Ја знам само последната и ниту една друга. Може и до мене е, ич не ги следам Бијонсе и Џеј Зи од овој испадот со албумот. Ја памтите ли Талија (актерката што ја глумеше Росалинда)? Случајно на некое радио одеше песна од неа и уште една - толку без врска мелодија ама ужасно заразна. Ми текна да ја барам песнава на Јутјуб, се запрепастив колку се ко Бугарки певаљки од тој регион таму. Талија убава како и секогаш, ама оваа другава...но тенго палабрас пара експликар тодо есо. Гуглав некои певаљки, видеата на некои од песните се како порничи.
Една дизајнерка е фамозната швалеркa на Џеј Зи. Иначе се збореше дека е наместено за поголема слушаност на албумот, ама Бијонсе во новиов албум кажува: If I gave two fucks, two fucks about streaming numbers, would have put Lemonade up on Spotify... Како и да е, мене Lemonade ко албум ми е океј. Сакам албуми кои носат приказна со себе и имаат поента. Може нивниот случај е измизлен, ама дефинитивно има вистина од секојдневието во албумот. Брус мислам дека порано би ја направил транзицијата да не беше со Крис. Најверојатно оваа сакала да бидат совршена фамилија, додека човеков живееше во гаража. Уште додека беа во брак овој почна да се лакира и да пушта коса и не ѝ остана ништо, освен да му даде развод. Синовите негови никогаш не ја сакаа Крис. Имаше од скоро интервју дадено дадилката што работела кај нив додека Кардашијанс биле мали. Крис од тогаш имала план да ги прави ќерките славни. Сѐ е испланирано од нејзина страна. Дури мислам дека Кортни роди уште во првите сезони ко хајлајт за да не падне рејтингот. Еве сега сите си ги средија на некој начин животите и нема што да даваат во шоуто, па демек Ким и Кортни се скарани и прават драми на секое...
Последно што читав е дека се решила да оди повторно на рехабилитација. Имаше ставено и пост на инстаграм Јас и ја пратам кариерата со години, музички и не ми е кој знае што, но според нејзините документарци ми остави многу впечаток, многу мила личност е. Имала многу тешки години, поминала низ многу работи, булинг, татко алкохоличар, булимија, биполарност и се соочувала со тоа во детството што не е лесно. Има сериозна ментална болест и многу ме нервираа оние шалите за нејзиното предозирање, никако луѓево да сфатат дека менталните болести не треба да се користат како засмевање, туку дека е сериозна работа.
Леле, зарем може бе да ви смета тоа што Шакира си прави песни со Малума? Дуетите денес се актуелни, нека си пеат луѓето. Само да им беа добри песните. Освен Chantaje, слабо некако другиве.
Досадни се. Две-три песни од албумов на Шакира, сега оваа Clandestino и уште три имаат необјавено. Мене ова ми е ту мач.
Хејли да немаше јака позадина никој немаше да знае дека постои, а моделите од средина на 20ти век не изгледале изгладнети и неухранети како денешниве, така да никогаш не би ја споредила неа со некоја манекенка во времето кога се ценело природната убавина
И јас не ги ставам на исто рамниште оние актери/актерки и модели кои имаат јака фамилијарна позадина со оние кои сами се пробиле и се пробиваат на актерската и/или модната сцена. Едно е кога мама и тато обезбедуваат слава,а друго е кога заслужено,без влијанија,се добива слава и признание. Поштен исклучок од ова,е пејачот Енрике Иглесијас. Во неговите почетоци(годината кога почнал да пее) многумина и не знаеле дека е син на познат пејач.Енрике се претставувал под друго презиме,како изведувач од Гватемала.Дури после неколку месеци,се разбрало чиј син е.А,и често изјавува дека со години се труди да излезе од сенката на татко му и да биде признаен од народот поради него самиот,неговиот глас. А,и талентиран е.
Дуа Липа во ново руво. Ми се допаѓа и песната и спотот, но мислам дека не е доловено тоа што сакале. Супер се движењата, ама кога ќе ја дадат во фаца ти дава толку досаден вајб, губи смисла целиот концепт.
