Што мислите за сегашнава драма со Џејмс Чарлс?Во еден ден изгуби еден милион?Според мене ова беше очекувано.Од друга страна,Џефри стар ми е сосем друга,спротивна приказна.
Прво,Џејмс доби многу хејт од причина зошто бил повикан на МЕТ Гала,имаше различни мемиња како бил како мува без глава таму,како лажел за она што го носел итн. Спојлер: МЕТ Скоро беше и Коачела па испадна скандал дека тој терал некое стрејт машко да биде геј само за него.Оваа приказна е каша попара ептен. Спојлер: Long story short Најголемиот скандал и оној што доведе до ептен губиток на претплатувачи е оној со Тати.Не сум запознаета скроз.Но,знам дека тој и се правел другар на Тати и потоа правел нешто како антиреклама на нејзините производи (некои си капсули).Таа направила видео за ова Па,Џејмс направил видео за видеото на Тати
Леле многу ми е антипатичен.. не заради изгледот туку затоа што откако знам дека постои е во некој филм и се перчи ептен..
Богати тинејџери се секогаш без емпатија и свест за околината. Ѝ верувам на Тати, а и ваква работа не ми е првпат да чујам за некоја млада славна личност. Сепак, мислам дека нема тука да му заврши кариерата. Лора Ли и после расистичкиот скандал, сѐ уште собира голем број на прегледи.
Тати ми е супер позитивна и доста го поддржува. Џејмс е талентиран ама славата како да го запрепастила. Некако се е претерано, аутфитите за Коачела дури превулгарни му беа. Случката со Тати покажува колку само не е созреан и достоен за толкава слава. Најсмешно ми е што откако сите тие драми ќе се откријат во јавност им текнува да направат сори видео. Дури и многу фејк ми изгледаше во видеото во кое и се извинува. А баш ги гледам и неговите видеа, добар уметник е ама ова минус голем.
Не знам кој од вас го памти првото видео за извинување на Лора Ли? @Ketchup можеби? Толку фејк, толку се гледаше дека не се кае навистина, катастрофа. Незгодно ми падна и се усрамив дур го гледав. Упорното ги "ретвитнав" као демек ќе и ја намали тоа вината. Ни второто видео "We need to talk" не беше достојно извинение за таков скандал. И јас и се налутив и не сум и више претплатена .
Каков Бибер,бе? Цело време е со аутотјун.Тотален антиталент е и тежок наркоман. Џејмс Чарлс е иритантен,ама и интересен.
@Harper и мене ми текнува на видеото. Исто фејк ми изгледаше како и ова на Џејмс сега. @nextredstyle сега нема никакви докази дека е наркоман, дури и долго време го немаше. Мене ми изгледа дека се смири, претходно беше само драми. За пеењето не би да коментирам, секој со свои преференции. Денес не треба ни кабожно да пееш, биди дел од сите настани и драми веднаш ќе се прославиш. Талентот на последно скалило некако остана.
И кај нас талентот е реткост. Бибер самиот призна за Вог дека претерувал со наркотици и алкохол. И ксанаксот му правел огромен проблем. Ама,се приметува дека не е скроз излечен.
Во шит. Почна како весело дете,па се претвори во размазено дериште.Трошеше пари,се завлече во дроги,ругаше фанови...Нема памет.
Искрено, Тати никогаш не сум ја следел, бидејќи каналот ѝ е наменет само за шминка и бјути производи. Додека кај Џејмс и Џефри има и малку поразлична содржина. За видеото, можел да седне сериозно да разговара и да се извини. Вака навистина не прави некоја разлика во тоа што мислат луѓето за него и општо за целата ситуација. Лора Ли мислеше дека со плачење ќе ги поткупи луѓето, бидејќи дотогаш никој немаше видео плачејќи. Хаос. Иначе, малце е глупо што сега сите се ставија против Џејмс. Зара Ларсон пишала дека Џејмс се пушал на нејзиниот дечко, иако знаел дека е стрејт. Морфи демек го отследиле... Зар не знаеле досега дека Џејмс се пуштал на стрејт мажи? Или додека јавноста не знаеше, не им беше битно, им одговараше неговиот маркетинг, па сега гледаат дека соработката со него може да им донесе незгода? Во страшно фејк свет живеат.