Шер е мојата омилена пејачка , ја обожавам , има 71 година и изгледа одлично . Има изјавено дека немала потреба да се мажи бидејки нејзините бракови траеле колку нејзините врски
Не значи дека нема да бидеш сакана ако си слаба. Па затоа не треба да се чудиме како го фатила Бекам. Анорексична воопшто не е убав збор, исто како што не е убав ни дебела. Тргнувам од мене, затоа што во основно се изнаслушав зборови дека сум била анорексична, чачкалица, стап за тресење сливи или што и да е таму. И знам колку тешко ми паѓаше тоа. Не е дека не јадам, туку не можам да се здебелам, а јадам како луда. Не знаеме зошто е жената слаба. Може сака да е слаба, може не може да се поправи итн. За вкусови не се дискутира, но мојата поента беше дека не е воопшто убаво да велиш дека некој изгледал анорексично . Мене ми е права дама .
Те сакам не те сакам. Се исмеваат сите медиуми дека неа и е слатко Џ Зи да ја вара па пак да и се враќа
Ајаааа колку остарела Не бе па ти какво разведување, маж и Џеј Зи е најмоќен на американска музичка естрада, она најталентирана така да совршена спојка
Она цел албум песни испеа дека ја вара. Бремена е со вештачко оплодување затоа се близнаци. А првото дете и е од сурогат мајка затоа на тоа интервјуто се смееја дека перница носела кога се прекрши стомакот кога седна. Тоа е.Шоу-биз.Пари се во игра,голема пара. Сепак КвинБ многу ниско паѓа,затоа сестра и го истепа Џ Зи во лифтот.Ама тоа е.
Ќе ја издвојам SIA, значи невиден квалитет ми е. Какви песни, каков глас.... Неверојатна Oд мажите Енрике Weeknd Ed Од групи би ги издвоила И Селена и Шакира ми се баш слатки и харизматични, убави песни имаат и ми се мили девојки Тие ми паѓаат сега за сега на памет од Светските јавни МУЗИЧКИ фаци Edit Знаев дека заборавив некој бе, туу како така Calvin Harris хит до хит, човек лето, сите песнички негови ме потсеќаат на лето и море
Мене многу ми е жал за Рене Зелвегер што си го уништи личниот опис, ако ви текнува од Дневникот на Бриџит Џонс Колку беше природна, спонтана, препознатлива Во што се претвори жената
Викторија ми е поим за жена бре Модна икона е женава Секогаш е средена и никогаш не сум прочитала некој скандалозни наслови. Посветена мајка и сопруга.
не можам да поверувам на што личи сега а каква беше порано на филмот беше и дебелка но многу симпатична , слатка на фаца... Велат дека од пластичните операции се направила ваква .. Којзнае...
Џеј Зи и Квин Би се дел од машинерија. Масони се во прашање, прочитајте малку повеќе и ќе ви стане јасно. Колку и да звучи шовинистички, кај смее она него да го остави бре, тој нејзе ја направи ѕвезда. Јес да има она потенцијал, жената е отров, ама факт е дека за да стигне до тоа ниво на коешто е денес, ти требаат мноогу пари. Тој има 47 а таа 35. Заедно се од мноогу одамна, проверив уште од 2002, а тогаш таа имала 21 година а тој 33. Нејсе мене скандалот со Ријана ми е шокантен. Бившиот и убаво и ја распука фацата, модра беше, ама во интервју кај Опра таа плачеше дека тој имал тежок период тогаш и не му се лутела. Пред некоја година нели повторно беа заедно. А баш имав мислење дека е моќна жена.
Мадона не ја сакам, мислам нема маж со кој не била , дури имам читано и за шишиња... Кхм сфаќате колку е вистина не знам Мене физички ме потсеќа на мајка ми, па затоа може и некад така слики да си загледам од неа и видеа некои гестакулации ненормално ме потсетуваат .... Има убави песни ок е,искрено и РиРи и Тејлор не се нешто поарни барем според мене, Па нели сег РИРИ со ЏЕЈЛО не се трпат поради Drake Абе друг свет се тие, поопуштено си живеат
Дрејк си призна дека ја сака Рири од кога имал 21 година и сака да е со неа, тој бил покрај неа кога овој бившиот нејзин ја претепа. Му го заборивив името. Мене Рири ми беше фаворит се додека не почна да се шлака по телото и да се шета гола тогаш ми се одмили, слатка ми беше кога почна да пее. Е сега она на едни награди или доделувања ги потврди озборувањата дека таа и Дрејк се во врска, па после едно време како раскинале и јас мислам дека дечково си гледа утеха во Џеј Ло. Во врска со Џеј Ло ме изненади нејзиниот став да се биде во врска со 20 годишно помладо момче а ја сметав за стабилна и разумна жена. Е сега дали на Рири и смета што Дрејк се осврна кој Џел Ло па сега има тензија меѓу нив две не знам, јас искрено и немам омилени идоли.