Ама не може некој што созрева да продолжува да ги прави истите нешта како кога бил дете, дали ме разбирате? Не може жена од 36 години да пее за Baby Boy и тинејџерите да скокаат на песната )))))) Кругот на луѓе кои ја поддржуваат - ја слушаат затоа што ја разбираат, во тек се со случувањата во нејзината кариера и знаат што сака да пренесе преку својата музика. Нема врска... Секој со својот вкус.
Според мене песните на Бијонсе никогаш не биле тинејџерски или бејби бој песни, друг ми беше муабетот.
Те разбирам, те разбирам. Јас велам дека тоа што е намалена популарноста е предизвикано баш од поквалитетниот призвук, од тежината на музиката. Народот е навикнат на лимонадици... Само да е ТРА ЛА ЛА и певливо за да се џуска летоска ))
Јас па мислам само такви песни има на музичкиот пазар, публиката сака нешто поквалитетно, доста се посветуваше внимание само на ритамот. Мене искрено ми фали музиката од 90те и 2000-2005 година. Различна мелодија, текст, подлабока емоција, според мене.
Според тебе, секако. Јас не можам да генерализирам зашто не слушам секаква музика и не можам да пресудам дали е квалитетно нешто или не. Тоа што го слушам ми е квалитетно, ми буди емоции и ме купува.
Мадона можеби е кралица на поп музиката, ама нејзиното време помина. Бијонсе реално има ретко добри песни.
Баш прееска сакав да го ставам видеото и заборавив. Лудница се, ту мач драма. Ама Тејлор Свифт води, она со пола фаци не разговара.
Колку ритмички вели: bitch come here, на почетокот. Како кога касета ќе се измота и заглави на еден дел.