшно.
Јасно е дека на Мет Галата комбинациите треба да се екстравагантни, таков е настанот. Ама покај тоа треба и да се естетски убави за око. И лани ми беа повеќето утки, и годинава исто. Што беше со Мадона и Кети Пери?Па и со 90% од останатите...
Истот ќе го речев за Кејти Пери, мене не ми се веруваше дека баш таа ќе се појави во таква комбинација. Шокови од сите страни. Мадона, Лили Колинс, Кендал Џенер, Рита Ора, Хадид сестрите, уф, Криси Тајген, Фарел со партнерката негова па дури и Пријанка не ми се допадна. Ријана воопшто не се изненадив што ја видов во таква комбинација.
Миранда Кер и Адриана Лима само ми се допаѓаат и не она предобри туку онака просечно. Малку повеќе ми се допаѓа Ел Фенинг. Такви фустани како нејзиниот се сеќавам имаше во една стара, премногу стара сликовница за заспаната убавица и многу ми се допаѓаше. За другите ме мрзи да почнам зошто не ми се допаѓаат - многу се.
Кендал Џенер e неверојатно згодна! И убава е. За разлика од сестрите нејзини, ептен е природна. За да облечеш таков фустан, мора да имаш толку добро тело и ништо помалку од тоа. Жизел има прекрасен фустан, и јас би носела таков. Можеби е злобно, ама Серена е како транвестит. Мери Џеј Блајџ кај планираш да одиш со таа бутина? Ејми Шумер ко да се замотала во кеса за ѓубре. Дајен фон Фирстенберг изгледа фино за годините. Останатите или се убави или се онака, океј. Мадона не ја коментирам, јер не паметам една нејзина комбинација да личи на нешто.
^^ Мене едино Selena ми се допадна и Blake Lively. И Миранда Кер ми е симпатична и фустанот на Жизел исто и мене ми се допаѓа. Кендал ми е презгодна и убава и е шминката и косата, ама тоа што го носи не ми се свиѓа воопшто. Мадона, најодвратна.
Јa видoв Ријaнa сo нејзиниoт фустaн и првaтa реaкцијa ми беше wtf , aмa сегa кoгa јa видoв Кети Пери зaвиткaнa кo сaрмa сo тoa глупaвиoт фустaн... Ријaнa вo секoј случaј е пoдoбрa. Дoдушa, не ми е јaснo шo е сo нaстaнoв? Се нaтпревaрувaaт слaвниве кoј пoглуп фустaн ќе oблече или шo?
Не знам зошто воопшто си го поставила ова прашање. На оваа забава нема само модели, туки и глумци, пејачи, дизајнери итн итн. Јас кажав што сакав да кажам, треба храброст за овој фустан и совршено тело. Кендал има и некоја харизма која мене ми е интересна.
Зошто... Затоа што тоа и е професијата, ваљда. Мене ми е просек како за модел. Ликот и е секојдневен и обичен. Мислам дека од сите, Кендис Сванпул најмногу го заслужи вниманието. За ова што ќе кажете?
Си можела да ме цитираш или тагнеш, кога веќе ми се обраќаш мене. Нејсе, ако правиме муабет за девојка која има специфична убавина, а е модел, тоа е Rosie Huntington Whiteley. Апропо Кендал и Роузи, мене нивната убавина ми е особено интересна. Од друга страна, Кендис е убава девојка, ама би рекла само убава, не и посебна. Онака, ко да сум видела низ улиците на Скопје девојка која личи на неа и сум рекла - Еј убава девојка и толку. Додека Роузи е убава и не можам да се изнагледам колку уствари е прекрасна.
Извинете, али 90 потсо од вас тука што коментирате, и од оние кои гласале на сајтот на Фемина, очигледно немате поима за што всушнот се работи на МЕТ Галата, и со коментарите сте пресмешни. Оние креации кои се нај омразени , се всушност ретките оние кои се држеле до тематиката оваа година, а тоа е модното творештво на Реи Кавакубо, и нејзината модна куќа Comme des Garçons. Мене искрено не ми е јасно како на останатите не им било срам да дојдат надвор од пропишаниот дрес код, со никаква почит кон настанот, и кон дизајнерката. Битно за публицитет први се да се сликаат, какви - такви.
Па јас не реков дека е Кендис посебно интересна, зборував за нејзиното издание на забавата. Само што е попосебна и поинтересна од Кендал, во секој случај. Похаризматична е, плава коса, очи... Роузи ги има истите карактеристики, ама ми е некако антипатична во лик, има малце машки црти.