Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светски јавни личности

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од pink4ever, 27 февруари 2011.

  1. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Мене ми е океј, не е најдобра, ама проаѓа.
    Некаде прочитав дека Ријана работи на нов албум. Но, ништо официјално.
     
    На Someonespecial, Mr. Right и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  2. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Јас пак чекам од Ed Sheeran нешто ново, некои слични на Divide албумот. :music:
     
    На smooch, Ketchup и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Ја глеам дека повеќе со шминкава се занимава. :^)

    @theunforgiven извини друже, ама кога видов колкав пост си напишал се откажав. :D И мене Сиа ми е болна точка, ама не рипам кога некој ќе каже дека му се свиѓа. Не мора да си професионалец за да знаеш дека некоја песна не ти се свиѓа. Бијонсе има убав глас, ама има ретко убава песна. :)
     
    На smooch, Joi, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Овој и Адел не ги можам. Сè едно те исто пејат. Само за љубов и жалопојки. |(
     
    На Joi и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  5. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    3.119
    Rihanna веќе година дена работи на новиот албум и наскоро ќе даде ново музичко бебе :)))) Се очекува да биде во реге-стил со доза на dance.
     
    На Ketchup и Mr. Right им се допаѓа ова.
  6. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Наводно новиот албум немало да му биде поп. Може ќе ти се свиѓа таа варијанта. :lol:
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    3.119


    Така е! Можеш да кажеш дека песната НЕ ТИ СЕ СВИЃА, но не и дека сите песни ѝ се шит. Не можеш и не смееш да генерализираш.

    А тоа што ти мене не можеш да ме читаш кажува други нешта. Немој да мислиш дека јас тебе те читам од што си ми интересен :)))))
     
  8. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Ќе видиме. :D

    А Бритни Спирс? И она некои чкљ песни вади.
     
    На Ketchup и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  9. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Не ја можам неа. Многу писка за мој вкус..:^)
     
    На Ketchup, nextredstyle и Mr. Right им се допаѓа ова.
  10. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Хахааххах исто.
     
    На nextredstyle и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.384
    Допаѓања:
    126.399
    Пол:
    Женски
    Исто ! :puke:
    Ама,би ја бивало за плашило,да брка птици од растенија ! :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
  12. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    3.119

    Не би рекол дека бркала и брка птици од растенија. Со својата кариера е она што е и се наоѓа на позицијата на која што е. Да, можеби не е популарна како што беше кога беше тинејџерка, ама една е. Да беше плашило, верувај ми дека немаше толку долко да опстане.
     
  13. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Светот на музиката цело време се менува, пејачките што пред 10 години ваделе хитови, веќе ни милион копии не продаваат. Не знам дали сте забележале, сите почнуваат со некои денс песни, без некоја посебна содржина и после неколку албуми вадат сѐ посериозна музика. На Ријана последниот албум беше повеќе со балади и ништо не направи, Лејди Гага исто. Дуа Лупа, Карди Би, сите овие што се денес популарни, за неколку години веќе ќе бидат заборавени. Луѓето сакаат нови фаци, освен ако не си го дадеш цел живот на кариерата и цело време да изненадуваш со нешто ново, ко Мадона на пример.
    Ники Минаж кој бум беше, сега ни картите не ѝ се продале и морала да ја откаже турнејата. Исто и за турнејава на Бијонсе и Џеј Зи имаше муабет дека не се продале сите карти.
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    3.119


    Јас пак :)))))))))))) Не е ништо лично, само коментирам.

    Луѓето НЕ знаат што сакаат. Во тоа е проблемот. Генерално зборено, секако дека има и такви кои знаат што сакаат.

    Мадона НЕ изненадува со нешто ново веќе одамна, дооолго долго. Последно ѝ беше од јавен настап шо се потсмеваше на Б и Jay со нејзина слика , наместо Мона Лиза. Она е отпеана песна. Исто евергрин, исто уникат, исто икона. Несомнено.

    Бум беа а веќе не се многумина: Џастин Бибер, Лејди Гага, One Direction... Се' тоа е пролазно.

    Оние како Мадона, Rihanna, Beyonce... Си имаат свои армии од фанови, немаат потреба од постојани докажувања за да допрва придобиват нови слушатели и поддржувачи. Кога си бренд, бренд си. Дали станува збор за бренд од областа на музика, или за моден бренд (Adidas, Nike, Converse...).

    Сега гледам дека е точно тоа со турнејата на Минаж. НО! Те молам погледни по интернет видеа од турнејата на Beyonce & Jay па после да правиме муабет дали не се продале сите карти :)))) Мои пријатели од Америка не отидоа на концерт токму поради тоа што не можеа да си обезбедат карта. Сето тоа со стари песни =) Тоа го можат само неколку од сцената, веќеспоменати.

    Моментот е кај „посериозна музика“. Токму тоа цело време сакам да го кажам... Комерцијалата е пролазна, остатокот е уметност. И не може (а и не треба) секој да ја разбере. Само фановите, оние кои го разбираат тоа што го работи одредениот пејач.

