Ако е за иритирање,Џефри е поиритантен од Џејмс. За занесување,сите тие се занесуваат,па и лажат. СЕ ЗА ПОПУЛАРНОСТ!
@Ketchup И јас не оправдувам тоа што Џејмс грешел. Ама претеруваат луѓево. Дури направиле лајф да оди како на Џејмс му се намалуваат следачите а на Тати секој момент и се зголемуваат. Многу лично се сфаќа сето ова..како на следачите да им згрешил, толкава драма за ништо.
Колку и да не ми се допаѓаат одредени ставови на Џејмс,сепак ми се допаѓаат неговите совети за шминкање и баш е забавно откачен во sister squad видеата.
Луѓето сакаат драма. Џејмс има и многу хејтери, затоа и Тати сега расте со следбеници. И Кардашијанс имаат многу хејтери. Откако беше скандалот со Џордин, сега она собира 10 пати повеќе лајкови. Буквално. Ко што кажа Тена, луѓето сакале да се случи тоа. Така и со Џејмс сега. Не знам, кога и да помислам дека Тати не требаше да излезе вака, ми текнува дека Џејмс разговарал со драма канали, пред неа, што е стварно себично. @nextredstyle, sister squad веќе не постои. Уствари, хејтот кон Џејмс почна уште откако излезе муабет дека тој е виновен за распадот на скуадот. Сега веќе сѐ се натрупа.
Знам,пратам. Ама,сите они се умислени дека се Холивудски ѕвезди.На следачите нема да им се вечно занимливи нивните кавги.
Новата песна на Мадона. Оваа ми се допаѓа повеќе од онаа со Малума, ама сепак мислам дека времето на Мадона и помина.
Не е лоша песнава. Ни минатиот албум на Мадона мене не ми беше лош. Песната со Малума не сум ја чул. Човекот ко за на ред карпети, моделинг и слично е супер. Музиката не му ја слушам.
Ниту една песна на Мадона не ми се свиѓа освен оваа. Само упорно се труди да биде "ин" иако Аријана Гранде, Карди Б, Дуа Липа и поновиве ја фрлаат во сенка.
Сигурно музиката последниве неколку години е направена поради склучен договор со некоја музичка куќа. Иначе, тешко е сега Мадона да направи нешто повеќе од тоа што го има достигнато. Сите ѕвезди имаат одреден highlight во кариерата. Иначе, Парис Хилтон работи на нова музика. Во петокот излезе соработката помеѓу неа и Димитри Вегас и Лајк Мајк. Мислам дека имале намера да е некој лош хит, ама не знам колку ќе се прослави песнава. Може спотот со Ким што ќе излезе ќе ја дигне малку.
Убав глас има, ама со плејбеков во позадина звучи ко со микрофонот да фатиле нечиј муабет во публика. Најверојатно ќе научи да пее понатаму.
@IM.TMKQ, како што кажав, откако почнаа да ја даваат насекаде песната од Џастин и Ед, ми влезе во уво и повеќе ми се допаѓа.
Ајде нек се угоде! Кети Пери и Тејлор Свифт почнаа пак да зборат изглеа. Ми мириса работава на некој дует годинава.
И мене Тејлор не ми е нај нај Баш бичи, а се крие зад имиџот на слатка, невина, наивна и премила Ама по погледот се познава оти е љисиц Не ја слушам, ама немам ништо против неа како изведувач.
Види,она сака да излегува само со познати момци,ги врти некое време,па ги менува ко чорапи,и потоа си прави тн.,хитчиња во кои секогаш они се криви за раскинувањата.Она е едно самобендисано и размазено дериште. Гласот не ѝ е лош,ама има далеку подобри пејачки од неа.