Не е ова официјален дует. Сиа ја напиша песнава за Ријана, она сними дел од песнава и после и ја врати на Сиа и некој ја има објавено.
И после Ники ја гаѓала со истата штикла и ја погодила Карди над око. Иначе Ники лајкувала коментари на твитер каде што твитерџии се зафркавале каква мајка (ќе) е Карди.
А зошто уствари не се сакаат овие? Карди Би не ја слушам, ама не е долго на сценава. Можеби година дена. Кога стигнаа да се испокараат?
Овие и двете ми се подвижни брукотеки. Песните на Карди Б ми се посварливи во последно време (немам поим иначе ништо за неа), ама сепак никогаш не сум можела да поднесам вакви фаци ко нив две.
Гранде има добри песни на новиов албим. "No tears lefr to cry" и "Breathin" ми се најубави. Туку, зошто насловите на песните ги пишува со мали букви? Знам дека има некое значење тоа...
Вчера беа MTV EMA музичките награди и ги гледав после долго време. Еве дел од комбинациите на црвениот тепих. Искрено, никој не ми беше нешто уау. Halsey имаше убава креација, Hailee е cute како секогаш, ама ништо ново. Camila мислам дека веќе неколку пати ја имаме видено во ова издание. Водителката на црвениот тепих по мене изгледаше подобро од повеќето. Исто и Little Mix имаа интересна појава. Шоуто не беше нешто нај, порано имаше многу подобри перформанси, затоа и престанав со години да го гледам.
Оние Little Mix скоро секогаш се лошо облечени. Овде и Дуа Липа има тотална утка. Камила и Ен Мари се ОК дотерани.И Линдзи е за чудо пристојно облечена. Ден од Bastille исто е во ред.И гласот му е интересен. Останатите се дречлива катастрофа. Џабе брендираните марки,дизајнерите и стилистите треба да добијат еден тежок шамар во фацата.
Ако де... Штета што диџејот Маршмело си го крие лицето.Има квалитетна музика и фановите му се зголемуваат.Нема ни некои скандали.
Се збори дека тој е и диџејот Дотком.Се вика Christopher Comstock(оваа гласина ја потврди една вест на магазинот,списанието Форбс).Ама и да е тој,интересно би било да го извади шлемот.
Ја си ја заследив Кара Делевињ, гледав нешто на интернет и наидов на овоа интервју , погледнав и други од нејзе, девојкава останала своја во тој суров шоу бизнис , не се плаши да открие дека е би, дека има несигурност, дека поминала низ депресија , делува инспиративно