@Gosh на твитер моменално најмногу за тоа се расправа... Исто така и за Трамп многу се расправа зошто велеше дека него му била позицијата понудена, ама одбил...
А што фактор е уствари оваа Мелани Мартинез? Озбилно, пред да и испадне песнана Cry Baby немав ни чуено за нејзе, а потоа кај и да отворев (било tumblr, било we heart it и сл.) за да побарам нешто за Cry Baby - филмот, ми испаѓаа само слики од нејзе и lyrics од истоимената песна, и тоа ептен ме иритираше
@Ketchup Мелани силувала некоја? Тука читам сега баш да видам подетално ... А баш убави песнички има, ако испадни ова да е вистина, нема да ја гледам со исти очи.
И јас ја дознав преку Tumblr. Се прославила преку The Voice со некој вид нејзини кантри преработки на познати поп песни, ко што е Токсик од Бритни Спирс. Сите ги освои тука. Стигнала до финале иначе. Една од првите песни и' е Carousel која е theme song за сезона на AHS. @theowndemon, најверојатно е вистина. Актерката што ја глуми мајката во спотовите, ставила твит дека знаела дека Мелани е расипана, ама не знаела дека е до толку.
Песнава ја изеде онаа со Бијонсе. Предобра е! Музиката, продукцијата, текстот... Иначе, таа со Бијонсе ни по светскиве топ листи не издржа нешто многу, што значи не било само до нас што не ни беше нешто нај.
Вчерa беa Греми нaгрaдите и еве ги кoмбинaциите oд црвениoт тепих. Нaјвеќе ми се дoпaѓaaт Гaгa и Лaнa. Други некoи и не ми oстaвијa бaш впечaтoк. Нa Криси Тaјген вooпштo не и' стoи шлицoт пoд трудничкoтo стoмaче. Oд мaшките, Зејн ми е нaјубaвo oблечен.
^ James Corden многу ослабен или мене ми се чини? Машкиве имаа многу подобри комбинации од жените. Ниту еден look не ми остави впечаток wow.
A co Bebe Rexha што е работа, од секогаш ли си беше крупна? Може до сликата е, ама многу лошо изгледа.
Беше крупна, ама не ко сега. Може и она ко некои ѕвезди салото си го става во задник и бутови. Бидејќи во фаца и раце си е иста.
Мене ми се допаѓа и Мајли како изгледа. Со оглед на тоа како збесна и како знаеше да се појави пред некое време, добро е . Освен прстите во сандалите . Криси секогаш изгледа убаво, но овој пат утнала. Должината на фустанот и шлицот... . Се согласувам дека комбинациите на машките се подобри.
И јас Мајли не би ја одбрала само ради прстите на сандалките. А фустанот, не дека е таа, ама ми се допаѓа. Кога ќе дојдам од ПЦ ќе ги искоментирам сите подетално вака.
Bebe Rexha дебела, уат? Тапа јавна личност е, ама дефинитивно има преубави полни облини и убаво конституирано тело.
Не дебела, ама чудна некако делува на сликата, крупно, преголеми бутови а стомак нема. Не верувам дека и беа такви колковите пред некое време.
Мода е сега во Холовуд импланти во задникот и колковите да си ставаат.На мене сите исто ми изгледаат и она и Ким К и Кајли Џенер, Иги Азалеа, Блек Чајна, ко тумор да имаат од позади, а не задник.Многу неприродно изгледа, горе тенко половинче, а надолу дивоградба.
Промашаи има големи. Како да им снемуваат идеи, секоја година полошо се облекуваат. Мажите покласичи и поелегантни од жените. Се согласувам со Кечапот за Лана, само фризурата некако со фустанот не ми одговараше, а и Рита некако пософистицирано изгледаше.