Абе од една страна е супер, ама од друга ништо посебно. Мислам дека тоа што ја знаеме веќе со кафена коса, прави да плавава не е нешто специфично во неа. Свесни сме дека е перика. Кај некои косата го менува целиот изглед, кај неа не гледам никаков ефект. Досадно. Во спотов пробале да ја имитираат Тејана Тејлор. Ако веќе имитираш некој, направи го тоа подобро, бидејќи вака е meh. Дуа многу ми се свиѓа во спотот за One Kiss. Вака без да прави ништо, дава многу повеќе од себе, отколку кога игра. Таква ѝ е појавата.
Се сложувам. Таква е, што и да прават таа еднолична е како појава. Инаку има многу подобри песни, некако оваа со новиов спот не ми остави многу впечаток. Можеби пак треба да ја преслушам уште неколку пати..
Дуа Липа и Карди Би ми се најдосадни пејачки. Сегде ги има бре. Јас нестрпливо ја чекам Ријана со некоја песна, а нејзе мува не ја лази. Нит некој дует има, нит своја песна.
Кога ќе прочитам дека тотално рандом лик ќе се дрзне да оценува музика, значи музика или било каква уметност, ми се креваат сите влакненца на телово. Точно е дека секој има свој вкус, меѓутоа, за да дадеш јавно мислење дека некое дело е шит или не, треба да си на некое скалило, да имаш екстра познавање од дејноста во која се имаш осудено да коментираш. Да не речам професионалец. Како слушател, можеш да кажеш дека одредена музика ти се допаѓа или не. Со ваков исказ го навреди мојот вкус. Јас ја слушам Б и LEMONADE ми е Библија. Да повторам, ова не значи дека јас сега тука ќе разубедувам и ќе кудам. Не можам да поминам преку тоа да некој рече за нешто дека е ШИТ, а станува збор за уметност. За останатите кои искоментираа дека веќе нема шанси за Б да се врати во своето старо светло, или за тоа дека правела маркетинг трикови за да биде популарна... Really? Мислите дека нејзе ѝ е потребно да се промовира, да вади лимонадки на кои тинејџерите ќе џускаат? Ете БАШ затоа и албумот ѝ се вика онака како што ѝ се вика, меѓу останатите причини. Не може она да се рамни со новосоздадениве ѕвездички. Она е евергрин, она е легенда сама по себе, она е бренд. Не може било кој друг да биде Б. И нема да биде. Припаѓа на оние 10 проценти кои никој не може да ги ископира. Има освоено толку многу награди за свои хитови што веќе нема потреба од комерцијала и докажување. Пакет како неа не може да се види, ако сме искрени. Еден нејзин настап на било кое музичко случување (доделување награди) е ЗДРАВО-ЧАО. На крајот на краиштата, на уметниците не им е целта да се појават и да останат секогаш исти, какви што биле првиот пат. Нивната цел е преку својата уметност да раскажуваат, да праќаат пораки и да живеат за секое следно дело. Да се соживуваат со она што ни го продаваат. Јас, како уметник, тврдам дека тоа е така. Не можам да творам само за оние кои очекуваат просечни лимонади, не можам да пеам турбо-фолк или да пишувам книги-лимонади. Одам против секојдневните размислувања, се трудам да оставам свој печат и да покажам и докажам дека и јас имам нешто поразлично да кажам. Но, тоа мора да се разбере. Не би можело ни да се дебатира за ова со било кој, освен со уметници. И, зошто мислите дека е маркетинг? И они се обични луѓе, и нив им се случуваат нешта какви што можат на сите останати да им се случат. И, дали сметате дека се` друго што гледаме по ТВ е реалност? Не сте свесни какво лице има вистината... Ние гледаме само процедена лимонада. Не заборавајте на остатоците од лимонот =) Јас се извинувам што се дрзнав да дадам контра-реплика, ама... Б ми е болна точка.