Па не баш. Му доаѓа дека Ријана е „лицето“ на Фенти Бјути. https://lisaalamode.com/2017/09/13/fenty-beauty-really-black-owned-makeup-brand-know-receipts/
Секоја мејк ап компанија соработува со лабораторија во која ќе се произведуваат продуктите, тоа не го менува фактот дека Fenty Beauty е на Ријана.
Мене оваа новокомпониранава "латино" музика ми е толку без врска. Иначе, од моделите заборавив да ја спомнам Пајпер Америка ко една од подобрите за мене. На граница е помеѓу алтернатив и првокласниве модели. На последната насловна за Базар со Лаки Блу се епик.
И мене ми се многу досадни да ти кажам. Швалер да не и е овој? Уште ли се заедно со Пике? Имаше муабети дека се разведуваат. Или сепак беа шпекулации...
Чекај, читав интервју дека имале уште две-три песни заедно така да очекувам уште да напиња. И јас читав дека се разведуваа поради Пике дека се коцкал наводно и дека го оставила.
Имаше муабети дека се разведуваат, ама после нели го стави во спот и со тоа ни даде до знаење дека уште се многу заљубени.
Јас мислам дека Бијонсе и Џеј Зи кренаа фама околу неверствово поради бизнис. Ако ја изневерил ќе се дознаеше до сега која е, така да не е ни чудо ова да го измислиле.
И јас го мислам истото, пошо мораше да има демек многу јака приказна позади албумот на Бијонсе, а сите знаеме дека тоа продава. Исто како што мислам дека оваа Кортни Кардаш со Скот се уствари заедно, ама се праат дека не се, за да се дешава нешто и дека Брус(Кејт) намерно се напраи танс за да може да заработува милиони и така натака и така натака. Во нивните животи нема ништо случајно, се е со пресметки...
За Брус и јас мислам исто. Во минатите сезони на емисиите нивни не покажуваше такви знаци или вешто го криеше тоа. Многу и од настаните во шоуто беа наместени само за поголема гледаност.
И јас така мислам, тогаш Бијонсе ниту беше нешто особено активна, ниту имаше некои којзнае какви песни па сигурно им било тактика за да пробаат да ја вратат на стара слава. Ниту една песна не памтам, имаше ли воопшто некој хит од тој фамозен албум?! После Drunk in Love и Runnin', не се ни сеќавам на некоја нејзина песна што ми оставила впечаток. А и малку тешко да се врати старата Бијонсе од времето на Destiny's Child, или со хитови како Crazy in Love, па и оние од албумот I am Sasha Fierce. Тој албум беше многу убав.
Sorry Hold Up Partition Само овие ги знам. Не ми се нешто посебно. И Бијонсе има шит песни како Ријана.
Што стана со Деми Ловато, излезе ли од болница? Не ја следам многу нејзината кариера ама го гледав Х фактор кога таа беше во жири и многу позитивен впечаток ми остави, баш ми делуваше како скромна и мила девојка, што и треба ова со дрогата не знам. Читав дека и во минатото многу се борела со зависност дури и на многу млади години. Дефинитивно на децава од Дизни славата лошо им удри во глава. Жално е да заврши така.