Од неа и Ла Роуч ништо поразлично не очекував. Мислам дека лани некоја носеше фустан што свети. Веќе видено е. Не морала да биде баш ко Пепелашка, можело да има и нешто уникатно во сѐ тоа. Туку, што мислите за Кристен Стујарт? Неа ја нема во линкот што го постирав. На повеќето им е ужасна, но на некои им се допаѓа тоа што сакала да оддаде почит кон Дејвид Боуви. Мене не ми се допаѓа, но секоја година сум за тие што носат поента со својот изглед.
На линкот и Дуа Липа ја нема. Интересно и невообичаено за неа. На прв поглед на Charli XCX ми заличи.
Мене Кристен ми е многу кул ко личност. Можеби не е најдобра глумица, ама секогаш ми била приземна. Ко модел ми се допаѓа.
Не е лоша, малку музиката во позадина е досадна, ама најверојатно кога ќе ја слушнеш неколкупати ќе ти стане певлива и ќе се занемари тоа.