Јас коментирам како обичен смртник и лаик. Океј, Рири ја погодила тематиката ама мене тоа не ми е интересно да го коментирам. Не ме интересира висока мода и Реи нема ама баш никакво влијание врз моето гледање на модата. Јас коментирав за она што мене ми е убаво и како тоа изгледа во моите очи. Јас, сепак, на модата гледам сосема конвенционално а и не сум доволно компетентна да коментирам за творештвото на Кавакубо. Со тој фустан, Кендал го истакнала своето тело во вистинско светло. Кендис не ми е харизматична, ни сега, ни во некое претходно издание. Ама, ти велиш Кендис, јас велам Кендал, ни ја нема да се предомислам, ни ти, океј?
Не знам дали некој гледаше MTV Movie & TV Awards, али колку модни утки имашеее Мене едино Alexandra Daddario ми е онака океј, другиве И децава од Stranger Things беа преслатки! Плус земаа награда за show of the year, што им е целосно заслужено! И Eleven, т.е. Millie зема за best actor in a show. Колку сладок говор имаше, ми се насолзија очиве, преслатка беше бе леле Инаку годинава прв пат се даваат gender neutral награди, и Emma Watson зема за best actor in a movie.Каков говор имаше браво Спојлер
Колку е само срцка Millie Мене секогаш ќе ми биде препознатлива како Eleven, така си ја викам , ама мислам дека и понатаму ја очекува блескава кариера и многу улоги. Прекрасно и многу талентирано девојче!
Од светските јавни фаци , најмногу го почитувам Еминем . Што знам , неговите песни ја опишуваат реалноста , плус неговото рапување е восхитувачко .. И да , за негови 44 години изгледа одлично . Ријана .. на почетокот ми беше симпатична . Сега се повеќе ми личи на очајна девојка , како да сака да привлече внимание со сите тие екстремни испади .. не знам пијана на концерт , не знам повторно со Крис .. се повеќе тргнува по стапките на Ејми Вајнхаус ( ова со пијанствата ) . Последно кога се појави со една чудна креација на себе , да не знае човек дали да се смее или да плаче .. можеби ја погодила тематиката на настанот , но јас на нејзино место не би го облекла тоа чудо . Линкин Парк - една од најдобрите групи . Порано нивните песни ми беа на рипит , сега поновиве албуми не сум им ги слушнала од причина што немам толку време да посветам на музика . Бијонсе ќе се разведуваше од Џеј Зи , па потоа пу пу не важи . И тие мора да се интересни со нешто Оваа Ким преку глава ми е веќе . Каде и да отворам да читнам нешто таа е на тапет , аман веќе ми се смачи од нејзиниот задник не дека нема убава фаца , ама некако се преекспонира Кание Вест , онака добар е , откако е со Ким и тој ми стана преекспониран , песните му се онака просечни . Има неколку добри . Лабринт ( или како и да се чита ) ми е исто еден од подобрите пејачи , а ерткуејк ( земјотрес ) ми е омилена песна долго време . Од глумците .. Бред Пит и Анџелина Џоли ми беа поим за пар . Не знам што се случи и се разведоа , кога прочитав ми падна жал некако . Крис Такер ми е најфаца за комедии заедно со Џеки се одличен тандем . Никогаш нема да ми здосади " Бркотница " каде глумат со Џеки Чен . Делов ми е врвот Вин Дизел , го засакав откако започнав со гледање на " Брзи и бесни " . Одличен глумец . Би го спомнала и Вилијам Леви тука . Ми беше прва љубов ( неостварена и никад могуча ) . Човекот е .. ауф боли глава . Уф , ама се распишав јас 3 дена не ќе можам да допишам ако продолжам Туку , некој да знае каде се Акон и Виле Вало ? Последно кога пребарував за овие пејачи на јутјуб , не ми излезе нешто поново баш
Оваа е нешто ко презентер на производите на Honest, чиј сопственик е Џесика Алба. Хејли се вика, мислам дека се претставува на почетокот.
Секоја чест на Аријана Гранде за организацијата на концертов во Манчестер што е вечерва, во чест на настраданите во нападот пред 10ина дена. Сите настапувачи се прекрасни, душа, солзи и пот оставија на сцената. Со нив и ја се изнаплакав. А Аријана посебно значи треба храброст да направиш нешто вакво навистина. Сто пати браво. #onelovemanchester ❤
Новата песна на Мајли и спотот ми се прекрасни. Има на јутјуб баш коментари дека конечно се пронашла и се чувствува среќна и задоволна со себе. И мене многу повеќе ми се допаѓа така природна, а сепак секси без претерувања. Зрачат со лежерност и позитивна енергија и песната и спотот На Аријана ѝ се поклонувам по тоа што се случи и како реагира и дејствува после тоа. Не сум некој огромен фан на нејзините песни, како појава ми е онака симпатична, ама ова што сѐ направи за семејствата на жртвите и повредените покажува колку е прекрасна личност и колку ѝ значат нејзините фанови Инаку, најпријатно актуелно музичко изненадување ми е Хари Стајлс. Воодушевена сум ептен од неговите нови песни, кој би очекувал од член на One Direction ваква безвременска музика Sign of the times е ремек дело