Стајте некоја сликичка од MTV EMA, немам седнато денес пред компјутер, а на Инстаграм не видов ништо синоќа. Или следам погрешни селебритис или стварно не сум во тек со настаните. Немаше ли пак некоја тепачка, беше ли таму мојата симпатија Карди Б.
На EMA повеќето од номинираните не се ни појавуваат бидејќи се знае кој ќе ги земе наградите, па да не се мачат да патуваат до Европа. Затоа и не си видела, јас минативе години додека не бев заинтересеиран, воопшто немав поим што се случува. Иначе, само Ники беше, Карди ја немаше, иако зема награда зa Best New, така нешто.
Тој е. Му го открија идентитетот по тетоважата што ја има на нога. Јас искрено не сакам да си го тргне шлемот. Како заштитен знак им е тоа. Ете ја и Сиа со периките. Знам како изгледа, има и слики од неа на интернет, ама би ми било чудно да ја гледам како пее без перика. Видиш? Не била таму, а земала награда. Може и јас имам земено, а да не знам. Годинава на Греми очекувам да бидат номинирани LSD. Па и награди заслужуваат. Подобра музика немам слушнато одамна. Освежување се на сценава.
Ќути. Кога ќе се спомне Карди Б, во мисли ми доаѓа ова: И одма ми се врти текстот на онаа I like it like that. Шала на страна, многу заразна песна. Нема да ја коментирам Карди, ама Ники Минаж може да се пензионира. Има нова "наследничка".
Немој од нигде никаде да ти се појави Ники и тебе да ти ја учука една. Мене па ептен иритантна ми е. Појма неам од кај се појави.
Да, како појава е...подобро да не ја коментирам. Ама отсекогаш интересни ми биле такви фаци како неа и Ники Минаж. Кај се они, таму се сите глупости.
Карди Б може вода да и носи на Ники.Ники ја обожавам, уште одамна ја слушам.Порано бев опседната со нејзе и Лил Вејн порано.Секогаш ќе ми е фаворитка.Имам слушнато некои песни на Карди пример Motor Sport,I like it.. Сепак Карди ми е бледа копија на Ники.
Поаргонатно суштество од Карди,амин.Толку многу се експонира,а да има некој талент,нема.Не ми е јасно како може да има толку многу фрустрации и комплекси во едно толку мало човече.
Мало ама гледаш за кратко време што направи од себе за рок од 2 3 години милиони заработува на пример во 2013, 2014 незнаев која е Карди.Јас Карди прв пат ја слушав кога излезе Bodak Yellow таа песна за рок од месец дена стана светски хит.
Може да се кладам дека Карди уште 2-3 години и ќе ја снема од музичката сцена.Колку само за информација,песните на неа па и не се некој deep рап.Тоа нејзиното е нешто пролазно.Квалитетен рап е 2pac и се што е old school.Има и од поновите,на пример и Еминем и ден денес прави квалитетен рап што е светлосни години пред Карди.Таа дојде до неколку милиони и сега вришти од фрустрации.Очигледно е дека не знае да се справи со славата на вистински начин.Карди можеше да просперира многу и да остане запаметена.Ама,има едно големо НО.НО,Карди вреѓа се што ќе и дојде,Карди мава со штикли.Ова ли е светот за кој велиме дека е модерен во 21ви век?А,светските ѕвезди се репер за младите низ цел свет,посебно за најмладата публика.Вака ли ќе стануваме интелектуалци и творители на нешто убаво и со вредна порака?
Мене Карди Би ми е ептен наивна за да ми биде иритантна. Ми делува на некој што сѐ простува и заборава, секој втор ден се правда нешто на стори. Плус, мислам дека ќе им помине ова со Ники. Иначе Карди лани летото се прослави, само година дена е на сцена и тоа ја погодило Ники најверојатно, бидејќи и она толку брзо влезе во игра. Ама реално, мене воопшто не ми делуваaт ко конкуренција една на друга. Некако различни стилови ми се.
Мене омилена ми е Бритни Спирс. Уште од мала ја сакам, слушам. Многу ми се допаѓа иако сега малку и остаре се тргна од сцена. Ми се допаѓа исто така Кендал Џенер.
Ви текнува ли на Шерил? Последен пат кога извади песна, ептен ѝ ја сакав музиката... денес гледам нешто ново од неа. Looove made me do it... Цел ден ми се врти во глава, а толку е лоша. Преку глава ми е веќе од песни за бивши. Таман Тејлор ја помина таа фаза, ете ти уште 10 Тејлор.
Што убави луѓе на видеово на чело со Лили, и највеќе Мили (that rhyme tho ) Боби Браун. Злато е девојкава - преслатка, талентирана, па и паметна и посветена на човечки права
Еј ептен ја слушав оваа ама сегашнава песна не и е нешто добра. Или можеби само вкусот ми се сменил..