Јас мислев дека се зафркава нешто Џастин, бидејќи сите постови во последно време на инстаграм му се несериозни. А и не знаев дека раскрстиле со Селена. Хејли ко што знам само што раскина со Шон. На News, па гледам извори им кажале ептен сериозна им била врската. Колку сериозно може да стане во рок од еден месец? @Mishela, бар да почекаа Back To You да помине од мода. Вака awkward се чувствувам додека ја слушам. Кога сме веќе кај љубовни песни, знаете ли дека Халси и Џи Изи раскинале? Ја изневерил овој. А една другарка само што ја дозна Him & I и ептен ѝ е хит сега. Ever catch me cheating, she would try to cut my. Јас да го испеев ова и да го направев после истото, најверојатно немаше веќе никогаш во јавност да излезам.
Долго беа разделени со Селена, пред некој месец повторно беа заедно ама изгледа неуспешно. А со Хејли се познаваат уште од порано и беа заедно повеќе пати колку што знам но раскинуваа. Откако не успеа последниот пат со Селена за кратко со Хејли пак се гледаа и до веридба стигнаа. Бремена да не е.. Халси и тој многу заљубени изгледаа
Прочитав дека и порано биле заедно Хејли и Џастин. Не знаев, иако кога ја видов Хејли на сликите ко мали, и да сум знаел, најверојатно ќе сум мислел за друга дека се работи... Која транзиција во физичкиот изглед ја има. Да, изгледаа заљубено. Дури и подолго време ја криеле врската, таман излегоа во јавност, раскинаа... Ова со снимањево песни ептен детско и глупо почна да станува. Ко 16 годишни тинејџери на инстаграм во био што ја ставаат буквата на дечкото и пишуваат #forever. Само Бијонсе и Џеј Зи што не се разделија. Може Бијонсе затоа не се разведе, да не ѝ пропаднат дуетите. Им го слушам новиот албум. Не се толку лоши песните, текстовите вриштат, ама продукцијата е пријатна за уво.
Ме изнасмеа , не ми текна на тој дел, а и јас им ја обожавам песнава Стварно ептен кул пар беа, баш штета
https://www.teenvogue.com/story/jus...in-relationship-timeline?mbid=social_facebook Детално е опишано тука како се се одвивало.
Како јас не сум се родел ко син на глумец. Реално, тие деца имаат бескрајни можности. Иако, верувам дека Хејли би успеала ко модел и без background. Мене ми е една од најубавите модели што се моментално актуелни. Има фаца на глумица од средината на 20ти век.
Да го има тој вајб. Ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата, кај овие ништо не се знае. Денес ги има утре ги нема.
https://www.joyscribe.com/breaking-...rushed-to-hospital-following-heroin-overdose/ Од кога Деми конзумира дрога? Не знаев дека е зависник.
Мене па ич не ми е убава. Многу ми личи на Ники Минаж и ептен ми е одбивна. Некаде е преубава, некаде просто се чудам дали е тоа она. Не е толку убава Кечо, преисфорсирана е, да си најдеш нова симпатија.
99% од светските фаци конзумираат кокаин... Донатела Версаче изјави дека 18 години конзумирала кокаин , што тогаш преостанува за младите
Деми и на лечење беше пред некоја година. Ко што знам престана, ептен се изненадив кога прочитав. Ми има поспецифична фаца, за разлика од некои ко Џиџи Хадид на која личи секој втор инстаграм модел. Не знам која друга би ми била симпатија од моделиве.
И мене ми е антипатична Хејли, некако ми личи и со таа на Скот Дисик ја заборавив како се викаше, иста фаца, иста коса. Инаку, многу ми е убава Софија Милошевич, ако ја знаете. Манекенка од Србија, живее во Америка.
Дали само на мене Дуа Липа ми е досадна? Ријана ја снема начисто. Ништо не извади две и пол години. Се надевам нема да објавува песни слични на Анти.
Дуа Липа е статична, нема харизма на сцена. Инаку сите ги снема некако, ретко некој доста популарен песна да објави, се некои нови лица се појавуваат.
Да бидеш пејачака е стара финта, парите се во мејк ап бизнисот сега. Верувам дека покрај Кајли, и Ријана ќе стане наскоро билионерка. Fenty беше експлозија, а и сѐ уште е на мејк ап пазарот. Иначе, Кајли е доказ дека и лошата репутација е добра репутација. Луѓето ѝ ги купуваат производите само за да се уверат дека се лоши и ете сега ја имаме најмладата билионерка, self - made, или не, таа е. Мене ми е океј албумот на Бијонсе и Џеј Зи, интересна продукција, пријатна за уво. Бијонсе ко што знам спрема и соло албум сега.