Што е финтата со новата песна на Аријана Гранде? Освен што видеото е спојка од најпопуларните тин-филмови, ми нема логика. Да не раскинала пак па тргнала по стапките на другарка и Тејлор Свифт - ново хитче за секој екс. Многу е заразна. И не можам да "преболам" зошто девојкава со такво гласиште не се огради од кичот што го прави и не си даде простор сериозно да настапи со некоја саглам песна. Песните не и се лоши, певливи ама ништо повеќе од тоа. А штета, стварно штета зашто има неверојатен глас кога пее во живо, многу други можат само да сонуваат за таков вокал, ама ете - ќе се погоди еден таков од сто и ќе го слушаме како пее "теенкју, некст". Тоа пали кај рајата очигледно, ама она ич не ми е за таму. Не можам да ја сфатам сериозно со песничињава, ама пак ја слушам и многу ми е срцка.
Lana Del mnogu se razlikuva od ostanatite zatoa mi e omilena pesnite se emocionalni i ti davaat nekoe ubavo custvo, a stilot na oblekuvanje najmnogu mi se svigja na Rijana.
Да бе, ја раскина свршувачката со Пит Дејвидсон. Мене ми е чудна песната, слушаш поп мелодија и глас ала Мараја Кери, мислиш ќе ти пее за Крисмас, а она си ги набројува бившите и што правела со кој Рефренот е секако два повторувачки стиха. А за заразна многу е заразна, ја знам скоро цела Патем сега ја гуглнав за да го изгледам спотот и песната има пет автори! Секој по една строфа да не пишувал?
Како викаа Суперхикс, песни глупави тешко се пишуваат. Има логика. Ја утепаа од вртење на радио, како да не ја научиме - нема бегање.
Мене Аријана ми била отсекогаш антипатична поради тоа што последниве неколку години се држи до тој ист имиџ и истите "невини" фацички. Не можам ич сериозно да ја сфатам. А песните и се презаразни.
И јас пред некој ден само ми се вртеше во глава она фамозното - тенкјуу, некст. Јас од годинава почнав да ја слушам Аријана. Има убави песни од албумов. "Breathin" и "No Tears Left To Cry" ми се омилени. Од Ријана уште ни трага ни глас.
Мене ми е срцка Аријана, сè повеќе ја засакувам. Иако песните воглавно ѝ звучат лесни и заразни, сепак има нешто позитивно, па и моќно во повеќето од нив. Thank u, next на пример - за разлика од вообичаените љубовни песни за бивши во мејнстрим поп-музиката, не е со bitchy attitude и огорченост - туку баш напротив. Breathin', пак - е за нејзината анксиозност, за која отворено зборува. Најсимпатична личност ми е во актуелната поп-индустрија, а баш во последно време инаку се оддалечувам од таква музика. Ова ми е ептен awww
Колку што читав,Ријана оваа година се посвети на својата линија на шминка и има интерес во глумата.Наводно,тајно спремала нешто на музички план.
Уште една Мет Гала вечер, оваа година со темата: Camp: Notes on Fashion. Генерално, од сите што ги видов, целокупниот впечаток ми е подобар од минатата година. Најпрво, мора да кажам дека Лејди Гага е кралица на целиот настан. Иако скоро сѐ имаме видено од неа, секогаш знае да изненади со нешто екстра и неочекувано. Годинава исто може да се забележат и доста парови на "црвениот" тепих, кои повеќето одлично се вклопиле. Џонас браќата со Пријанка и Софи се полн погодок. Бенедикт Камбербач и Софи Хантер се goals. Само имам замерка за дечкото на Џеј Ло. Нејзиниот стајлинг многу ми се допадна, но партнеров е толку досаден покрај неа. Сум го приметил и по други вакви свечености. Знам дека стилот му е класичен, но костумот овој пат можел да биде за нијанса поинтересен. Истото го мислам и за Роузи Ханингтон. Ми фали некој ексцентричен детаљ кај неа за одлично да се вклопи во целата церемонија. Сѐ на сѐ, Крис Џенер не ми се допаѓа нешто ептен и Кејти Пери мислам дека секоја година е fail трудејќи се да испадне интересна. Awkward ситуација: Лајза и Мајли во истата креација.
Што ќе кажете за Карди Б? Мене ме изненади, очекував да се појави во нешто слично како Кејти Пери, не знам зошто. Може затоа и ме изненади кога ја видов во таков фустан, ама ми се допадна.
И мене ми се допаѓа Карди. Ме потсетува на Ријана со жолтата креација пред некоја година. Се гледа дека е доста вложено во тоа што го носи. Класичен дизајн, а сепак сѐ останато е екстравагантно.
Браќата Џонас беа ОК,ама партнерките ужас,ко чудовишта. Бенедикт е убаво дотеран,а Малума потсетува на Зејн Малик. Сестрите Хадид за никаде. Дури и Лејди Гага не претерала толку колку Кејти Пери годинава. Фустан на Карди Би делува ексцентрично и храбро. Марк Ронсон утнал со чевлите. Кол Спраус и Лили Рајнхарт изгледаат ко сладок ,откачен пар.
Не сум ги разгледала сите ама од тоа што видов многу ми се допаѓа Роузи Ханингтон, многу убаво, нежно, Џеј Ло е добро стилизирана, Ана Винтур ме изненади, прекрасна е, исто и Наоми. Ми се допадна и Ким со тој wet look, прв пат после неколку години не е облечена во нешто тесно златно или сребрено. Лејди Гага мене лично не ми се допаѓа, не знам, не ми е ни интересна . Забележав и дека повеќето имаат по некој детал со пердуви. Ријана зошто не присуствуваше?
Обично, на ваквите свечености, присуствуваат луѓе кои моментално се во spotlight или подготвуваат нешто големо. Славни личности што работат на некој проект од јавен карактер, филм, музички албум и слично. Ријана најверојатно нема да објавува албум чим ја нема тука да привлече внимание. Гага спрема албум, Карди и она објавува нови синглови. Чудно како ја нема Тејлор цела во пеперутки и чанта од кожа на змија. Мене ми е чудно како тука се наоѓаат ликови ко близначкине Озбурн, Лили Колинс, Зендаја... Мислам, сите ги знам, ама ниту една не сум ја видел во нешто што е ептен актуелно или популарно, а секоја година присуствуваат на Мет Гала.