    Експрес-ѕвезди и one-hit-wonders имаме постојано. Да се потсетиме на Макарена, Гангнам стајл... Траат некое време и после - крај. Дел од нив оставаат траен печат. Всушност, сите си остануваат запаметени како трајна историска вредност :)))))

    Околу продавањето на милиони копии, чисто како факт: Lemonade на Beyonce е продаден во преку 1.5 милиони примероци само во АМЕРИКА.

    На крајот од денот, секој може да си слуша што си сака.

    Мојата поента е тоа дека не смееме да омаловажуваме уметност. Можеме да кажеме дека ни се допаѓа или не.
     
  15. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Не ја ставај на исто место Ријана и Мадона. Мадона е со кариера од 30+ години, а Ријана околу 10. Бијонсе, Ријана, Гага се пејачки со голема база на фанови, ама не се толку влијателни ко порано што биле. Еве и на темава ќе видиш дека сите што ја слушале Бијонсе, сега воопшто не ѝ ги ни знаат песните. Зошто? Затоа што го немаат влијанието ко порано, немат хитови, ги нема на радио, ги нема на топ плејлисти, а не на секој му е дојдено специјално да бара нивни песни. Пола свет музика слуша од радио или плејлисти. Они ќе се памтат и за 30 години, но нема да се толку успешни во музичката кариера ко што биле порано. Еве и Мадона ја знаеме ко кралица на поп музиката, а последните три албуми никој не ѝ ги чул.
     
    На smooch, theowndemon, Joi и 3 други им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.384
    Допаѓања:
    126.399
    Пол:
    Женски
    Никој не омаловажува уметност.Сите само кажуваме каква музика ни се допаѓа,а каква не.
    Не може на сите да им се допаѓа истото.Ти имаш право да ја слушаш Бритни,а ние другите имаме право да ја или да не ја слушаме.Некои од нас не сакаат пискање и тоа е наше право.
    Бијонсе,Ријана и Лејди Гага ја немаат поранешната слава(затоа почнаа и по филмови да играат,да не бидат страдни за милионче).Бритни е омразена уште од нејзините тинејџерски години.И во сегашниов период нејзините песни се послабо слушани од порано.
    Вкусовите варираат,па затоа целодневното напаѓање е бесцелно.
     
  17. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    3.119


    Ама не можеш ти со мене да дебатираш на тема Бијонсе :))) Како да ти објаснам :))))))) Не можеш, значи НЕ можеш да кажеш дека и она оди по филмчиња за милионче :)))) Па ова е виц на денот!
     
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.384
    Допаѓања:
    126.399
    Пол:
    Женски
    Не е виц.Популарноста на нејзината музика е намалена.
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Во право е @Ketchup, сите нешто се обидуваат со денс музика, и се далеку поразлични од тоа што порано биле и со што се прославиле. Мислам дека ако негувале еден тип на музика славата ќе им била горе-долу иста.
    Бренд е кога нудиш едно исто а сепак имаш обожаватели и продажба. Адидас не може да придава чизми, само затоа што патика и чизма спаѓаат во обувка, ако сфаќате што сакам да кажам.
    Сите денешни пејачи испробуваат различни типови на музика и најчесто тука грешат.
    Конкретно сте зборувале за Бијонсе, да славна е ама не како порано, не барем на светско ниво, во Америка можеби се уште е, не знам за тоа колку карти продава.
    Но, едно е сигурно, песните од Lemonade не можат да се споредат со хитовите како Best thing I never had. Содржински и музикално се поквалитетни ваквите песни. Не викам дека и другите не се добри за некои личности, но не е Бијонсе во тоа светло во кое постана славна и по кое била препознатлива.
    Тоа е разликата, ако си музички бренд треба да се држиш до тоа што го нудиш и по кое си впечатлив/а.
    Пример: Мајкал Џексон или Бон Џови, и колку години да биле славни, секогаш си останале доследени на тоа што го нудат.
     
    На theowndemon, Joi, Mr. Right и 2 други им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.384
    Допаѓања:
    126.399
    Пол:
    Женски
    Се согласувам.
    Пратам и читам што е напишано во магазини и на социјални мрежи,па ќе кажам што воочувам.
    Еминем и Енрике секогаш се „ин“,дури и кога излегуваат од вообичаеното.Ама и кога нудат нешто различно,може да се познае шмекот и емоциите кои ги имаат од самите почетоци.
    Бијонсе е поинтересна кога е во фазон на „јака и самоуверена дива“,ама кога е како „кучка“,не е баш тоа.
    Мајкл Џексон,ваков-таков,со тоа неговото „а,а“ и играњето,секогаш доспеваше до врвот.
    Сега поактуелни се оние што се бават со EDM,ама и при мешањето стилови,оставаат ист печат,и тоа пали кај публиката,па популарноста не им опаѓа.
    Ама и однесувањето игра улога.Популарноста на Лејди Гага е намалена,ама пак не е тотално исфрлена,бидејќи почна да се однесува малку посмирено и објави песни во кои она е без маските,па така доби поддршка и од хејтери.
     
    На Ketchup и IM.TMKQ им се допаѓа ова.